@vlatko.klp ...да ти доловам зашто Дени е во право, па како сакаш сфати:
Во саботата имав свирка во еден од кафичите на сред Кеј.
Бидејќи сум товарен со опрема, цело лето го користев оној службен пролаз позади трафиките каде поминуваа камиони кога се градеше плоштадот...
Тој пролаз е генерално шеталиште и за да можеш да поминеш со кола тој средниот стуб треба да е спуштен...ја оставаш опремата и се паркираш на друго место..паркинг, гаража...сеедно.
Оваа сабота стубот не беше спуштен и фино лепо (иако изнервиран) си ја паркирав колата пред него и на рака ја м`кнев цела опрема до кафичот..во неколку наврати...
Кога се вратив да ја препаркирам колата во гаража, до мене улета бело X6 ново...милиметарски да ми закачи десен ретровизор,,,
Почекав да видам кој е и од него излезе една дебела свиња, која откако виде дека е стубот кренат, клекна и го
откорна лимениот капак од каде се контролира стубот, си го спушти и си продужи мангупски позади кеј....
Ме занимаше што толку му беше итно и тргнав по него, само за да видам дека нема ниту товар, ниту опрема, туку типот сакал џипот да му е паркиран до сепарето на кое седеше со уште 2-3 прасиња слични на него. Жени ни на километар од нив.
Тоа, пријатељу, ти е олицетворението на денешните луѓе кои дошле до јака пара да возат скапо БМВ.
Ретко, скоро никогаш нема да видиш човек како излегува од скапо БМВ и да си речеш "Алал, да му е, сигурно многу учел и се трудел за да го заработи"..туку ќе речеш "Ооо море крмак дебел, нема да умреш ако попешачиш 15 метра пешки од паркинг до сепаре...па уште и капакот го откорна за да влезеш со новиот џип сите да те видат".
Правилно или не, во моментов не е битно.
Битно во 90 тите, ова го немало.
Денешното време дозволува луѓе со таков ментален склоп да стигнат до X6..
Тоа е грешка на времето во кое живееш...последица на извртени општествени вредности...како сакаш кажи...и никој не е роб на својот ум ако го гледа тоа околу себе ..А во Скопјево братче, го гледам скоро секој ден...
And on THAT bombshell....новото БМВ 8 никад нема да го има статусот како старото.