Ако те фатат дека ги поседуваш и двете возачки е тогаш мисли му ја... Иначе кој те лажел дека ја одземаат странската возачка на лице место додека не ја платиш казната? Можност за поени нема али ти си мк државјанин со адреса во мк...
Кој да ме фати? Во Швајцарија си возам со Швајцарската, т.е секогаш ја покажувам Швајцарската кога сум со кола на Швајцарски таблици.
Кога си возам у МК кола на Македонски таблици, си ја покажувам Македонската. Исто и надвор од Швајцарија, ако рентам кола, си ја користам Македонската.
Поради тоа и што сум државјанин на Македонија, нема право Швајцарија да ми ја поништи возачката на глобално ниво. Кај нив да, невалидна е, ама надвор од тоа сосем е валидна.
Али може Германците тераат друга политика, пошто они и двојно државјанство не дозволуваат, така да..
Како и да е, поентата ми беше дека сосем валидно е да си извадите повторно Македонска дозвола и да си ја користите надвор од Германија. Доколку сакате, нормално