Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2202588 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13650 на: 09 Април 2025, 19:09:49 pm »
Влече кон прилепско-битолски дијалект.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9033
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13651 на: 09 Април 2025, 19:17:41 pm »
Битолско-селски дијалект, мој оригинален :)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7363
  • French diamond
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13652 на: 09 Април 2025, 20:13:10 pm »
Немате сколија вие скопјани за битолски да разбирате   ;D

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13653 на: 09 Април 2025, 21:33:09 pm »
Немате сколија вие скопјани за битолски да разбирате   ;D

Ама имаме аеродром.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 850
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13654 на: 09 Април 2025, 22:12:41 pm »
Битолско-селски дијалект, мој оригинален :)
Има нешто што се вика култура, пиши убаво да те разбереме сите.
Не мора граматички точно, ама ако самите не си го почитуваме сопствениот јазик како да очекуваме некој друг да ни го почитува.
Имај си ти диалекти колку и какви сакаш, ова е јавно место, треба да има одредено ниво на култура кон другите членови.
Зборот рејз го немам слушнато 20+ години, од последен пат кога зборував со баба ми. Некој од помалите генерации не ни знаат што значи.
Срдечен поздрав.


Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13655 на: 09 Април 2025, 22:25:29 pm »
Де бе па ти се зезаше човекот. Скопски, Битолски, Охридски, Кумановски, се се тоа наши луѓе. Еден народ сме да го е..м, шо е битно кој на каков дијалект збори.

Кавадарчани, на пример,  не знам дали им е од ракијата ама позабавен дијалект од нивниот не постои.


Присутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3384
  • Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13656 на: 09 Април 2025, 22:25:32 pm »
вац гоинг он
Доктор наукa по светско признато знаење Џемс PhD

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13657 на: 09 Април 2025, 22:41:46 pm »
На некој начин култура е и негување и изразување на различни дијалекти.
Во случајов дијалектот е применет како стилски израз и низ таа призма го направи настанот поинтересен.

Повеќе ми пречат странцизми со изменето значење, како пред некое време еден министер најави некакви реформи при што би имало 2 различни видови матичен лекар, семеен и фамилијарен.
Па понатаму излезе дека семејство било потесен круг од фамилија, а фамилија поширок круг од семејство.

Или па хрватското ПРЕнемагање, како своевиден суперлатив, при што се добива предобро наместо одлично.

Или па работата ќе отиде дотаму да некој ќе каже преблиску сакајки да долови позитивно значење, а всушност е начин на изразување на негативност.
Значи преблиску, предалеку, пресолено, прекисело..., сето тоа е  изразување на негативност.

ПС сите тие што ќе кажат/напишат предобро наместо одлично се новонастаната раса северџани
« Последно менување: 09 Април 2025, 22:50:58 pm Mikius »

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13658 на: 09 Април 2025, 22:55:57 pm »
На некој начин култура е и негување и изразување на различни дијалекти.
Во случајов дијалектот е применет како стилски израз и низ таа призма го направи настанот поинтересен.

Повеќе ми пречат странцизми со изменето значење, како пред некое време еден министер најави некакви реформи при што би имало 2 различни видови матичен лекар, семеен и фамилијарен.
Па понатаму излезе дека семејство било потесен круг од фамилија, а фамилија поширок круг од семејство.

Или па хрватското ПРЕнемагање, како своевиден суперлатив, при што се добива предобро наместо одлично.

Или па работата ќе отиде дотаму да некој ќе каже преблиску сакајки да долови позитивно значење, а всушност е начин на изразување на негативност.
Значи преблиску, предалеку, пресолено, прекисело..., сето тоа е  изразување на негативност.

ПС сите тие што ќе кажат/напишат предобро наместо одлично се новонастаната раса северџани

За да се раса пред се треба да се луѓе.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10330
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13659 на: 09 Април 2025, 22:58:42 pm »
Малку провоцирам ;)

Нека се замислат тие што сакаат да кажуваат "јаооо, па то је предобро јебо те предобро :)
« Последно менување: 09 Април 2025, 23:07:16 pm Mikius »

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9033
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13660 на: 10 Април 2025, 00:48:01 am »
"За македонцките работи" -
"Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?"
-Крсте Петков Мисирков - Некултурниот.

"Смеењето е една од најсериозните работи"
- Терминатор 2



Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6911
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13661 на: 10 Април 2025, 00:56:18 am »
Битолско-селски дијалект, мој оригинален :)
Има нешто што се вика култура, пиши убаво да те разбереме сите.
Не мора граматички точно, ама ако самите не си го почитуваме сопствениот јазик како да очекуваме некој друг да ни го почитува.
Имај си ти диалекти колку и какви сакаш, ова е јавно место, треба да има одредено ниво на култура кон другите членови.
Зборот рејз го немам слушнато 20+ години, од последен пат кога зборував со баба ми. Некој од помалите генерации не ни знаат што значи.
Срдечен поздрав.



Баш е убаво да знаеш дијалекти и е ок кога некој зборува дијалекти. И колку зборови има што ќе ги слушнеш за прв, пример во Охрид ако нешто му работиш, ќе те праша што ми рошкаш :D
И нема ништо лошо во тоа.
Тек со струмичани да фанеш да лафеш, ќе те заболе куремо од смеење :D (а куремо не е она што некој ќе помисли, струмичани си знаат)

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2546
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13662 на: 10 Април 2025, 08:16:36 am »
Во средно имав сокласник од Струмица и сокласник од Куманово.
Јас им бев „преведувач / медијатор“. Јазичниот Метју Нимиц  :-X

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9033
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13663 на: 10 Април 2025, 08:29:53 am »
Во Скопје каде во било која "државна" установа да влезиш ќе затекниш јазик на "латиница", пола од населението зборува на "латиница", ама навреда е да зборуваш на македонски дијалект, некултурно е, непочитување на својот јазик :)
На времето на факултет, па и во војска, дел од забавата беше комуникацијата на различни македонски дијалекти :)
П.С. Децата денешни многу работи не знаат од јазикот наш насушен, или зборуваат со милион странцизми или зборуваат на странски.
Не мислам дека кривицата за тоа се состои во македонските дијалекти.
« Последно менување: 10 Април 2025, 08:35:19 am Ipkisija Meskosa »

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10595
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13664 на: 10 Април 2025, 09:01:23 am »
Курем-стомак. Тера-бара, в'на-волна.
Ќе се испотепаме да нучиме накој странски казик, а дијалективе не си ги знаеме.
Чај, ќебап, дистинкција, уње, хауба, куплунг..