Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 237136 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #105 на: 01 Јуни 2014, 17:09:05 pm »
Ламела/потисна или држачи на мотор.

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #106 на: 01 Јуни 2014, 22:18:51 pm »
После зашто сите бегаат од форд... И ајде да претпоставиме дека скапа им е набавната цена... Ама обична дијагностика за светнато сијаличе 1900 денари е тоа објасни ми го.

А си размислил колку чини уредот за дијагностика? Колку чини обуката за вработените? Колку чини гаранцијата што ќе ти ја дадат за сработеното? Да не праиме муабет дека „светнато сијаличе“ може да значи многу работи.

Ако гледаме така може да се прашаме и колку чини дизалица за коли, компресор, машина за вадење на гуми и машина за балансирање на гуми, а една гума ти ја менат за 100-200 ден со нов вентил.
Зборот ми е дека уредот за компјутерска дијагностика е алат кој секој сервисер треба да го има. Компјутерската дијагностика не е замислена да биде екстра трошок за клиентот на сервисот, туку да може да се направи брза и точна дијагностика на проблемот што настанал, со цел сервисот за заштеди на време и пари. Бришењето на грешки се прави со цел да не доаѓа до забуна на некој нареден сервис со дефект кој е поправен.
За мене голото читање на грешка е чист рекет од сервисерите.
Само дијагностицирање на дефектот нормално дека треба да се плаќа, а ако е со сервис нормално е да се плати само за сервисот.

И на крај никој не ти дава гаранција за сработеното, туку само ти се дава гаранција на делот што е променет.
« Последно менување: 01 Јуни 2014, 22:32:24 pm karajann »

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #107 на: 03 Јуни 2014, 10:49:25 am »
Здраво Ми-Да,

Да прашам колку кошта прв сервис на Форд фокус 1.0 екобуст 100кс? и дали треба да чекам до 12.500км или може да се направи и порано на 12.000км? и дали се користи 5w20 или 5w30 EcoBoost Magnatec масло?

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #108 на: 03 Јуни 2014, 12:09:05 pm »
еве го прашувам јавно форд докторот.
колку е промена на уље? колку е филтер за уље и колку литра уље ке треба за мојата 1,4дтци.
дали уљето ќе ми го наточат од буре или од пластични канти 1-3 л?
колку пари е филтер за полен и филтер за воздух?
Прашање до Мида Гранд Моторс: Дали може при редовен сервис да се присуствува во сервисот да се види дали и што ќе сменат?

има ли пилот во авионот?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #109 на: 05 Јуни 2014, 16:16:05 pm »

Чекајте малце другари! :)
Вака сега,

@Falangasaurus
Оригинал од Ford си влече оригинал цена, ова е најповолната цена што можеме да ја понудиме.

@achtung
Не постои "обична дијагностика", постои копјутерска дијагностика која ги проверува сите параметри од PCM-от и ги јавува сите грешки кој може да ги пронајде - независно во кој дел од возилото се манифестираат. Затоа е таа цена.

@Deni
Метлици (не вклучува држач)

@Allexxander
Секогаш сме продавале ама тогашната цена беше апсурдна, за разлика од сегашната.

@zeroSignal
Благодариме за убаво склопеното објаснување! :)
риспект!

@achtung
Се јавивме во три овластени сервисер (рандом избор):
Prosche: 1,500 ден
Renault: 1295 ден
Toyota: 1,385 ден

@DayWalker
Се надеваме ти се допадна TAXFREE TEST WEEKEND-от :)

@Falangasaurus
Секој има право на сопствена ценовна политика, ако ти е цената висока почекај до селдниот пат кога ќе ги нудиме проверките бесплатно.

@velestrumf
Искусно.

@Falangasaurus
Слуподно пукај прашања се што не му е јасно на твојот пријател, затоа сме тука.

@maci
------------------------
Филтер масло 442 ден
Филтер воздух 741 ден
Филтер полен 627 ден
+/- Филтер гориво 2,300 ден (препорачано е да се менува секој 2-ор сервис)
Масло MOTORCRAFT 5w-30 1,020 ден (1л & 5л) Fiesta 1.4TDCi има капацитет 4л.
------------------------
ТОТАЛ: 6,090 ден

@Dule_
Не, строго забрането е со закон да невработени бидат присутни во простор каде што се ракува со тешка машинерија. Но имаме и камери и место од каде може да гледате како на вешето возило му се извршува сервисирање.

@martinnau2
Не би можеле да ти помогнеме преку форум за овој конкретен проблем, најубаво би било да закажеш термин и заедно со техничарот да извршите возење за да устанувите од каде потекнува проблемот.

@MartinAlfista
Има логика да е до тоа но не секогаш најочигледниот причинител за проблемот е самиот извор на проблемот.

