Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 237013 пати)

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Ford доктор за Ford прашања
« на: 21 Март 2014, 16:28:31 pm »
Имате Ford и имате прашања?
На располагање Ви се техничките лица од официјалниот сервис на Ford (Ми-Да Гранд Моторс) кои може да ги прашате за било што поврзано со Вашиот Ford автиомобил.
Повелете...

Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Присутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #1 на: 21 Март 2014, 16:47:26 pm »
Алал вера!

Големо браво за потегов!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #2 на: 21 Март 2014, 18:01:56 pm »
Поздрав и добредојдовте !!!

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #3 на: 21 Март 2014, 18:05:11 pm »
Секоја чест,браво!!!
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #4 на: 21 Март 2014, 18:31:41 pm »
Добредојдовте Форд. Убаво е што се приклучивте на форумот за да одговарате на прашањата во врска со квалитетот на вашите возила, сервисните интервенции, попусти и промоции.

Јас ќе го поставам првото прашање, каква е официјалната политика на Мида во врска со инсталација на плински уред на вашите возила?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17441
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #5 на: 21 Март 2014, 19:40:31 pm »
Јас ќе го поставам второто прашање, а ќе биде како предлог за да ја улепшате темава.

Колку ќе чини првиот редовен сервис за 2013 Ford Fiesta 1.4 TDCi? (Во вашиот прв пост можете да ја додадете сликата во која ги имаше цените).

Поздрав, и пријатен престој на форумов. Се гледаме на 1/2 Април.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13837
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #6 на: 21 Март 2014, 19:45:32 pm »
Голем поздрав до МИДА :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #7 на: 21 Март 2014, 19:47:24 pm »
И од мене браво за потегов, добредојдовте. :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2836
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #8 на: 21 Март 2014, 19:49:05 pm »
Добродојдовте на форумот иако имам многу лошо искуство со вас.....ке ви ја подржам идејата што ја имате

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #9 на: 24 Март 2014, 09:38:06 am »
Здраво на сите :)
Јас ќе го поставам второто прашање, а ќе биде како предлог за да ја улепшате темава.

Колку ќе чини првиот редовен сервис за 2013 Ford Fiesta 1.4 TDCi? (Во вашиот прв пост можете да ја додадете сликата во која ги имаше цените).

Поздрав, и пријатен престој на форумов. Се гледаме на 1/2 Април.
Цена за редовен сервис со <Масло (Ford Castrol Magnatec), Ф. Масло, Ф. Воздух, (Р. Рака е бесплатна за прв сервис)> 4,300 ден
---------------------------------
Добредојдовте Форд. Убаво е што се приклучивте на форумот за да одговарате на прашањата во врска со квалитетот на вашите возила, сервисните интервенции, попусти и промоции.

Јас ќе го поставам првото прашање, каква е официјалната политика на Мида во врска со инсталација на плински уред на вашите возила?
Доколку не е EcoBoost (турбо бензинец) Ford автомобилот слободно може да инсталирате плински уред. Доколку е ново возилото или сеуште во гаранција можеме да инсталираме плински уред без да ја наруши фабричката гаранција.
---------------------------------
Добродојдовте на форумот иако имам многу лошо искуство со вас.....ке ви ја подржам идејата што ја имате
Ако е нешто тазе кажи ни слободно да интервенираме и да скршиме некоја кичма :) во спротивно нека биде "вода под мостот" и кажи како може да ти искочиме во пресрет.

Благодариме за отвореноста и гостопримливоста!

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #10 на: 24 Март 2014, 10:00:45 am »
Добредојдовте! Убав потег од ваша страна. Се надевам дека ќе има некој кој често ќе ја следи темава и ќе дава одговори. Добро би било кога имате било какви попусти, промоции, акции да не информирате и тука.

Имам едно прашање.  До кога трае попустов за редовен сервис?

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #11 на: 24 Март 2014, 11:32:24 am »
Добредојдовте! Убав потег од ваша страна. Се надевам дека ќе има некој кој често ќе ја следи темава и ќе дава одговори. Добро би било кога имате било какви попусти, промоции, акции да не информирате и тука.

Имам едно прашање.  До кога трае попустов за редовен сервис?
Здраво Alex

Моментално работиме на систем каде што на нашата страна ќе може да внесете VIN (број на шасија) и да ги добиете сите промотивни акции кои се достапни за Вашето возило со што ќе имате јасна слика за конкретни понуди и точни цени. До тогаш промотивната акција за редовен сервис ќе биде достапна; ваква каква што е. Исто така и потоа ќе биде достапна заедно со промотивни акции за ремени, брисачи, мал сервис и тн - само што неможеме да ја гарантираме истата цена поради тоа што не е финализиран проектот...
Моментот кога оваа функционалност ќе постане активна ќе ве информираме тука.

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен timoha

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 77
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #12 на: 24 Март 2014, 18:46:04 pm »
Добредојдовте! Ајде и јас да прашам, колку кошта компјутерска дијагностика кај вас за форд фиеста 1.6тдци?

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 309
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #13 на: 24 Март 2014, 20:49:24 pm »
Здраво МИДА,

Што би ме советувале за проверка или евентуална замена на ланче (chain timing belt) за Mondeo 2.0 TDDi? Моторот има 200 000 и мислам никогаш не е менувано.

Поздрав

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #14 на: 25 Март 2014, 15:55:27 pm »
Добредојдовте! Ајде и јас да прашам, колку кошта компјутерска дијагностика кај вас за форд фиеста 1.6тдци?

Компјутерска дијагностика за 1.6TDCi Ford Fiesta би ве чинело 960 денари.

Здраво МИДА,

Што би ме советувале за проверка или евентуална замена на ланче (chain timing belt) за Mondeo 2.0 TDDi? Моторот има 200 000 и мислам никогаш не е менувано.

Поздрав

Неможе да се провери состојбата на ланчето но според изминатите километри досега би требало да биде променето, притоа би те советувале да го промениш поради тоа што може поголеми компликации да настанат доколку "попушти"

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk