Автор Тема: Закони ли се закони, клаберски маки големи  (Прочитано 120388 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #465 на: 17 Март 2017, 17:34:00 pm »
И треба да го имаш. По улица се движат коцки од по неколку тона кои можат да те убијат во секој момент

Нормално е да ти е страв. И треба.

Не е нормално да си го жртвуваш животот и да истапуваш пред кола со цел таа да застане. Пришто ако не застане она ќе има искривена хауба, а ти искривен череп.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #466 на: 17 Март 2017, 17:41:13 pm »

Не е нормално да си го жртвуваш животот и да истапуваш пред кола со цел таа да застане. Пришто ако не застане она ќе има искривена хауба, а ти искривен череп.
Проблемот не се решава на тој начин затоа што утре повторно ќе има „дегени“ од кои треба да се пазиш. Колку и да бегаш или да се пазиш од нив, секогаш некој знае да се најде да изненади. А за возач се полага, за пешак не постојат дозволи ниту полагање. Прашањето е како да се намали бројот на „дегени“ за да се намали бројот на несреќи или културно кажано како да се зголеми свеста на возачите?  :-\
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #467 на: 17 Март 2017, 17:46:48 pm »
За да се сфати и да се реши ситуацијата во сообраќајот треба работата од друг аспект да се погледне. Треба да се влезе во психата на Македончето (не етничкото туку општо граѓанчето) и еве јас долго сум анализирал и сум дошол до одреден заклучок. Плати никакви за оние кои барем нешто работат а другите прст у уста, подобра иднина нема ни на повидок, секојдневни транзициски проблеми кои ни се познати само на нас земјите во транзиција, не можеш да си купиш тоа што сакаш, не можеш да одиш каде што сакаш, секој ден се коцкаш со животот зашто и така не ти е битно дали ќе умреш и што останува на крај за да се задоволиш ?....... останува само задоволството како ситно да поебеш некој друг ист како тебе, макар да и да му пресечеш пат, да го прередиш на семафор, да го блокираш на паркинг, место он да пројде на зелено ќе те чека тебе да пројдеш на црвено, да испрскаш некого на улица, да блокираш цела улица затоа што ти текнало да се паркираш, да блокираш пешачки ... Мора сите да признаеме дека помалку ни годи кога од време на време ќе заебеме некој, ама и он нема да остане покус и он ќе заебе некој трет и  имаш автоматски ланчана реакција. Е сега лошо е само ако у исти ден те заебат 10 души а ти не стигнеш никого да заебеш. Ќе ме извинат модераторите на вулгарностите во овој пост ама мора да биде експлицитен за да ја опиште точната ситуација :D Ова не е само за сообраќајот, за било што од секојдневието е ;)
Зини да ти кажу.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #468 на: 17 Март 2017, 17:54:36 pm »
Дечки, без да навлагаме во психологија.

Ние сме мала земја, и малку народ. Релативно лесно може све да се среди, само треба да се сака и тие што се на власт да погледнат 10% на страна од својата лична добивка, и све ќе се среди.

За проблемиве во сообраќај? Само треба да имаме фина, културна, доверлива, неселективна и добро платена полиција, и рационална казнена политика. За 6 месеци ќе и ние возиме ко Швајцарци, и пешаци/велосипедисти/моторџии ќе си почитуваат закони.

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #469 на: 17 Март 2017, 17:56:00 pm »
Ова беше ко предизборна кампања да читам нечија ;D
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #470 на: 17 Март 2017, 17:56:56 pm »
Некоја нова коалиција е на повидок :D
Зини да ти кажу.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #471 на: 17 Март 2017, 18:01:30 pm »
Проблемот не се решава на тој начин затоа што утре повторно ќе има „дегени“ од кои треба да се пазиш. Колку и да бегаш или да се пазиш од нив, секогаш некој знае да се најде да изненади. А за возач се полага, за пешак не постојат дозволи ниту полагање. Прашањето е како да се намали бројот на „дегени“ за да се намали бројот на несреќи или културно кажано како да се зголеми свеста на возачите?  :-\

Така е. Пошто САМО возачите се криви. Никој друг. Ниииииииииикој друг, сите други се нежни ангелчиња, невини, цвеќенца за мирисање..

Треба подигање на свеста на СИТЕ во сообраќајот. Од пешаци, до велосипедисти, до моторџии, до возачи, до СВЕ. Ама не, само една група ќе се обвинува, ќе се казнува и ќе се очекуваат ефекти.

Не може моторџии да се паркираат каде сакаат и да не плаќаат патарини. Не може велосипедисти при ганц нова велосипедска патека по цела Партизанска да возат по улица и за нив црвен семафор да е само лампион, не може баби со кеси да „претрчуваат“ кај Градска, не може морони да се паркираат по тротоари (although, guilty as charged, и јас сум се паркирал идиотски некад), не може моторџии да вриштат по улици, НЕ-МО-ЖЕ.

Ама треба СИТЕ да се казнуваат, и ОД СИТЕ да се очекува поголема толеранција, поголемо внимание и поголема култура. Додека не го сфатиме тоа и не се движиме кон тоа, џабе веземе.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10989
  • 430i
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #472 на: 17 Март 2017, 18:19:39 pm »
имаше лани еден период од 2 недели каде имаше радар контроли на повеќе места низ Скопје, го забележавме и дискутиравме феноменот и тука
тие 2 недели беше мерак за возење

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #473 на: 17 Март 2017, 18:28:10 pm »
@Дибидус

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

пс - зошто служат семафорите? И обратно е, возачите треба да внимаваат затоа што тие имаат дозволи, а за пешак не се полага ниту се добива дозвола. Што ако дете ти претрча на улица? А?  :-\

Не си ми јасен. Ти ги прочитав сите постови во дискусијава и освен фрустрација друго не приметив.

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #474 на: 17 Март 2017, 18:35:36 pm »
пс - зошто служат семафорите? И обратно е, возачите треба да внимаваат затоа што тие имаат дозволи, а за пешак не се полага ниту се добива дозвола. Што ако дете ти претрча на улица? А?  :-\

Можда за пешак не треба возачка, ама треба здрав памет.

Лани, возам кај мене низ Влае. Треба да биде јасно дека низ Влае се вози многу полека, пошто има милион странични улички, и константно истрчуваат деца, точаци, итн. Мене ме има пернато кола на ролери пошто бев глуп. За среќа не многу, и без никакви последици. Поточно, ја искачав од споредна уличка, у тој момент на „главната“ проаѓаше кола и ја не успеав да „докочам“ со ролерите и се треснав од страна у колата.

Енивеј, возам низ Влае, истрчува детенце мало од позади кола. Закочив, ми се смрзна крв у вени. За среќа, ништо не се деси. Дотрча мајката, и покажа здрав разум. Мене ми се извини, а детето го плесна по гз, за да знае.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #475 на: 17 Март 2017, 18:40:42 pm »
Така е. Пошто САМО возачите се криви. Никој друг. Ниииииииииикој друг, сите други се нежни ангелчиња, невини, цвеќенца за мирисање..

Треба подигање на свеста на СИТЕ во сообраќајот. Од пешаци, до велосипедисти, до моторџии, до возачи, до СВЕ. Ама не, само една група ќе се обвинува, ќе се казнува и ќе се очекуваат ефекти.

Не може моторџии да се паркираат каде сакаат и да не плаќаат патарини. Не може велосипедисти при ганц нова велосипедска патека по цела Партизанска да возат по улица и за нив црвен семафор да е само лампион, не може баби со кеси да „претрчуваат“ кај Градска, не може морони да се паркираат по тротоари (although, guilty as charged, и јас сум се паркирал идиотски некад), не може моторџии да вриштат по улици, НЕ-МО-ЖЕ.

Ама треба СИТЕ да се казнуваат, и ОД СИТЕ да се очекува поголема толеранција, поголемо внимание и поголема култура. Додека не го сфатиме тоа и не се движиме кон тоа, џабе веземе.
Ниту јас, ниту било кој друг не рече дека нема други виновни учесници од други категории што треба да сносат одговорност ама никаде во било кој закон за безбедност на сообраќај и ниту во нашиот не постои дека е дозволено да се газат пешаци!!! А го прочита примерот од погоре со 25 годишната девојка?  :-\

Башка која е причината во 80% од несреќите? Неприлагодена брзина на условите на патот. За возачите има ограничување на брзина, а за пешаци нема ограничување со која треба да оди пеш!!!

Казните се различни затоа што сите немаат исти последици во сообраќајот. Тие што се во коли се заштитени, а пешаците нема ништо да ги штити па затоа постои таа разлика. Башка за нив не постојат испити ниту дозволи.

Се согласувам со делот дека сите треба да бидат еднакви пред законот. И размазени, и пувачи ама СИТЕ ДО ЕДЕН како што спомна, а не овие два-три телефна да вртат!  :-\ Случајно пешак да не свртел телефон да не биде казнет?  ;D Мада да не зборувам од напред познавајќи го нашиот менталитет ништо чудно и некој тоа да го средил. Епа уште тоа фали и да го допреме дното.  :-[

@Дибидус

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

пс - зошто служат семафорите? И обратно е, возачите треба да внимаваат затоа што тие имаат дозволи, а за пешак не се полага ниту се добива дозвола. Што ако дете ти претрча на улица? А?  :-\

Не си ми јасен. Ти ги прочитав сите постови во дискусијава и освен фрустрација друго не приметив.


Каква фрустрација жити се? Што треба да се прави ако претрча дете на патот?
ЌЕ ЗАСТАНЕШ!!!
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29792
    • CARclub.mk
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #476 на: 17 Март 2017, 18:43:09 pm »
Пешак не свртел телефон да не биде казнет, затоа што не се случило пешак да биде казнет. Или се случило колку да се рече.

Стави по еден џандар кај Градска, кај Кјуби и кај Олимписки, нека казнуваат пешаци 24/7, па ќе видиш како ќе почнат да фрчат телефони.

Имам спомнато неколку пати - оградата што мораше да се стави кај Битпазар е одлична индикација за тоа до каде сме како општество. Ја би долж цела Партизанска и по сите поголеми булевари таква ограда. Море и повисока. Со шилци горе.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #477 на: 17 Март 2017, 18:46:24 pm »
Не можеш да знаеш дали пешак бил казнет, ваљда пошто одамна не ти се десило да бидеш пешак низ Скопје :)

Иначе комплетно се согласувам со другото... На градска треба да се има дозвола за прегазување пешаци, пошо тоа на ништо не личи.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #478 на: 17 Март 2017, 18:50:04 pm »
Пешак не свртел телефон да не биде казнет, затоа што не се случило пешак да биде казнет. Или се случило колку да се рече.

Стави по еден џандар кај Градска, кај Кјуби и кај Олимписки, нека казнуваат пешаци 24/7, па ќе видиш како ќе почнат да фрчат телефони.
Дали си сигурен за овој дел од градот? Погледни го член 116 од законот и измери растојание помеѓу двата семафора. Башка во центар на градот би можело да има пешачка зона како во секој главен град, а не да се лета со колите. За строг центар на град зборуваме, а не за автопат!!!

Во пешачка зона нека е дозволено да се движат пешаци насекаде по улицата, а јавниот превоз е ограничен на 30km/h.
Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Одг: Закони ли се закони, клаберски маки големи
« Одговори #479 на: 17 Март 2017, 18:51:24 pm »
Канали посебни за пешаци ко стоката што ја тераат во кланица
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата