Двајцата се осудени да возат појаки коли од колку што дозволува законот.
Ама па и двајцата се појаки од законот и ќе си ги плаќаат казните пошто државата е крива.
Истите да ги пратиш во Америка на пиво, кога ќе ги репнат дека пијат а се под 21 и Америка нема да им чини.
Си имаме маки, си крекаме
... Ја сум свесен за овие работи и не се замарам..
Brzi, дај Боже да поминат години и да се најдеш на страната на Марјан, Зеро, мене и другите што се трудиме да те спуштиме малце на земја додека не е касно.
Не се проблем парите, ниту казните, ниту законите. Момчињата на Јужен булевар во Скопје исто немаа проблем со горенабројаните работи, друг беше проблемот, немаа памет, а тоа ги кошташе живот, сите петорица.
Полека, успори малце, ќе има време и за брзи коли и за казни и за пари, ама друг живот немаш, тој е, еден е!
Како што кажа Зеро, паметот на 20 и на 35 не е ист, кога ќе седнеш во кола и кога ќе помислиш дека некој те чека дома и ти се радува дека доаѓаш и дека ти си за него се на светот и нема ништо друго освен тебе, тогаш ќе успориш, ќе се преиспиташ два пати пред да направиш некоја глупост.
И јас не го разбирав ова на 20 години, ама го разбирам сега, и сите ние правевме глупости на твои години, ама имавме лимити, летавме, ама ниско. Некои отидоа подалеку и предалеку, гледај само да не бидеш дел од нив. Стрпи се, има време за се во животот, само треба да го живееш, многу повеќе ќе пропуштиш од брзи коли, беснеење и лудување.
Прочитај се уште еднаш со ладна глава и чувај се подалеку од глупости.