Ај да споделам, може на некој ќе му се најде..
Лани во јануари ме фатија за брзо возење, ме пукаа со 84 на дозволено 40. Еднаш ќе стиснам на гас, и ето..

На лице место само еднаш го замолив полицаецот да ми прогледа низ прсти, ама не упали. Си признав вина, си потпишав записник, уште истиот ден 50 поени си пишав..
Со тоа што, покрај поените, за ваков прекршок следува одземање на возачка од три до шест месеци.
Дури некни ми стигна поканата за суд.
Контактирав, преку врски, со полицијата и ми рекоа дека најлесно што може да поминам е со еден месец, на начин што судот да ја изрече таа санкција, а полицијата да не ја обжалува одлуката.
Уз муабет, со судијата разговарам како-што се случи, му објаснувам, си признав дека сум си крив, дека во принцип сум дисциплиниран возач, дека се погоди глуп сплет на околности, и замолив доколку постои можност да поминам бар со еден месец одземање на возачка.
Се погоди од мајка роден, изрече еден месец, при што ми напомена дека доколку од полицијата се жалат, може да биде и повеќе од три месеци.
Се согласив, пошто рачунам дека врската во полицијата, кога се информирав, ќе ми заврши работа.
Чекам пресуда да стаса, па ќе видиме.
Значи - може да се изрече санкција со помало траење од пропишаната, а најбитно е полицијата да не ја обжалува одлуката, што наводно често се дешавало.
Наравоучение - барајте врски прво во полиција, па кај судијата.