Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120141 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #435 на: 17 Март 2017, 15:20:31 pm »
казните не мора да бидат парични, за некој јавниот срам е најголема казна

не носиш појас?
кинески ксенон?
не си застанал на пешачки?
си поминал на црвено на пешачки зошто немало коли?
возиш точак и јадеш гурабии по паркираните коли на тротоар, а шибаш на црвено за да не го игубиш залетот?

ќе земеш греблото и ќе гребеш мастики на плоштад
ќе собираш лисја
ќе празниш канти
ќе кречиш графити
итн.

ем казнет, ем дисциплина за понатака


Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #436 на: 17 Март 2017, 15:23:05 pm »
Ми се допаѓа предлогов, ем казнет, ем дисциплина, ем чисто по дома. ;D
А не само во имачка да се фрла ѓубре во канти.  >:(
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #437 на: 17 Март 2017, 15:24:17 pm »
ПАК, само ако се почитуваат законите.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #438 на: 17 Март 2017, 15:31:12 pm »
За да се смени сообраќајната култура кај нас треба првин да се смени менталниот склоп на просечниот возач. Тоа ќе се случи оној момент кога жацото кога ќе излезе на улица и ќе го фати Трајче како непрописно ја паркирал колата одма ќе му врачи честитка без да размислува дали Трајче е вемеро или комуњар, дали Трајче е син на градоначалникот, на началникот, на локалниот моќник или дошол од некое забутано село да си купи опинци. Без да му ја мисли дали ќе му се јави шефот да му каже да не ја пишува казната или од штабот на партијата на власт, сеедно. Без да му се закануваат дека ако ја пише казната ќе добие прераспоредување во полициската станица во најодалеченото село во таа општина или од Источна во Западна Македонија.

Е, за да тоа се деси треба жацото да има најмалку 1000 евра плата и закон кој ќе го штити од сите погоре наведени сценарија кои за жал се секојдневие. За уште поголем жал закони кај нас има ама не се спроведуваат.

За да жацото има 1000 евра плата треба да исполни одредени критериуми за да биде жацо: да биде повисок од метро и жилет, да му фаќа црпката, да е  физички и психички (многу битна работа во милиција) способен за вршење на службата, да не е битно дали е од оваа или онаа партија, ако е рамковен да ги исполни истите услови како и македонецот а не под дифолт да го земат за жацо а македонски не знае да бекне..........и многу други критериуми. Само што, кај нас се е обратно или сум ги извадил розевите цвикери. Нешто има. И да, за да ги земе тие 1000 евра треба да имаме добра економија ама тоа е друга тема.

Малку забегав, ама од искуство кажувам многу фактори се во игра, стварно многу и за жал кај нас тешко нешто да се смени во наредните 100 години....минимун.

И на крајот да се навратам на почетокот. Сообраќајната култура ќе се смени кога јас како просечен возач ќе добијам честитка затоа што сум сторил прекршок а немам каде да се обратам да ми ја скинат казната, нема да ми помогне ако командирот ми е другар или се јавам во штабот на партијата на власт за да го уценуваат жацото. Сообраќајната култура во истиот момент ќе ми се смени и ќе остане непроменета кога жацото ќе ми опали еден пендрек во глава затоа што сум му дал 10 евра за да не ми ја пише.

На крајот на краиштата не за џабе рекле: ти можеш да побегнеш од селото ама селото од тебе не.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #439 на: 17 Март 2017, 15:32:34 pm »
казните не мора да бидат парични, за некој јавниот срам е најголема казна

не носиш појас?
кинески ксенон?
не си застанал на пешачки?
си поминал на црвено на пешачки зошто немало коли?
возиш точак и јадеш гурабии по паркираните коли на тротоар, а шибаш на црвено за да не го игубиш залетот?

ќе земеш греблото и ќе гребеш мастики на плоштад
ќе собираш лисја
ќе празниш канти
ќе кречиш графити
итн.

ем казнет, ем дисциплина за понатака



Ја одамна зборам, ама треба казните покреативни да бидат. Ако пројдеш преку улица кај што нема пешачки, да мораш да дигнеш вреќа цемент во раце и да отидеш со неа до најблискиот пешачки. Па сеа види дали ти се исплати да „скратиш“ 20 метра.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14170
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #440 на: 17 Март 2017, 15:35:20 pm »
Дечки, проблемот кај нас не се казните, проблемот е како да се спроведат тие казни :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #441 на: 17 Март 2017, 15:39:19 pm »
И казните се проблем и спроведувањето. Спроведувањето на правната држава најголем проблем.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #442 на: 17 Март 2017, 15:41:12 pm »
Зошто место парите од казни да идат во буџет кој ништо неправи за безбедноста на сообраќајот да не идат кај возачите кои не направиле никаков прекршок таа година или неколку години по ред, така и тие што мислат дека цел свет се врти околу нив и дека се им е дозволено ќе имаат добра причина да возат по прописи
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #443 на: 17 Март 2017, 15:41:19 pm »
Дечки, проблемот кај нас не се казните, проблемот е како да се спроведат тие казни :)

exactly ;D



@Klen а палми од 170 иљади евра како ќе се купат?  :-X
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #444 на: 17 Март 2017, 15:53:26 pm »
Додека да се смени нешто во сообраќајната култура кај нас не е лошо да се придржуваме до:

Кога се минува преку улица треба да се гледа во автомобилите... не во семафорите!! Семафор до сега не удрил во пешак!!
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #445 на: 17 Март 2017, 16:01:27 pm »
@Дибидус



пс - зошто служат семафорите? И обратно е, возачите треба да внимаваат затоа што тие имаат дозволи, а за пешак не се полага ниту се добива дозвола. Што ако дете ти претрча на улица? А?  :-\
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #446 на: 17 Март 2017, 16:05:33 pm »
Од кога ќе те собере некој заспан или улетан, расправај се ти дали било зелено или црвено, гледај секаде џунгла е ова.
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #447 на: 17 Март 2017, 16:07:33 pm »
@Klen заспаните треба да си бидат во кревет, а не на волан да спијат. Улетаните треба да возат по пропис и да гледаат каде возат. Јасно е како ден! ;)
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34155
  • Таков е животот... јебига
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #448 на: 17 Март 2017, 16:08:52 pm »
Кај мене блокираа влез со кола и се случи несреќа и не можеше брзата помош да пристапи, можеш да замислиш.

Епа блокираше и тој со Лагуната во Лисиче пред десетина години, изгореа три стана наместо една соба, па му ја фатија аеродромци лагуната и му ја смачкаа како лименка. Само треба правило да стане тоа па нека паркира и друг пат така.

На времето во Влае си имаше „маалски џандар“ и он цел ден шеташе низ населба. Сите луѓе го знаеја, он ги знаеше сите и со сите си имаше добар ден. Значително помалку се крадеше по дворови и некако пораат си беше све.

Ееее, ама сега позорникарите се закана за лоповите, наркоманите, дилерите и курвите, а тоа е уништување на бизнисот на фамилијата и други локални војничиња. Затоа позорникарите се претворија во евтини лоповчиња кои имаат врски во станица.

Ќе паркирам бе, ако ме казни нека ме казни. 1000-ка, чудото големо.

Ќе воведеме и пендрак по уста, па кажи чудо големо и друг пат.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #449 на: 17 Март 2017, 16:10:20 pm »
Абе брат, coulda woulda shoulda воопшто не е битно откога ќе се деси бељата, реалноста е дека се нема култура и дека секој прави како му одговара.

Ко него си ти ист ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата