Деновиве разгледувам нешто по салониве што се нудат нови коли, па се јавив и во М-Кар да видам што има со заден погон
Преку телефон ми дадоа интересна понуда за 118i со комплет М-Пакет и автоматски менувач.Бидејќи ја немам возено колава, ме интересира некој повеќе што се разбира во BMW да ми каже општо мислење, ги бива овие мали мотори, подвозје, дали вожњата е класично BMW или се шминкерај за низ град? Повеќе мене ме влече накај 120i или 125i, мада без 6 цилиндри, не знам дали има поента вториов.
Не дека ќе одам денес да купам, ама ме заинтересираа
Си правам филм за некој "разумен хот-хеч" (не овој мотор секако) на ново за годинава и би сакал да останам на заден погон, ама изборот е минимален.