Проблемот не се решава на тој начин затоа што утре повторно ќе има „дегени“ од кои треба да се пазиш. Колку и да бегаш или да се пазиш од нив, секогаш некој знае да се најде да изненади. А за возач се полага, за пешак не постојат дозволи ниту полагање. Прашањето е како да се намали бројот на „дегени“ за да се намали бројот на несреќи или културно кажано како да се зголеми свеста на возачите? 
Така е. Пошто САМО возачите се криви. Никој друг. Ниииииииииикој друг, сите други се нежни ангелчиња, невини, цвеќенца за мирисање..
Треба подигање на свеста на
СИТЕ во сообраќајот. Од пешаци, до велосипедисти, до моторџии, до возачи, до СВЕ. Ама не, само една група ќе се обвинува, ќе се казнува и ќе се очекуваат ефекти.
Не може моторџии да се паркираат каде сакаат и да не плаќаат патарини. Не може велосипедисти
при ганц нова велосипедска патека по цела Партизанска да возат по улица и за нив црвен семафор да е само лампион, не може баби со кеси да „претрчуваат“ кај Градска, не може морони да се паркираат по тротоари (although, guilty as charged, и јас сум се паркирал идиотски некад), не може моторџии да вриштат по улици, НЕ-МО-ЖЕ.
Ама треба СИТЕ да се казнуваат, и ОД СИТЕ да се очекува поголема толеранција, поголемо внимание и поголема култура. Додека не го сфатиме тоа и не се движиме кон тоа, џабе веземе.