Е ај и јас да поставам едно прашање имам форд фокус 1,8 тдди 1999 год. прашањево го поставив и на др тема ама не добив конкретен одговор односно сите различно одговорија сакам да знам колку бари треба на фокусот да се пумпат гумите пошто е малку постар на него нема налепница препорачана од производителот носи гуми 185/65-R15 некои пишаа 2,2 некои 2,4 бари сите како што гледале на нет јас ги пумпам 2,3 ама некако ми се ко истишени предните додека задните се добро подигнати и незнам колку би тебало точно.
Доколу имате за ова информација ви благодарам поздрав.
Здраво Гоце
Добро прашање на кое нема црно-бел одговор туку нијанси на сиво.
Веруваме дека знаеш ама наше е да кажеме, притисокот на пневматиците може да биде варијабилен зависно од условите и употребата на автомобилот.
На пример, кога ќе заглавиш во снег/песок пневматиците се под-издишуваат за подобра тракција.
Доколку е често товарен, препорачливо е да притисокот биде под препорачаното; и тн...
Конкретно за твојов случај, ние кога испорачувавме такви модели на Focus предните пневматици ги сетиравме на 2.1 бари а задните на 2.2 бари поради тоа што голем дел од нив беа со караван изведба.
Притоа одлуката ја оставаме на тебе но имај во предвид,
повисок притисок - покруто возење и поголеми отскокнувања при нерамнини но и помала потрошувачка.
понизок притисок - помеко возење, помала контрола при оштри свиоци при висока брзина како и зголемена потрошувачка.
(ова важи за поголеми промени во притисокот, помали промени се незабележливи)
Кај тебе, 2.2 би било сосема ОК.
Доколку нешто не ти "штима" најпаметно е да ги провериш пневматиците да не имаат некакво оштетување или попуштање на структурата на пневматикот.
Поздрав,
Докторот