Но, треба да имаш во предвид дека не е дозволено газење или удирање на пешаци без разлика дали поминал или не поминал на премин.
Мајко мила, спинови ли се спинови, девамариjски маки големи. Дали реков дека треба да биде дозволено газење или удирање на пешаци? (Мада, сум рекол дека треба да се воведе едукативна мерка „шамар“, да имаш право да му ја залепиш една на некој што се понаша ко идиот во сообраќај.)
Едноставно, кажувам дека треба да се очекува и бара одговорност
од сите учесници во сообраќајот, не само од возачите, и дека треба
сите учесници во сообраќајот соодветно да се казнуваат од страна на полицијата, не само тие што имаат потенцијал за највисоки казни. Што тука тебе ти инсинуира дека сакам да може да се газат пешаци?
--
ЕДИТ:
На обележан премин за пешаци, ќе застанеш или ќе ја намалиш брзината, ќе го пропуштиш пешакот безбедно да ја премине улицата. Еве неколку членови каде е јасно пишано дека пешаците се пропуштаат: 26, 44, 46, 58, 122, 123, 124, 125.
Никој не рече тука дека не се пропуштаат пешаци. Се пропуштаат. Ама тоа не им дава право да пројдат улица без да погледнат лево-десно, нити па им дава право да проаѓаат каде што сакаат „пошто таму им е најкратко.“
ЕДИТ 2:
Многу црно гледате на работите. Возачот може да вози со дозволена брзина, да ја почитува сигнализацијата и да ги пропушти другите учесници во сообраќајот. Едноставно да стигне до одредиштето на културен и спокоен начин без да направи прекршок. Дали нешто ќе му фали на возачот и другите учесници во сообраќајот? Нормално и другите учесници да се движат по пропис. Значи сите да се движат по пропис, дали на некого нешто ќе му фали?
Никаде во светот не се движат сите по пропис. Луѓе сме. Хауевер, тоа што треба да се случува е полицијата да биде неселективна, и да ги казнува
сите, а не само групата на учесници во сообраќајот кои највеќе можат финансиски да допринесат кон остварување на дневната квота со добиените казни.