Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 237130 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #150 на: 21 Јуни 2014, 21:09:38 pm »
Кај мене досега не се случило перката да продолжи да работи откако ќе го изгасам моторот.

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #151 на: 21 Јуни 2014, 23:36:49 pm »
Јас имам уште едно прашање до Мида за мојот форд фокус 1,8 тдди 99г незнам дали е некој проблем или се јавува истото кај сите возила кога стои колата подолго време незапалена пример една вечер утрото кога ќе ја подигниш шипката за проверка на маслото, маслото е повеќе од мах ја палам поработува некое време или извозувам 10-20км стои пола сат и проверувам покажува помеѓу min i max во колава собира 5,6л масло кога менував турив 5,2л си помислив да не го меша со нешто ама секогаш е истото ниво кога ќе стои над мах или пак кога ќе поработи секогаш е истото ниво меѓу min и max прашањево ми зошто варира маслото или пак да не е вишок масло да не дојди до некаков проблем пример при поголем притисок поголеми обртаи да не дојди до пукање на блок или некои др компликации или пак сето ова е нормално при подолго стоење?

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #152 на: 21 Јуни 2014, 23:47:42 pm »
200gr повеќе и ништо, инаку таа собира рамно 5литра со филтер да си знаеш, повеќе не и треба ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #153 на: 21 Јуни 2014, 23:55:46 pm »
200gr повеќе и ништо, инаку таа собира рамно 5литра со филтер да си знаеш, повеќе не и треба ;)

Во спецификација стои 5,6л јас кога турив гледав на шипка негде на средина да биди и така собра 5,2л

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #154 на: 22 Јуни 2014, 15:16:44 pm »
5 литра собира, нешто си згрешил, и затоа кога одстои ти е над макс уљето, твојо е 116коња нели, тој и 90конскиот исто собираат т.е 5 литра ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #155 на: 22 Јуни 2014, 16:16:26 pm »
Ти си му стаил уље ко за v8 мотор :D

Отсутен ^Goce^

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #156 на: 22 Јуни 2014, 16:47:33 pm »
Прашањево ми беше зошто варира нели сегогаш треба исто да покажува еве и да сум згрешил тие 200 грама ќе ги испуштам ама не ми е јасно оти еднаш покажува дад еднаш под max  ???

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #157 на: 22 Јуни 2014, 17:22:26 pm »
Другар за пола саат неможи да ‘слези‘ цело масло во картерот,затоа ти покажува измеѓу мин. и макс...Додека како шо кажуваш,наутро кога ја проверуваш цело масло е долу во картерот и покажува повеќе масло.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #158 на: 23 Јуни 2014, 02:51:31 am »
Прашањево ми беше зошто варира нели сегогаш треба исто да покажува еве и да сум згрешил тие 200 грама ќе ги испуштам ама не ми е јасно оти еднаш покажува дад еднаш под max  ???

Уље се проверува кога моторот има постигнато работна температура, го гасиш, чекаш 5 мин, потоа проверуваш.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #159 на: 23 Јуни 2014, 02:54:27 am »
А зашто не на ладен, отстоен мотор неколку часа кога целото уље е во картер ? Кога нешто е загреано, како резултат на загреаноста, молекулите се рашируваат, додека на ладно се собираат.
Плус за 5 минути нема шанси целото уље да се врати во картерот.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #160 на: 23 Јуни 2014, 03:08:52 am »
По некоја логика ако ти е уљето на максимум кога е ладно, тогаш кога ќе ќе загрее ќе биде над максимум.
А за 5 минути не ми јасно зошто.

Така пишува на секој пирачник за употреба од возило или моторцикал, што сум го сретнал.
« Последно менување: 23 Јуни 2014, 04:16:51 am karajann »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #161 на: 23 Јуни 2014, 10:34:49 am »
Загреаното масло не смее да надмине над максимум. А 5 минути се доволно време, загреаното масло комплетно да слезе во картерот.

Затоа секое упатсво кажува дека се проверува на загреан изгаснат мотор, по 5 минути.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #162 на: 23 Јуни 2014, 17:34:09 pm »
Не ви навлегувам во вашата дискусија но озбилен ли си дека перката е нормално да работи 15-20 минути после гаснење на колата?
Нормално е да работи откако ќе го изгаснете возилото, многу јасно дека не е нормално да работи 17мин и 12сек... Никој не кажа дека е нормално да работи 15-20 мин после гаснење на автомобилот.

