Ајде една случка од саботата да ви раскажам, можеби некој ќе научи или јас ќе научам нешто.
Грција по патот за Воден (Едеса) после Аминтео на отворен пат на
следната локација и слика ме измерија со 90км/ч, 40км/ч над дозволеното.

Патот е ограничен на 90км/ч, ама кај знакот е блага кривиниа и не се гледа раскрсницата, и само што го поминав него му излегов на нишан, јас отпуштив на гаста ама џабе, уште ~250м има до истата и можиш да успориш до неа макар и воз да се има превртено, ама тој муабет само вкоперација држи вода.
Казна 175€ и одземање на возачката за 60 дена.
Јас неук му ја дадов првин македноската а потоа ми ја побара интернационалната пошто оваа не му бркаше работа, ама сепак ми ги одзеде и двете оти јас глуп.
Рок на плаќање 15дена, во пошта во Лерин, и ќе ми се јават за подигнување на возачките за да ми кажат од каде или ќе ги подигнам од граница.
Заебаниот дел е што имам претчувство дека ќе ми ја загинат македноската и ќе ми го заебат почетокот на летото.

Поука, македонска возачка никако давање, интернационална тој што нема да си извади, и ако нешто пропуштив или направив грешно во ситуацијава,
некој со слично искуство убаво е да пиши, да кажи.