Па докај 20 000 и штелување бидејки се изместува зазорот постојано, таков принцип е со клацкалки.
И на кадетот што си го возел истиот принцип е, после одредена километража се раштелуваат.
А за палењето, имаш еден штраф на разводникот под разводната капа, голем е ќе го видиш.
Олабави го малку и потоа го вртиш налево или надесно за да на најдеш идеалната точка каде ќе работи најдобро.
Најдобро би било и некој на гас на 2500 вртежи да држи, го вртиш потоа разводникот и на слух ќе ја осетиш каде работи најидеално, и затегни го штрафот.
Исто така смени и кабли, разводна капа и палец, не се скапи, а сигурно не се менувани.
За термостатот веројатно има од стокец ставено, тој на 83 степени отвора и ти препорачувам да го оставиш. Ако можеш да најдеш и термопрекидач на хладњакот што ја пали перката со 88-83 вредности уште подобро.
Страдаат на уљени карики од висока температура, затоа со малку понизок термостат и понизок термопрекидач ќе бидеш помирен.
А пластичното куќиште што ти тече, што да ти кажам, тоа е, нежно е, среќа не беше мојата со пластично.