Зависи од ситуацијата и условите, плус, дизел е. Во секој случај, одговорот си беше на место - нека отиде, ќе проверат. За тоа е сервис. Неозбилно и некоректно би било официјален сервис да нагаѓа.

Мене ми се случило ноќе, на прилично ладно време, перката да ми се уклучи на Голфот во оние последните 30 секунди додека маневрирам да паркирам. Системите што се користат не работат на „фиксни“ вредности - т.е., принципот не е „ако е повеќе од (измислувам) 90 степени вклучи ја перката.“ 89 степени не топло? Топло е. Комјутерот зема неколку различни фактори во предвид кога одлучува.
Не наоѓаме задоволство нитупак потреба да напаѓаме луѓе по форуми, тоа не ни е целта. Но ако некој неадекватно комуницира и пљука непотребно и без аргумент (беше класичен "flame") на некој што е тука да му помогне повеќе е од јасно дека ќе го браниме својот став - ипак е форум...
Додатно подобро перката да работи подолго него пократко од тоа што му е потребно (сериозен проблем е ако воосшто не се вклучува), чисто поради тоа што дизел моторите развиваат високи температури кои може да наштетат на гумените компоненти од и околу моторот при мирување - во возење термодинамиката е друга поради струењето на воздух. Повторно, не е нормално да работи толку долго; можно е да разладната течност биде во недостаток или да не е со адекватните термодинамички својства, може патеката низ која се разнесува разладната течност да има некоја обструкција, сензорот да е отиден, осигурач да е прегорен, PCM-от да има проблем и тн... затоа постои сервисот.
Нема поента да му кажеме може да биде ова или може да биде она - а на крај да испадне трето. Поради тоа се оградуваме од дефектажи по форум (веб во глобала), не е можно да се изведе со сигурност дека тоа е проблемот.
И замисли, хипотетички - му дадеме дефектажа по форум и не искочи точна??? Па уште врз тоа замисли сам пробал да си го реши проблемот, направил поголем проблем и сега гаранција не важи??? Па Докторот после тоа ќе треба на крст да се обеси ако волку тензија се крева ради тоа што половично ги читаат одговорите.
За крај, ако некој е повреден од нашата комуникација му се извинуваме во име на Мида Гранд Моторс - не беше таа намерата.

Zdravo.   Prasanje do MIDA : kolku kosta EGR ventil za ford fiesta 1.6 tdci 90ks od 2005god.
Редовната цена на бараниот дел е 34,950 денари. Слободно додај го Форд Доктор како пријател на FB па ќе направат подобра цена ако си заинтересиран, само ќе треба да му пратиш број на шасија.

Па јас го прашувам докторот дали е озбилен со тврдењето дека било нормално перката да работела и повеќе од 15 минути после гаснење на возилото... Јас мислам ако е озбилен дечкото нека си ја скине дипломата одма, едноставно нема теоретско објаснување зашто би работела перката 15 минути после гаснење на надворешни температури од само 20 степени.
"Здраво,

работата на вентилаторот по гаснење на возилото е нормална работа поготово во овој дел од годината.За да бидеме сигурни во ова што Ви го кажувам предлагам посета на нашиот сервис поради проверка на системот за ладење.

Поздрав, Докторот"

Ова е одговорот ако не го прочита.
На линкот подоле има добар thread за проблеми со системот за разладување каде воедно кажува за неколку причинители за проблемот.
< http://www.focusfanatics.com/forum/showthread.php?t=297590 >


Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #163 на: 23 Јуни 2014, 17:41:12 pm »
Јас имам уште едно прашање до Мида за мојот форд фокус 1,8 тдди 99г незнам дали е некој проблем или се јавува истото кај сите возила кога стои колата подолго време незапалена пример една вечер утрото кога ќе ја подигниш шипката за проверка на маслото, маслото е повеќе од мах ја палам поработува некое време или извозувам 10-20км стои пола сат и проверувам покажува помеѓу min i max во колава собира 5,6л масло кога менував турив 5,2л си помислив да не го меша со нешто ама секогаш е истото ниво кога ќе стои над мах или пак кога ќе поработи секогаш е истото ниво меѓу min и max прашањево ми зошто варира маслото или пак да не е вишок масло да не дојди до некаков проблем пример при поголем притисок поголеми обртаи да не дојди до пукање на блок или некои др компликации или пак сето ова е нормално при подолго стоење?
200ml вишок имаш :)
4.8-5.0 литри е капацитетот на тоа возило, варира поради различни димензии на филтер за масло (едниот е подолг а другиот пократок, притоа различни капацитет а иста функција - зависно кој е производителот) како и поради тоа што и во 5 минути неможе убаво да се издренира (исцеди) маслото од моторот, има бројни канали и џепови кои го успоруваат процесот (ако сакаш секоја капка да ја извадиш тогаш остави го да преноќи цедејќи се - во тој случај се ќе искочи).
Ние кога сервисираме такви агрегати им ставаме 5.0 литра.
Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #164 на: 23 Јуни 2014, 22:01:32 pm »
Додатно подобро перката да работи подолго него пократко од тоа што му е потребно (сериозен проблем е ако воосшто не се вклучува), чисто поради тоа што дизел моторите развиваат високи температури кои може да наштетат на гумените компоненти од и околу моторот при мирување - во возење термодинамиката е друга поради струењето на воздух. Повторно, не е нормално да работи толку долго; можно е да разладната течност биде во недостаток или да не е со адекватните термодинамички својства, може патеката низ која се разнесува разладната течност да има некоја обструкција, сензорот да е отиден, осигурач да е прегорен, PCM-от да има проблем и тн... затоа постои сервисот.

ако вака одговореше кога го поставив прашањето, ке немаше ништо од натегањето. ова е одговоорт што требаше да го напишеш првично. нај љубезно ке ти се заблагодарев, ке ти кликнев лајк на фејс и сите ке бевме среќни, наместо сега да се натегаме... наместо тоа добив банален одговор дека НОРМАЛНО Е НА ОВИЕ ТЕМПЕРАТУРИ ПЕРКАТА дрн дрн дрн.... кратко и јасно, јас немам проблем со комуникација, ти имаш проблем на сериозност или поставеност...

молим те прошетај низ форумов и види какви ИСЦРПНИ одговори јас давам кога мене ме прашуваат нешто што јас го работам професионално. твојот одговор од 3 збора како “професионалец“ во својата струка се многу иритирачки поготово кога некој те прашува за проблем кој го детектирал, а ти одговорот го почнуваш со НОРМАЛНО Е... иритирачки е.
Не наоѓаме задоволство нитупак потреба да напаѓаме луѓе по форуми, тоа не ни е целта. Но ако некој неадекватно комуницира и пљука непотребно и без аргумент (беше класичен "flame") на некој што е тука да му помогне повеќе е од јасно дека ќе го браниме својот став...

не те пљукав, ни нај малку... и немој да обвинуваш некого за неадекватна комуникација кога точно ти го правиш тоа. гледаш дека повеќе луѓе ти одговорија за НОРМАЛНОТО во твојот одговор на моето прашање... немам намера да те напаѓам... немав намера ни претходно.. бркај си работа на форумов исто како што и јас си бркам работа и немој да лупаш етикети за фламирање, неадекватна комуникација, пљукач и слични етикети.. почни од себе..

и мислиш ли дека сум неспособен сам да го однесам возилото во сервис, па тука на форум барам помош од тебе? немој да ствараш лажна илузија за мене пред себе, повторувам, само пред себе, бидејки повекето тука ме знаат и лично...  да се разбереме, ти си тука за да го подигнеш рејтингот на мида гранд моторс и добродојден си за помош на сите луѓе кои имаат некаков проблем, сакаат да дознаат за своето возило за цени за одредени сервиси или надградби кои никој друг неможе да го направи освен ти на форумов или лично во сервизот. исто така гледам дека си во можност да издејствуваш и одредени попусти, значи пониски цени одколку директно да се иде во мида... затоа си од огромна ОГРОМНА помош на сите тукашни членови, па и пошироко, бидејки ова е автомобилски форум нели, и повторувам, убаво од твоја страна што учествуваш, сигурен сум дека администрацијата ти е благодарна како и голем број на членови, па дури и јас, само после 2 дена натегање за начин на комуникација, конечно го добив одговорот кој требаше од прва да го добијам...

благодарам за (конечно) добиениот одговор и се извинувам ако навредив, немав таква намера.

п.с. ке ме запознаеш и ти лично деновиве и ќе се увериш во својата грешка за етикетите што ми ги закачи...

поздрав и секое добро
« Последно менување: 23 Јуни 2014, 22:22:18 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време