Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2104023 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8460 на: 03 Јануари 2018, 22:42:35 pm »
Брз, затоа што сум малку постар од тебе, а комшиче си ми и гледам правиш грешки да ти кажам еден совет што не мора да го послушаш.
Се има почеток и крај, се раѓа расте достигнува врв опаѓа и умира, така е и со секој тренд каде што има брза пара. На времето кога актуелен беше франкфурт ти имаше околу 5-7год и не ги знаеш работите како одеа, колку бмв-а имаше на метар квадратен, колку пари се трошеа на вечер по жени, пиење итн итн. Тогаш пола велес мислеше дека тоа нема крај, ама сите се заебаа гадно, од сите тие мангупи не остана речиси ништо, освен 2-3ца кои изиграа паметно. Гледај да си ти меги тие 2-3ца кои што од трамп и хелти фуд и разни други лесни пари ќе имаат капитал во станеви, ниви, места околу велес кои што некогаш ќе вредат многу итн итн, немој утре еден ден да се раздени и да си останеш со бмв то и прстот у уста. Млад си знам дека ти се живее, ама и некој 70годишен да прашаш и него му се живее. Совет искористи ја шансата и направи нешто да си обезбеден за подолг период, оти на човек еднаш у животот му се пружаат 5те минути.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8461 на: 03 Јануари 2018, 22:47:51 pm »
Биткоинот е добар денес.

И етерумот е јак.


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8462 на: 03 Јануари 2018, 22:58:09 pm »
Нека има контроли само да не ме репнат шо немам резервни сијалички шо и така не знам да ги сменам. Друго све си терам според закон.
Братко и јас си терам се според закон, од ланци до сијаличе... ама кога не си исправен, не си...
А проба ли да подмачкаш?

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8463 на: 03 Јануари 2018, 23:15:11 pm »
Ноќеска во 00:36 си лапнав уште една казна за управување со возило кое има моќност поголема од 75кW и управување на возило после 23:00ч.
Казната е една да си знаете, не може да ве пишат за двете работи, казната е една и се вика возач почетник, безразлика кој прекршок го правите или двата наеднаш, казната е една. Сабајле бев да платам, 12360 денари со ПП 50 уплатница се уплаќа во банка/пошта. Нека е аирлија 2018-та и нека испаѓа што побрзо бугарскиот пасош. Да ти се посерам во државата. :)

Си заборавил во постот да го опцуеш жацото.

П.С Зошто само Индиго му клава лајкови? Делат иста судбина или?
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11063
  • Ќybriт Pro Max
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8464 на: 03 Јануари 2018, 23:23:02 pm »
Двајцата се осудени да возат појаки  коли од колку што дозволува законот.
Ама па и двајцата се појаки од законот и ќе си ги плаќаат казните пошто државата е крива.
Истите да ги пратиш во Америка на пиво, кога ќе ги репнат дека пијат а се под 21 и Америка нема да им чини.

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8465 на: 03 Јануари 2018, 23:25:12 pm »
Да не бегаме од темата дечки.. Случки со полиција, казни судови...
Дали некој од вас одел на суд и добил поништување на казна? Денес уз муабет слушнав нешто демек приговор се правело за одреден вид казни, каде што можело да се направи “ревизија”... Ова за казните од типот поминување на црвено, непрописно паркирање....

Отсутен BrziGonzalez

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1298
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8466 на: 03 Јануари 2018, 23:26:32 pm »
Двајцата се осудени да возат појаки  коли од колку што дозволува законот.
Ама па и двајцата се појаки од законот и ќе си ги плаќаат казните пошто државата е крива.
Истите да ги пратиш во Америка на пиво, кога ќе ги репнат дека пијат а се под 21 и Америка нема да им чини.
Си имаме маки, си крекаме😂... Ја сум свесен за овие работи и не се замарам..

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7230
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8467 на: 03 Јануари 2018, 23:49:59 pm »
Двајцата се осудени да возат појаки  коли од колку што дозволува законот.
Ама па и двајцата се појаки од законот и ќе си ги плаќаат казните пошто државата е крива.
Истите да ги пратиш во Америка на пиво, кога ќе ги репнат дека пијат а се под 21 и Америка нема да им чини.
Си имаме маки, си крекаме... Ја сум свесен за овие работи и не се замарам..
Brzi, дај Боже да поминат години и да се најдеш на страната на Марјан, Зеро, мене и другите што се трудиме да те спуштиме малце на земја додека не е касно.

Не се проблем парите, ниту казните, ниту законите. Момчињата на Јужен булевар во Скопје исто немаа проблем со горенабројаните работи, друг беше проблемот, немаа памет, а тоа ги кошташе живот, сите петорица.

Полека, успори малце, ќе има време и за брзи коли и за казни и за пари, ама друг живот немаш, тој е, еден е!

Како што кажа Зеро, паметот на 20 и на 35 не е ист, кога ќе седнеш во кола и кога ќе помислиш дека некој те чека дома и ти се радува дека доаѓаш и дека  ти си за него се на светот и нема ништо друго освен тебе, тогаш ќе успориш, ќе се преиспиташ два пати пред да направиш некоја глупост.

И јас не го разбирав ова на 20 години, ама го разбирам сега, и сите ние правевме глупости на твои години, ама имавме лимити, летавме, ама ниско. Некои отидоа подалеку и предалеку, гледај само да не бидеш дел од нив. Стрпи се, има време за се во животот, само треба да го живееш, многу повеќе ќе пропуштиш од брзи коли, беснеење и лудување.

Прочитај се уште еднаш со ладна глава и чувај се подалеку од глупости.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8468 на: 04 Јануари 2018, 00:02:40 am »
@AUUU проблем се казните оти не се санкциски, еднаш те фаќаат ќе си ја платиш како дружето втор пат треба одземање возачка година дена и мислам дека нема да има потреба за трета казна, уште еднаш те фаќаат на забрана кај шо управуваш мрш назад од 0 на автошкола и се е решено,  вака е само тој шо има пари да си игра курташак
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8469 на: 04 Јануари 2018, 00:14:35 am »
Како у германија само, може нема лимит на коњажа, ама баш летово слушав некој у минхен на леополд штрасе возел 150 и останал без возачка, се зезаат овие на радио се надеваме дека ќе си купи точак што оди толку брзо. ;D

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 455
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8470 на: 04 Јануари 2018, 10:32:58 am »
Да не бегаме од темата дечки.. Случки со полиција, казни судови...
Дали некој од вас одел на суд и добил поништување на казна? Денес уз муабет слушнав нешто демек приговор се правело за одреден вид казни, каде што можело да се направи “ревизија”... Ова за казните од типот поминување на црвено, непрописно паркирање....

еден познаник го имаат „помилувано“ на суд за ваков прекршок (киловати)... но немора да значи и не смееш да спиеш на тоа уво бидејќи може уште поскапо да те чини казната. казнените поени ги потроши ли?

Brzi, дај Боже да поминат години и да се најдеш на страната на Марјан, Зеро, мене и другите што се трудиме да те спуштиме малце на земја додека не е касно.

Не се проблем парите, ниту казните, ниту законите. Момчињата на Јужен булевар во Скопје исто немаа проблем со горенабројаните работи, друг беше проблемот, немаа памет, а тоа ги кошташе живот, сите петорица.

Полека, успори малце, ќе има време и за брзи коли и за казни и за пари, ама друг живот немаш, тој е, еден е!

Како што кажа Зеро, паметот на 20 и на 35 не е ист, кога ќе седнеш во кола и кога ќе помислиш дека некој те чека дома и ти се радува дека доаѓаш и дека  ти си за него се на светот и нема ништо друго освен тебе, тогаш ќе успориш, ќе се преиспиташ два пати пред да направиш некоја глупост.

И јас не го разбирав ова на 20 години, ама го разбирам сега, и сите ние правевме глупости на твои години, ама имавме лимити, летавме, ама ниско. Некои отидоа подалеку и предалеку, гледај само да не бидеш дел од нив. Стрпи се, има време за се во животот, само треба да го живееш, многу повеќе ќе пропуштиш од брзи коли, беснеење и лудување.

Прочитај се уште еднаш со ладна глава и чувај се подалеку од глупости.

вие мешате баби и жаби. ЗОШТО да го „спуштате“ на земја?? За да не си ја вози СОПТСТВЕНАТА кола притоа почитувајќи ги сообраќајните правила? Тие што се утепале на јужен булевар возеле пребрзо, ако имаш кола која што има повеќе од 77 киловати, незначи дека автоматски возиш брзо. друга работа тоа што биднало на јужен булевар можело да се случи со било која кола без разлика на моќноста на моторот.



