Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2584938 пати)

Отсутен nikola98

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
  • The best or nothing.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14370 на: 13 Јули 2026, 13:29:12 pm »
Дали мвр има официјална информација како да се постапи во следнава ситуација:

Чекаш на семафор (со сејф сити за црвено светло) и позади тебе доаѓа возило со ротација (нека е брза помош). Ти поминуваш на црвено, за да му ослободиш пат на возилото, и се враќаш назад во линија. Камерата те регистрира со прекршок за поминување на црвено светло?

Како човек да постапи, а да не изгуби ден од работа, и 4-дневно трчање како дечкото од фб?

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1169
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14371 на: 13 Јули 2026, 15:01:19 pm »
Законски не треба да го пушташ и да пројдеш на црвено, мора и он да чека.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2178
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14372 на: 13 Јули 2026, 15:09:20 pm »
Заради оваа ситуација почнав да оставам пола кола кола предност пред мене на семсфор и да дојде до ваква ситуација да можам да се искосам тргнам доколку и другите позади мене го прават истото.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15223
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14373 на: 13 Јули 2026, 15:31:49 pm »
Ако добро се сеќавам министерот објаснуваше дека ќе можи да се прегледаат снимките и да се поништат казните во одредени услови.
Ваков случај е баш во тие услови.Колку тоа би функционирало во пракса не знам.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7177
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14374 на: 13 Јули 2026, 15:45:11 pm »
Законски не треба да го пушташ и да пројдеш на црвено, мора и он да чека.
Возило со ротација треба да го пропуштиш


Sent from my iPhone using Tapatalk

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14375 на: 13 Јули 2026, 16:21:56 pm »
Ако добро се сеќавам министерот објаснуваше дека ќе можи да се прегледаат снимките и да се поништат казните во одредени услови.
Ваков случај е баш во тие услови.Колку тоа би функционирало во пракса не знам.

Ќе функционира, ама значи дека ќе изгубиш 2-3 дена од работа.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4099
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14376 на: 13 Јули 2026, 16:38:50 pm »
Законски не треба да го пушташ и да пројдеш на црвено, мора и он да чека.
Тестови полагаше?
Јас се имам тргнато и вратено од пола раскрсница ама ништо не ми стигна.
Подобро еден ден да изгубам со докажување него некој животот да го изгуби …


Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3493
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14377 на: 13 Јули 2026, 16:52:36 pm »
Законски не треба да го пушташ и да пројдеш на црвено, мора и он да чека.
Тестови полагаше?
Јас се имам тргнато и вратено од пола раскрсница ама ништо не ми стигна.
Подобро еден ден да изгубам со докажување него некој животот да го изгуби …


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ако системот е поставен да се губи живот не е моја работа да изигравам супер херој. Моја работа е да се грижам за доброто на мене и на моето семејство..

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4099
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14378 на: 13 Јули 2026, 17:14:25 pm »
Законски не треба да го пушташ и да пројдеш на црвено, мора и он да чека.
Тестови полагаше?
Јас се имам тргнато и вратено од пола раскрсница ама ништо не ми стигна.
Подобро еден ден да изгубам со докажување него некој животот да го изгуби …


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ако системот е поставен да се губи живот не е моја работа да изигравам супер херој. Моја работа е да се грижам за доброто на мене и на моето семејство..
Системот е сегде ист,кај и да поминеш на црвено ке те регистрира дека си поминал!Демек во германија нема да треба да се објаснуваш или да губиш ден од работа?
Со вакво ограничено мислење сме стигнати до кај што сме.Да не даде бог да ти е некој близок во брзата помош па некој како тебе заостанат да не ја пропушта пошто ке требал ден да губи да се објаснува по институции!


Sent from my iPhone using Tapatalk
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1910
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14379 на: 13 Јули 2026, 17:19:47 pm »
Дали мвр има официјална информација како да се постапи во следнава ситуација:

Чекаш на семафор (со сејф сити за црвено светло) и позади тебе доаѓа возило со ротација (нека е брза помош). Ти поминуваш на црвено, за да му ослободиш пат на возилото, и се враќаш назад во линија. Камерата те регистрира со прекршок за поминување на црвено светло?

Како човек да постапи, а да не изгуби ден од работа, и 4-дневно трчање како дечкото од фб?

Јас колку што знам секоја казна се прегледува, затоа некогаш не стига веднаш пораката туку после неколку дена.
Верувам дека ако пропуштиш брза помош и се тргнеш или згазиш линија ништо нема да ти стигне, и да стигне ќе се жалиш и нема да платиш казна.

Многу е себично да не се тргнеш на брза помош од страв за казна. Нареден пат може да сум јас, ти, твој или мој близок во брзата помош и не би ми било сеедно ако некој копук од страв не се помести две метра напред назад лево или десно.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3493
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14380 на: 13 Јули 2026, 17:53:02 pm »
А кај прочитавте страв од казна. Јас да влезам во раскрснциа свесно на црвено е ризик за мене и сите останати во возилото..

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30755
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14381 на: 13 Јули 2026, 17:56:08 pm »
Ако си прв на раскрсница во таква ситуација, и има шанса да те фати камера со тоа што ќе пројдеш на црвено, највеќе што може да се случи е да отидеш 3-4 метри напред и во страна. Никаков ризик не е тоа.

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2541
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14382 на: 13 Јули 2026, 18:00:09 pm »
Дали мвр има официјална информација како да се постапи во следнава ситуација:

Чекаш на семафор (со сејф сити за црвено светло) и позади тебе доаѓа возило со ротација (нека е брза помош). Ти поминуваш на црвено, за да му ослободиш пат на возилото, и се враќаш назад во линија. Камерата те регистрира со прекршок за поминување на црвено светло?

Како човек да постапи, а да не изгуби ден од работа, и 4-дневно трчање како дечкото од фб?

Јас колку што знам секоја казна се прегледува, затоа некогаш не стига веднаш пораката туку после неколку дена.
Верувам дека ако пропуштиш брза помош и се тргнеш или згазиш линија ништо нема да ти стигне, и да стигне ќе се жалиш и нема да платиш казна.

Многу е себично да не се тргнеш на брза помош од страв за казна. Нареден пат може да сум јас, ти, твој или мој близок во брзата помош и не би ми било сеедно ако некој копук од страв не се помести две метра напред назад лево или десно.

Муабетот е дека треба да се развие онлајн систем за проверка и поднесување жалба за казни, не да не се тргнеш. Секој човек со бар малку емпатија и осет ќе се тргне.

Многу е едноставно, внесуваш матичен број, добиваш верификација на мејл дека си се најавил, потврдуваш, си ги гледаш сите платени и неплатени казни, за неплатените едно копче Поднеси жалба, со текстуално поле за опис зошто поднесуваш жалба.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18127
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14383 на: 13 Јули 2026, 18:05:12 pm »
Најчесто треба да го прегазиш пешачкиот премин за да ослободиш место за возило позади тебе, не и да навлезеш целосно во раскрсница.

А за ставовите на членот... Доволно е дискутирано. Не си трошете тастатури за џабе.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3493
  • Хюндай Тюсон
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14384 на: 13 Јули 2026, 18:10:57 pm »
И на крајот од денот по закон е нелегално да поминеш на црвено без изречна наредба од сообраќаец.. Возило со ротација позади тебе не значи дека треба да поминеш на црвено.