Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 237132 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #135 на: 20 Јуни 2014, 17:59:09 pm »
Кај мене е препорачано 2.3 напред, 2.1 назад, но сепак предните гуми изгледаат издишано. Заради заштита на бандажите по гостиварските дупки, пумпам 2.5 напред и 2.3 назад, и повторно гумите изгледаат така. :)

Како одговор на твоето прашање, ќе ти кажам дека возиш нестандардна димензија за твоето возило. Како стандардни 15 инчни гуми се водат: 195/55R15 и 195/60R15, но според проста логика, може да се заклучи дека 185/65R15 е еквивалент на 195/60R15, така да според оваа страница, твоите гуми кои имаат ист волумен со препорачаната димензија треба да се пумпаат на 32psi што е еквивалентно на 2.4 bar.
Допумпај уште 0.1, можеби и 0.2, и вози си. :)

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #136 на: 20 Јуни 2014, 18:01:29 pm »
Е ај и јас да поставам едно прашање  :) имам форд фокус 1,8 тдди 1999 год. прашањево го поставив и на др тема ама не добив конкретен одговор односно сите различно одговорија сакам да знам колку бари треба на фокусот да се пумпат гумите пошто е малку постар на него нема налепница препорачана од производителот носи гуми 185/65-R15 некои пишаа 2,2 некои 2,4 бари сите како што гледале на нет јас ги пумпам 2,3 ама некако ми се ко истишени предните додека задните се добро подигнати и незнам колку би тебало точно.

Доколу имате за ова информација ви благодарам поздрав.
Здраво Гоце

Добро прашање на кое нема црно-бел одговор туку нијанси на сиво.
Веруваме дека знаеш ама наше е да кажеме, притисокот на пневматиците може да биде варијабилен зависно од условите и употребата на автомобилот.
На пример, кога ќе заглавиш во снег/песок пневматиците се под-издишуваат за подобра тракција.
Доколку е често товарен, препорачливо е да притисокот биде под препорачаното; и тн...
Конкретно за твојов случај, ние кога испорачувавме такви модели на Focus предните пневматици ги сетиравме на 2.1 бари а задните на 2.2 бари поради тоа што голем дел од нив беа со караван изведба.
Притоа одлуката ја оставаме на тебе но имај во предвид,
повисок притисок - покруто возење и поголеми отскокнувања при нерамнини но и помала потрошувачка.
понизок притисок - помеко возење, помала контрола при оштри свиоци при висока брзина како и зголемена потрошувачка.
(ова важи за поголеми промени во притисокот, помали промени се незабележливи)
Кај тебе, 2.2 би било сосема ОК.
Доколку нешто не ти "штима" најпаметно е да ги провериш пневматиците да не имаат некакво оштетување или попуштање на структурата на пневматикот.

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #137 на: 20 Јуни 2014, 23:13:02 pm »
doktor MIDA GRAND MOTORS...

toa e tvojot odgovor? znaes, na forumov ima luge sto se razbiraat vo vozila i shto e normalno a shto ne.. slab ti e doktorlakot. ti pisav deka kolata taka pravi odkako e kupena pred nekolku meseci a togas bese poprilicno ladno...

denes shtopirav. 17 minuti+12 sekundi tocno. i ova e NORMALNO na ovie temperaturi koi se okolu (potocno) 23stepeni vo skopje?  shto ke bide koga ke otide preku 40? da kupime nekolku akumulatori za rezerva ako ne.. vo gepek ima mesto. bidejki sigurno ke vrti bajagi povise...  

prasanjeto mi bese postaveno povise kako posocuvanje na problem koj postoi a ti da odgovoris so potencijalno resenie i otkrivanje na nekakov ptoblem koj sekako vie ke si go sanirate bidejki kolata e ganc nova i e pod garancija... namesto toa, dobiv NEBULOZA od odgovor, normalno bilo tolku da vrti perka na OVIE temperaturi... so koe pravo sebesi se narekuvas doktor za vozila?

a da.. sega ke reces i deka si spomnal da dojdeme na proverka... bez gajle, na proverka ke ide i bez da kazes, a koga ke se detektira problemot i koga ke posocime i dokazeme deka ne e normalno tolku perkata da vrti, ke go vidime i tvojov doktorlak.
« Последно менување: 20 Јуни 2014, 23:27:30 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #138 на: 21 Јуни 2014, 10:26:57 am »
Бре, бре, бре..

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #139 на: 21 Јуни 2014, 10:51:03 am »
А баш почнав да се запрашувам зошто ги избегнувам неговите постови. Се потсетив, фала.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #140 на: 21 Јуни 2014, 13:35:42 pm »
doktor MIDA GRAND MOTORS...

toa e tvojot odgovor? znaes, na forumov ima luge sto se razbiraat vo vozila i shto e normalno a shto ne.. slab ti e doktorlakot. ti pisav deka kolata taka pravi odkako e kupena pred nekolku meseci a togas bese poprilicno ladno...

denes shtopirav. 17 minuti+12 sekundi tocno. i ova e NORMALNO na ovie temperaturi koi se okolu (potocno) 23stepeni vo skopje?  shto ke bide koga ke otide preku 40? da kupime nekolku akumulatori za rezerva ako ne.. vo gepek ima mesto. bidejki sigurno ke vrti bajagi povise... 

prasanjeto mi bese postaveno povise kako posocuvanje na problem koj postoi a ti da odgovoris so potencijalno resenie i otkrivanje na nekakov ptoblem koj sekako vie ke si go sanirate bidejki kolata e ganc nova i e pod garancija... namesto toa, dobiv NEBULOZA od odgovor, normalno bilo tolku da vrti perka na OVIE temperaturi... so koe pravo sebesi se narekuvas doktor za vozila?

a da.. sega ke reces i deka si spomnal da dojdeme na proverka... bez gajle, na proverka ke ide i bez da kazes, a koga ke se detektira problemot i koga ke posocime i dokazeme deka ne e normalno tolku perkata da vrti, ke go vidime i tvojov doktorlak.
1) Земи длабоко воздух.
2) Повтори го истиот процес три пати.
3) Почни да збориш/куцаш.
-Клуч до добра комуникација.

Прво, нормално е перката да работи и откако ќе го изгаснете возилото - таа и е една од намените. Ама кои сме ние да ти кажеме кога ти веќе знаеш - "се разбираш".
Додатно, според твето експертско мислење возилото не е во ред, има дефект а е во гарантен рок - додека ти седиш пред хауба со штоперица и мериш колку време врти перката наместо да го однесеш на сервис.
И за крај, нема никаков проблем да ти монтираме резервни акомулатори за перката да врти почесто и подолго - па ако треба ќе ставиме уште една.

Поздрав,
Докторот

П.С. Одговорот беше многу концизен ("нормално е - но донеси го да провериме"), предлагаме да провериш зборот "НЕБУЛОЗА" што значи пред да почнеш да мафташ со него по форуми.
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #141 на: 21 Јуни 2014, 14:07:38 pm »
Не ви навлегувам во вашата дискусија но озбилен ли си дека перката е нормално да работи 15-20 минути после гаснење на колата?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #142 на: 21 Јуни 2014, 14:24:09 pm »
Зависи од ситуацијата и условите, плус, дизел е. Во секој случај, одговорот си беше на место - нека отиде, ќе проверат. За тоа е сервис. Неозбилно и некоректно би било официјален сервис да нагаѓа.

Мене ми се случило ноќе, на прилично ладно време, перката да ми се уклучи на Голфот во оние последните 30 секунди додека маневрирам да паркирам. Системите што се користат не работат на „фиксни“ вредности - т.е., принципот не е „ако е повеќе од (измислувам) 90 степени вклучи ја перката.“ 89 степени не топло? Топло е. Комјутерот зема неколку различни фактори во предвид кога одлучува.
« Последно менување: 21 Јуни 2014, 14:59:39 pm zeroSignal »

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #143 на: 21 Јуни 2014, 14:53:26 pm »
Zdravo.   Prasanje do MIDA : kolku kosta EGR ventil za ford fiesta 1.6 tdci 90ks od 2005god.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #144 на: 21 Јуни 2014, 15:17:23 pm »
Не ви навлегувам во вашата дискусија но озбилен ли си дека перката е нормално да работи 15-20 минути после гаснење на колата?

Ако е озбилен тогаш има сериозен проблем. Перката не би требало да врти повеќе од 30 секунди кога ќе се изгаси моторот.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #145 на: 21 Јуни 2014, 15:44:01 pm »
Па јас го прашувам докторот дали е озбилен со тврдењето дека било нормално перката да работела и повеќе од 15 минути после гаснење на возилото... Јас мислам ако е озбилен дечкото нека си ја скине дипломата одма, едноставно нема теоретско објаснување зашто би работела перката 15 минути после гаснење на надворешни температури од само 20 степени.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #146 на: 21 Јуни 2014, 16:26:43 pm »
Добро, сфаќа некој овде дека се работи за претставник на овластен сервис и дека не може да претпоставува, бидејќи доколку некоја претпоставка негова не се воспостави за точна, јбг гравчињата не му се погодиле за гледање, тука сите ќе лечите фрустрации и комплекси на неговата лоша претпоставка.
Незнам што е толку нејасно, може и да е нормално може и не ама во секој случај претставникот од МИ-ДА советува за прецизна проценка на сомневањето да се појде во сервис.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #147 на: 21 Јуни 2014, 16:36:41 pm »
Абе кој стигна диплома лапна. ;D
Го искинаа чоекот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен TRPEE

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1542
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #148 на: 21 Јуни 2014, 18:11:33 pm »
Zamisli da mozese da se lecime na forum ili SMS mu pisuvas na doktorot. Ubavo si kaza doktorot da odat vo servis. Baska treba Plata da zeme doktorot,.a bes servis nema Plata :)

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #149 на: 21 Јуни 2014, 20:56:08 pm »
Јас имам фиеста 1.6 тдци одам дури до русија со неа и не ми се случило никогаш да ми се уклучи перката за овие 8 год, освен кога чекам на граница во голема гужва и тогаш се уклучува по 1-2 мин. имав порано југо перката му вртеше по 20 мин, но него му беше издуван моторот а тука се работи за ново возило чудно чудно.....