Имај си ти ставови. Можеби се погрешни, можеби не се. Во моментов, законот не ти одговара. Кога ќе имаш свое дете, и ќе треба да го пуштиш да вози, ќе ти одговара.

Каков бил курсот за полицаец, дали бил три месеци (а не е), дали бил три години, каква особа те казнува - тоа не треба да ти биде воопшто битно. Ти го прекршуваш законот. Пред законот си крив, и тоа по два основи. Биди среќен што проаѓаш со 200 евра. Плати си ги казните и ќути си.

Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Кога ќе има свое дете и ќе треба да го пушти да вози, законот нема да му одговара бидејќи ќе треба да купи уште една кола и да троши пари за истата.
« Последно менување: 04 Јануари 2018, 10:40:12 am Indigo »

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8471 на: 04 Јануари 2018, 10:52:26 am »
Сите го искаравте Брзи, ама едно заборавивте или барем јас не видов во постовиве.
Значи брзи не е казнет за брзо возење, туку за кола што била со повеќе киловати од дозволено. Добро некој погоре си пиша Страто или некој, дека со Матиз 120 да возиш е екстремно поопасно отколку 60 со БМВ.
Законот е реално гледано глуп до некаде, особено за киловатите или пак возач почетник. Ти и на 40 години да положиш и колата да ти е чисто од практични причини незнам раѓање дете, недајбоже ситоации, ти наредни две години значи до 42 години ќе си возач почетник што после 23 ќе е забрането да возиш и тн како и да е законот иако ти возиш најдефанзивно на цел свет.
Значи глупи закони имало и ќе има за жал, што од незнаење на тој кој ги носи, што од копи/пасте, што од намерно така донесени за некој да си лапне после пари за измена на закон, ама тоа не значи дека не треба да се почитува законот колку и да е глуп. Така да додека не се смени, тоа е тоа.
А реално поглупо од ова со киловативе е што дозволија деца од 16 години да полагаат за кола, па после мочковциве од македонскиве богаташи со коли во гимназија и тн и корозија на цело општество ... јбг

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1444
  • Eбач на батерии :D
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8472 на: 04 Јануари 2018, 11:08:52 am »
Ако сме малку реални, ретко некој што вози кола од 150kw да нема средства за друга. Во врска со законот не коментирам. Има деца кои едвај чекаат да добијат дозвола, има деца на богаташи кои за к*рчење само зимаат дозвола (фаца у градот). Било кој на 18-20г да види јака женска му се крева притисокот и така почнуваат глупостите или па кој повеќе и појак пијалок ќе испие.
@Indigo  уште колку време имаш до 2год возачко искуство?
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Indigo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 455
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8473 на: 04 Јануари 2018, 11:14:03 am »
Ако сме малку реални, ретко некој што вози кола од 150kw да нема средства за друга. Во врска со законот не коментирам. Има деца кои едвај чекаат да добијат дозвола, има деца на богаташи кои за к*рчење само зимаат дозвола (фаца у градот). Било кој на 18-20г да види јака женска му се крева притисокот и така почнуваат глупостите или па кој повеќе и појак пијалок ќе испие.
@Indigo  уште колку време имаш до 2год возачко искуство?

мојата кола не е 150kW а не верувам ни на Brzi да е толку (тоа се 204hp).. мојата Calibra од 150hp (110kW) ме чинеше 1300 eur кога ја купував, регистрирана со вграден атестиран landirenzo плински уред. Тоа што фрлив уште 1300 од мерак е друга приказна, колата беше пали вози кога ја купив. уште 1.5г имам до 2год. :D
како и да е, за таа цена се купува спарк, матиз, пунто или корса, за што сум прилично сигурен дека мојата калибра ќе ги надживее и има повисок степен на опрема. (ел на прозори/
 ретровизори, абс, клима, борд компјутер)
и да, и 106hp (78kW) да ти е колата, пак ти следува мандатен платен налог од 200 еур (без разлика денски или навечер)
« Последно менување: 04 Јануари 2018, 11:20:31 am Indigo »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8474 на: 04 Јануари 2018, 11:15:41 am »
мојата кола не е 150kW а не верувам ни на Brzi да е толку (тоа се 204hp).. мојата Calibra од 110hp (150kW) ме чинеше 1300 eur кога ја купував, регистрирана со вграден атестиран landirenzo плински уред. Тоа што фрлив уште 1300 од мерак е друга приказна, колата беше пали вози кога ја купив. уште 1.5г имам до 2год. :D

Обратно. :)