Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 237126 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4191
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #165 на: 24 Јуни 2014, 00:21:33 am »
why all the drama?why?

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #166 на: 24 Јуни 2014, 00:21:57 am »
бикоз...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #167 на: 24 Јуни 2014, 00:29:10 am »
Сума сумарум до некаде е точно тврдењето кога ќе го прашаат мајсторот: абе зошто тече уље од моторов и чури плаво од позади?

- така треба, има па тече и троши. Да немаше уље немаше да тече ;)

Отсутен Mak1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 442
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #168 на: 24 Јуни 2014, 00:31:00 am »
Toa ti e ovlasten servis :D nema sto da se objasnuva tuka :D

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #169 на: 24 Јуни 2014, 10:31:00 am »
Здраво.
Имам прашања во врска со Ford Focus MK1, поточно сакам да купам таков Ford. Гледав неколку такви половни автомобили 1.8 TDCI со 100 и 115 KS. При прегледот на автомобилите, забележав кај неколку возила дека моторот прави некои тресења (нишања) на целото возило кога моторот работи на 1500 rpm. Под 1500 rpm и над 1500 rpm (некаде одприлика 2000) моторот се смирува воглавно. Читав на интернет дека може да е проблемот со замаецот, но нормално, продавачите ми тврдат дека не е тоа проблемот, туку дека е ситен проблем, односно гумен држач на (кој е релативно евтин). Ги замолувам искусните да ми кажат дали тоа е некаков сериски проблем на сите Focus-и од тој модел или се работи за нешто друго кое се појавува по одреден број на km.
Исто така приметувам дека некои Ford Focus-и имаат борд компјутер, а некои немаат. Дали е можно да се додаде борд компјутер на тие возила што немаат и ако е возможно, какви се цените за такви надградби?
Поздрав.



Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #170 на: 24 Јуни 2014, 10:45:31 am »
Тресе во вожња или во лер?

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #171 на: 24 Јуни 2014, 11:08:23 am »
Во лер тресе. Не сум пробал со притиснат кумплунг да видам дали ќе тресе или пак при притискање или пуштање на кумплунгот. Во возење не се осеќа тресење иако не ја возев лично. Откако ќе пробам лично да ја возам, можно е и во возење да се осеќа, бидејки во лер навистина се осеќа тресењето. Двата Ford-a што ги пробав го имаа истиот проблем, едниот беше со поминати 90000 km, а другиот со 60000 km.
Поздрав.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #172 на: 24 Јуни 2014, 11:44:47 am »
Јас имам уште едно прашање до Мида за мојот форд фокус 1,8 тдди 99г незнам дали е некој проблем или се јавува истото кај сите возила кога стои колата подолго време незапалена пример една вечер утрото кога ќе ја подигниш шипката за проверка на маслото, маслото е повеќе од мах ја палам поработува некое време или извозувам 10-20км стои пола сат и проверувам покажува помеѓу min i max во колава собира 5,6л масло кога менував турив 5,2л си помислив да не го меша со нешто ама секогаш е истото ниво кога ќе стои над мах или пак кога ќе поработи секогаш е истото ниво меѓу min и max прашањево ми зошто варира маслото или пак да не е вишок масло да не дојди до некаков проблем пример при поголем притисок поголеми обртаи да не дојди до пукање на блок или некои др компликации или пак сето ова е нормално при подолго стоење?
Гоце,
Мала грешка од наша страна. Малку поразлични се податоците за 1.8 TDCi него тоа што ти пишавме. Проверивме и на следниов линк ја имаш табелата за капацтитет на моторно масло кај твојот Focus.

Извини уште еднаш.

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #173 на: 24 Јуни 2014, 15:51:23 pm »
Во лер тресе. Не сум пробал со притиснат кумплунг да видам дали ќе тресе или пак при притискање или пуштање на кумплунгот. Во возење не се осеќа тресење иако не ја возев лично. Откако ќе пробам лично да ја возам, можно е и во возење да се осеќа, бидејки во лер навистина се осеќа тресењето. Двата Ford-a што ги пробав го имаа истиот проблем, едниот беше со поминати 90000 km, а другиот со 60000 km.
Поздрав.
Здраво Владимир

Пред се имај во предвид дека незнаеме за интензитетот и фрекфенцијата на тресење за 100% да сме сигурни но, на освнов на нашата дијагностичка историја која ја имаме за тој мотор, тоа тресење кое ти се манифестира на вртежи во доменот од 1500-2000 rpm е нормално работење на моторот, кај повеќето е така и не е проблем. Ипак, доколку мислиш дека може да е некој проблем слободно ти стоиме на располагање и може да го погледнеме возилото.

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #174 на: 24 Јуни 2014, 23:11:53 pm »
Во ред, благодарам за одговорот. :)

Отсутен VladeFF

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 83
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #175 на: 26 Јуни 2014, 10:26:58 am »
Здраво. Имам едно прашање до Докторот. :) Разбрав дека на Ford Focus МК1 2004-та година 1.8 TDCI, на моторот со 115 KS многу брзо му страдала пумпата за висок притисок. Тоа предизвикувало немирна работа на моторот, а и губење на силата на истиот. Дали повеќе го препорачувате како поиздржлив моторот со 115 KS или пак моторот со 100 KS?
Благодарам на одговорот.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #176 на: 26 Јуни 2014, 16:22:01 pm »
Здраво. Имам едно прашање до Докторот. :) Разбрав дека на Ford Focus МК1 2004-та година 1.8 TDCI, на моторот со 115 KS многу брзо му страдала пумпата за висок притисок. Тоа предизвикувало немирна работа на моторот, а и губење на силата на истиот. Дали повеќе го препорачувате како поиздржлив моторот со 115 KS или пак моторот со 100 KS?
Благодарам на одговорот.
Здраво Владимир

Во нашиот сервис немаме лошо искуство со 115кс верзијата на овој мотор, тоа што нас ни е познато е дека и двата мотори се добри а спомнатите аномалии немаат врска со квалитетот на моторот. Сакаме да нагласиме дека доколку редовно се одржува возилото и секој проблем времено се решава дека нема да има некој сериозен проблем со моторот. Точно е дека кога има проблем со пумпата за гориво можно е да се јават посочените проблеми али неспорен е квалитетот на пумпата, нејзиното расипување е последица на лошо гориво, неадекватно форсирање на возилото и не навремено сервисирање.
И за крај, повели случај за истиот тој Focus купен во Австрија каде неговиот сопственик има изминато 1,000,000км со него.

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #177 на: 26 Јуни 2014, 16:52:34 pm »
Докторе, муабетот дека пумпата страдала брзо ниту го потврдуваш ниту го демантираш. Тој одговор го пишува и во сервисното упатство за возилото и корисникот тоа сигурно веќе го знае :)
Патем, ако не е тајна или не е непријатно, како го добивте прекарот Доктор? Гледам не испуштате да го употребите во секоја ситуација.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #178 на: 26 Јуни 2014, 16:53:58 pm »
Патем, ако не е тајна или не е непријатно, како го добивте прекарот Доктор? Гледам не испуштате да го употребите во секоја ситуација.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #179 на: 26 Јуни 2014, 18:11:57 pm »
Докторе, муабетот дека пумпата страдала брзо ниту го потврдуваш ниту го демантираш. Тој одговор го пишува и во сервисното упатство за возилото и корисникот тоа сигурно веќе го знае :)
Патем, ако не е тајна или не е непријатно, како го добивте прекарот Доктор? Гледам не испуштате да го употребите во секоја ситуација.
Ние (во нашиот сервис одкако се прозиведува тој модел) не сме забележаке тренд на расипување на пумпата за висок притисок кај тој модел. Дел како дел евентуално ќе се расипе, све има рок на траење. Колкав е тој рок на траење зависи од оддржувањето. Што немора да значи дека на глобално ниво нема таков тренд, ипак е игра на бројки - што поголем примерок за статистичка анализа, тоа поверодостоен одговор. Но во секој случај тој проблем не е пријавен од страна на Ford во нивниот TSB (Technical Service Bulletin).



Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk