Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 239972 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #90 на: 29 Мај 2014, 17:01:26 pm »
Не сакам ништо да објаснувам. Ниту барам да миобјаснуваат зошто е таква цената, тоа си е нивна деловна тајна.
Само побарав конфирмација дали е тоа така како што кажуваат. :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #91 на: 29 Мај 2014, 17:02:35 pm »
Дали во МИДА се продаваат метлици за Фокус по цена од 1600 денари при тоа фалејки се дека цената е екстра-лудо-скоро бесплатна?
Метлици? Или брисачи предни?

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Re: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #92 на: 29 Мај 2014, 17:03:54 pm »
Јас знам дека во мида метлици не продавале никогаш, можда и грешам не знам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #93 на: 29 Мај 2014, 18:30:39 pm »
Колку што знам, никој не продава само метлици. Може да е комплет предни брисачи.

И да, ако се оргинални предни брисачи за Фокус 1600 денари, цената е сосема добра, па и прифатлива. Колку за споредба, кај поранешниот дистрибутер на Сеат, мене ми бараа нешто над 3000 денари за комплет предни брисачи за Леон. Истите ги земав во Порше за 1800 денари.

Со оглед на тоа дека оргинални брисачи траат долго време (еве, уште ги возам оргиналните брисачи на Голфот, скоро двеипол години, и уште си бришат скоро одлично, до толку добро да немам потреба да ги сменам), 1600 денари е сосема прифатлива цена за добри брисачи.

Оди прашај цена за Bosch брисачи за нормална кола во некоја од продавничките за авто-делови.

После зашто сите бегаат од форд... И ајде да претпоставиме дека скапа им е набавната цена... Ама обична дијагностика за светнато сијаличе 1900 денари е тоа објасни ми го.

А си размислил колку чини уредот за дијагностика? Колку чини обуката за вработените? Колку чини гаранцијата што ќе ти ја дадат за сработеното? Да не праиме муабет дека „светнато сијаличе“ може да значи многу работи.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #94 на: 29 Мај 2014, 18:36:06 pm »
Ок, можно е... Ај сега пошто ти си поинформиран од мене а верувам дека сите би ги интересирало, нормално ако сакаш кажи одприлика од 3 други официјални сервиси колку кошта истата услуга.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг:
« Одговори #95 на: 29 Мај 2014, 18:41:52 pm »
Никој не ти брани да отидеш во друг официјален сервис.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #96 на: 29 Мај 2014, 21:36:18 pm »
Епа има разлика меѓу компјутерска дијагностика (односно штекање у лаптоп) и комплетна дијагностика на возилото.
Еве ја викендов бев на тест вожњата и имав проверка на моето возило во кое беше вклучено и компјутерска проверка, за 0 пари (нула македонски денари)
Ако тоа требало да ме кошта мене тоооолку многу пари, свака им част на МиДа и фала :)

Инаку МиДа не се како порано, порано беа катастрофа, во поново време се супер (зборам за сервис, продажба секогаш биле океј).

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #97 на: 29 Мај 2014, 23:15:50 pm »
Значи

Никој не ти брани да отидеш во друг официјален сервис.

Не знам што туку паѓате у несвест. Ако не ви одговара да одите у МиДа, едноставно не одете таму, нема потреба да редите колку чинела дијагностика у друг сервис, верувам дека знаат и дека тоа што ќе мрчите тука нема да влијае многу многу врз цената на чинење.

Па тоа е поентата на форумот, да се знае кога е порационално да се оди на друг сервис.
Метлици/бришачи исти к*р. Мислам на цел бришач сосе гума а не само на гумата.
Патем комплет компјутерска дијагностика во Олимпија моторс е 650 денари со проверка на цело возило визуелно и гратис перење на возилото.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг:
« Одговори #98 на: 30 Мај 2014, 00:16:33 am »
Доволно е рационално да кажеш дека цената е висока и не ти одговара. Се' после тоа е апсолутно непотребно.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #99 на: 30 Мај 2014, 08:28:25 am »
Точно.
Како што реков, не ме интересира причината зад тоа (и онака вистината за тоа е деловна тајна), туку само потврдата дека е така.
Ме заинтересира пошто вчера го возев Фокусот на другарот, па почна да ме распрашува некои работи за сервисирање на колата и некои муабети што ги слушал.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #100 на: 30 Мај 2014, 10:30:40 am »
1600 денари не се воопшто многу за оригинални и квалитетни брисачи...  Оригиналните што ми беа на кола тераа 3ипол години без проблем, ги сменив затоа што сам си ги заебав иначе уште ќе траеа.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #101 на: 30 Мај 2014, 12:40:06 pm »
еве го прашувам јавно форд докторот.
колку е промена на уље? колку е филтер за уље и колку литра уље ке треба за мојата 1,4дтци.
дали уљето ќе ми го наточат од буре или од пластични канти 1-3 л?
колку пари е филтер за полен и филтер за воздух?
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #102 на: 31 Мај 2014, 11:01:09 am »
Прашање до Мида Гранд Моторс: Дали може при редовен сервис да се присуствува во сервисот да се види дали и што ќе сменат?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #103 на: 31 Мај 2014, 13:42:04 pm »
Неколку десетици постови префрлени тука.

Отсутен martinnau2

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 6
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #104 на: 01 Јуни 2014, 17:03:24 pm »
Добар ден,

Имам Форд Ескорд 1996 година, 1.4 75hp. При брзина од 90км/ч до 105км/ч колата треси, меѓутоа ако колата е во лер при иста брзина не треси, давам туража и повторно почнува да треси(исклучиво на 4та и 5та брзина). Проблемот го имам веќе 3-4 години, сменети се сите 4 гуми пред 1 година, исправени се сите 4 бандажи, со еден збор скоро цела предница е сменета нова. Ќе Ве молам ако го имал некој овој проблем и го решил, ќе му бидам многу благодарен. Поздрав!