Чекајте малце другари!
Вака сега,
@FalangasaurusОригинал од Ford си влече оригинал цена, ова е најповолната цена што можеме да ја понудиме.
@achtungНе постои "обична дијагностика", постои копјутерска дијагностика која ги проверува сите параметри од PCM-от и ги јавува сите грешки кој може да ги пронајде - независно во кој дел од возилото се манифестираат. Затоа е таа цена.
@DeniМетлици (не вклучува држач)
@AllexxanderСекогаш сме продавале ама тогашната цена беше апсурдна, за разлика од сегашната.
@zeroSignalБлагодариме за убаво склопеното објаснување!
риспект!
@achtungСе јавивме во три овластени сервисер (рандом избор):
Prosche: 1,500 ден
Renault: 1295 ден
Toyota: 1,385 ден
@DayWalkerСе надеваме ти се допадна TAXFREE TEST WEEKEND-от
@FalangasaurusСекој има право на сопствена ценовна политика, ако ти е цената висока почекај до селдниот пат кога ќе ги нудиме проверките бесплатно.
@velestrumfИскусно.
@FalangasaurusСлуподно пукај прашања се што не му е јасно на твојот пријател, затоа сме тука.
@maci------------------------
Филтер масло 442 ден
Филтер воздух 741 ден
Филтер полен 627 ден
+/- Филтер гориво 2,300 ден (препорачано е да се менува секој 2-ор сервис)
Масло MOTORCRAFT 5w-30 1,020 ден (1л & 5л) Fiesta 1.4TDCi има капацитет 4л.
------------------------
ТОТАЛ: 6,090 ден
@Dule_Не, строго забрането е со закон да невработени бидат присутни во простор каде што се ракува со тешка машинерија. Но имаме и камери и место од каде може да гледате како на вешето возило му се извршува сервисирање.
@martinnau2Не би можеле да ти помогнеме преку форум за овој конкретен проблем, најубаво би било да закажеш термин и заедно со техничарот да извршите возење за да устанувите од каде потекнува проблемот.
@MartinAlfistaИма логика да е до тоа но не секогаш најочигледниот причинител за проблемот е самиот извор на проблемот.
@karajannНе се сложуваме со твоето мислење поради тоа што ја знаеш само едната страна на проблемот. Секој сервис има проблем со нелојална конкуренција. Цената за компјутерска проверка или дефектажа е ставка која служи како заштитен механизизам. Доколку ние установиме дека возилото има проблем, го изолираме проблемот и ти решиш да го поправиш возилото во нашиот сервис тогаш таа ставка нема да биде наплатена. Проблемот е кога клиенти доаѓаат за бесплатна дефектажа и после тоа се обраќаат во некоја локална гаража за поправка користејќи го нашиот "know-how". Притоа да, рекет е за да не бидеме рекетирани. Се надевам можеш да не разбереш.
@Champ1onМожеш и на 12,000 да го направиш не е никаков проблем. Редовниот сервис за 1.0 EcoBoost би те чинело 5,900 ден. Маслото е Castrol Magnatec Professional 5w-30 (тоа е наложено од Ford за EcoBoost генерацијата на мотори)
@Allsry што не почекавте, се олабавивме малце
Поздрав,
Доктор-О