Проблем:
Без претходни индикации, едно сабајле на 15 степени, колата не сакаше да запали, и чудно ми верглаше.
Акумулатор ОК, и на компјутер од 460mbar притисок на гориво, на палење стигаше до 300+mbar и немаше услови да запали.
Ја запалив со побрз обид од последното неуспешно палење за да не падни притисокот на 0 туку до 100ка па стигна до 400+,
меѓутоа моторот не крева вртежи, се гуши се двоуми одвај до 1500рпм.
Во лер работи на 230мбари и е до некој степен „стабилна“ работата. Газам трокира, чади, смрди на асупух.
Од РедАуто љубезно ме одбија со муабетот, носи ја на бошист. Па со шлеп на бошист.
Бошистот вика не би требало да е до дизните, и да се затнати треба да крева обртаи а и на 30степени, ко ќе е потопло ми пали одма.
Си идам дома со 2-ра, 1000рпм 5км полека 20мин, загреа колата до дома ништо не смена, одвај си дојдов.
Извадив ЕГР, иако црн, немаше парчиња ќумур, го исчистив, враќам, палам, уште полошо, одвај држи во лер, вртежите паѓаат и до 600 а треба 800.
Назад чади корни уште полошо, како на видеото, и сега ич не прима туража, се бори за живот моторот.

Вадам ЕГР џекот, палам, по старо, држи лер „ок“ ама пак не креваат обртаите, и не чади ко локомотива, осве ко ќе му дадам гас почнува по малку.
Другиот ден одам 1км и назад до Шварцот за боја да прочита, со исклучен ЕГР, 1-2-ра брзина под 1000рпм, одвај се движам и назад едно време црнила чадат бавно,
ја прибирам дома, газам почна да прима нормално, проблемот го снема, фрле црнила како да се искашла и тргна работата.

Другиот ден пак палам, во ред со исклучен ЕГР, го приклучувам џекот, сеуште во ред. Ама до кога?

Грешка на дијагностика немам никаква, освен тогаш ко ја запалив „насила“ фрле за регулаторот на притисок на гориво.
Прашањето е: шо му е по ваше?
Заб нема скокнато, пошто се оправи сама од себе, а моторот обратно не врти ко шо знам.
МАП сензорот дава ок вредности и ЕГР-от реагираше сооодветно, освен ко го исчистив на првото палење.
Немам сензор за протисок во издувот и О2 сензор, прилично е проста колава.
Дизна можно е да беше отворена? Или компјутерот е нешто заебан па грешно вбризгува? ЕГР-от не ми се верува да е пошто и со исклчуен ист беше проблемот.
Јутуб шортс не фаќа форумот(чади, земи воздух):
http://www.youtube.com/shorts/TPMsgB8hhqgОва е загреана ко се вратив дома од бошист со дефектот:
ОК вредности ко проработе нормално.