Прави си, те разбирам, а зошто да се бара оправдување за „дегенот“? Крив е! Зошто воопшто му е дозволено да вози кола? Како системот ќе се справи со нив? Имаме семафори, сообраќајни знаци и се по список, а на крајот пак не ја бива работата. Што понатаму?
Колку и да отвориш очи секогаш има по некој деген во таква средина што знае да изненади во неочекуван момент. Затоа постои таа сигнализација. Во светот се размислува да се стават паметни раскрсници токму поради ваков тип на примери каков што го наведе, а ние што имаме најмногу жртви не ни помислуваме да погледнеме ниту во семафор, ниту брзина да ограничиме на движење ниту бутур.