@karajann
Не се сложуваме со твоето мислење поради тоа што ја знаеш само едната страна на проблемот. Секој сервис има проблем со нелојална конкуренција. Цената за компјутерска проверка или дефектажа е ставка која служи како заштитен механизизам. Доколку ние установиме дека возилото има проблем, го изолираме проблемот и ти решиш да го поправиш возилото во нашиот сервис тогаш таа ставка нема да биде наплатена. Проблемот е кога клиенти доаѓаат за бесплатна дефектажа и после тоа се обраќаат во некоја локална гаража за поправка користејќи го нашиот "know-how". Притоа да, рекет е за да не бидеме рекетирани. Се надевам можеш да не разбереш.

@Champ1on
Можеш и на 12,000 да го направиш не е никаков проблем. Редовниот сервис за 1.0 EcoBoost би те чинело 5,900 ден. Маслото е Castrol Magnatec Professional 5w-30 (тоа е наложено од Ford за EcoBoost генерацијата на мотори)

@All
sry што не почекавте, се олабавивме малце :)

Поздрав,
Доктор-О
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Champ1on

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #110 на: 05 Јуни 2014, 17:36:03 pm »


@Champ1on
Можеш и на 12,000 да го направиш не е никаков проблем. Редовниот сервис за 1.0 EcoBoost би те чинело 5,900 ден. Маслото е Castrol Magnatec Professional 5w-30 (тоа е наложено од Ford за EcoBoost генерацијата на мотори)


Поздрав,
Доктор-О

Форд препорачува 5w-20 баш за тој екобуст мотор,
еве што пишува http://www.motorcraftservice.com/vdirsnet/OwnerGuide_EU/Default1_M.aspx?year=01/2013&model=Focus&bookcode=O24097&market=GB&language=EN&subUidSelected=G1478122&sectionUidSelected=G1478104&hrefSelected=G1356621&callfrom=section

патем некој официјален линк од форд каде што може да се види дека 5w-30 е наложено?

Поздрав

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #111 на: 05 Јуни 2014, 20:07:20 pm »
5W-20 можеби за земји со поумерена клима кадешто летните температури се до 30 степен. Кај нас прашање е и дали 5W-30 е доволно добро.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1316
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #112 на: 06 Јуни 2014, 11:50:59 am »
филтерот за гориво викате препорачано да се менува на секој втор сервис,одприлика на колку изминати км?
каков е по форма? 2009 фиеста


форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #113 на: 06 Јуни 2014, 14:10:33 pm »
Тоа би било 20-30.000 км во зависност од градска/отворено возење.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #114 на: 06 Јуни 2014, 19:45:50 pm »
@Champ1on & @maci
1.0л EcoBoost е мотор со многу мала зафатнина и турбо полнач - очекувано е при нормална работа да се развиваат високи работни температури. Поради тоа (поготово во јужните пазари)
5w-20 нема доволно вискозитет при високи температури, така да се препорачува 5w-30.

@maci
Редовен сервис е на 12,500 км - притоа промена на филтер за гориво -> 2 години x 12,500 = секои +/- 25,000км. И да подраниш и да подзакасниш со промената нема многу да смени.

Поздрав,
МГМ
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #115 на: 06 Јуни 2014, 23:53:49 pm »
Мида очигледно дека се согласуваме со делот за дефектажа и сервис.
Зборот рекет беше употребен за голо читење на грешка, на пример добиваш одговор не ти работи цилиндар број 2, а не зошто точно не работи тој цилиндар.
Не знам како е кај вас, ама во доста сервиси во МК сум среќавал дополнителна стапка компјутерска дијагностика и бришење на грешки, која ја наплаќаат дополнително од сервисот. И тогаш се добиваат некои апсуртни ситуации, на пример за дефектажа на некој сензор(за која се потребни 10-20 мин.) плакаш на сервисот повеќе, отколку за дефектажа на проблем со доста мало губење на течност за ладење(за која можат да бидат потребни и неколку часа).

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #116 на: 12 Јуни 2014, 16:22:17 pm »
Good news!
Имате Ford а немате MP3 приклучок?
BOOM! -> http://bit.ly/1xOd3Wd
Цени наскоро (меѓу нас, околу 5,000 ден.)

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #117 на: 14 Јуни 2014, 00:49:29 am »
А баш сакав да ве прашам дали може да набавите :)



Случајно налетав, некој од овластен дилер од HR го нарачал.

Дали ги имате на лагер, и дали монтажата е вклучена во цената?

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #118 на: 14 Јуни 2014, 12:44:34 pm »
@Gabau
Да имаме 5 на лагер ама брзо одат. Цената е 4,200ден со вклучена монтажа.
Би ти препорачале да се јавиш што поскоро за да си закажеш термин и резервираш едно парче (доколку ти се брза) зошто добивме информација дека е кнап со слободни термини.
За било што слободно јави му се на Вангел (МГМ; резервни делови) 071 212 585, ќе ти асистира - или слободно пиши ни тука; твој избор.

Поздрав,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #119 на: 14 Јуни 2014, 17:57:47 pm »
Се јавив во ми-да и наредната недела ќе поминам за да средиме работа.