Ова со возилава излепени со бели лепенки ме потсете на будалијанедна од периодо ко беше калкурница за вадење нови документи.
Заради распоред за сликање за пасош во станицата во Чаир, ајде ќе одиме во Чаир. Го паркирав пасато на тој тротоаро таму кај што не треба... ојме кај таа бараката за сликање, глеам сенки таму.
Ни пет ни шес ни седум ни осум... го врзав Дорчо под сенките, до едно џандарско Јети.
Си врви стражар со автомацка, ме подиспуле малку, ама ништо не ми рече. За чекање еден куп, а истиот ден требаше да ги вадам таблиците од пасато и со рејз да ги носам во Битола, да ги одјавам...
Врви времето, редицата по малку се движи, а времето за рејз фаќање се смалува...
Ај си викам дури сум тука да видам како се прицврстени таблиците, за ко ќе си одам дома да не губам многу време, да ги средам одма, в торба и на рејз.
И си вадам штравцигерчиња ова она, си чепкам под сенка, во круго на џандарската во Чаир...
Лесно се ваделе бе, ги извадив и пак ги ставив, 1 минута работа.
Стражаро со автомацката си врти кругој и ме гледа...
Од досада ги испулив сите коли наоколу, никој шо се слика не замина со кола... ко гледам сите на вратите со бели лепенки, запленети... сите до една освен мојава и Јетито џандарско шо немаше лепенки... упс

Завршивме работа, напраја кадро сликарите, треба да се фаќа магла...
Излегувам полека полека од круго со запленети возила со Дорчо мој, полека како мачор што се ложи на колбаси... Стигнувам до излезо од џандарската, стражаров се џари ли се џари, ама не реагира... гас да ме нема.
Шо си вика:
- Мајката кој можи да е овај, со битолски таблици, се бувна во кругов, мува не го лази, излегва, мува не го лази... бегај остај го, којзнај кој е... сигурно не е некој што не знај кај тера...
И така си ја извајв колата од кругот со запленети возила.