Врачед тоа што ти не си знаел како да ја возиш каскадата не значи дека истата е лошо возило. Тоа ти е исто како да седнеш во формула нема да знаеш да ја возеш и лоша е поради тоа?
А дека опел има лоши мењачи немој да ми солиш памет бидејќи ги поседувам сите можни комбинации од мењачи на опел
Кадетот има супер мењач па што станува за другите. И уште еден твој податок автоматикот во корсата е доста интелигентно направен и секогаш држи отприлика 2000. И бев доста изненаден како знаеше кога треба а кога не да смени. На нагорнина знаеше да иде во повеќе вртежи како што треба на забразување знаеше да врати брзина надолу. едноставно никогаш немав замерка како менува брзини.
Еве, ќе ти објаснам нешто за Каскадата ако толку љубиш:
1. Мењачот е ОЧАЕН во автоматски мод. Прво ја возеше Дени, после ја возев јас.
Дени ја загази, го интересираше како влече и слично. Од таа ситуација научив дека 3 секунди треба да стои моторот на 4000 вртежи за на „паметниот и интелигентниот“ мењач му текне „абе, има напред уште брзини ова“. 4000 вртежи НА ДИЗЕЛ, замисли ја бучавата внатре.
Откако јас седнав, возев релативно споро, по знаци на обиколница затоа што не љубам брза вожња кога сум со луѓе во кола. И тогаш е истиот проблем, само што тогаш, наместо 3 секунди, трае 1.5 секунда, и ПАК СМЕТА.
2. Буката внатре ја простувам заради soft top.
3. Кожата на седиштата беше единствено нешто што ми остави позитивен впечаток, исто и страничната потпора. Кога агентот за продажба кој се возеше со нас наслушна дека ја коментирам кожата, додаде дека чини 3200 евра (со зборови: три илјади и двеста европски парични единици).
4. Просторот внатре, спореден со Astra GTC која ја возевме претходно беше буквално во размер 1:2, а колите треба да се на иста платформа. Разбирам дека и задните седишта треба да се функционални, ама ради тој кров мочан, НИ НА ЗАДНИ НИ НА ПРЕДНИ седишта н-е-м-а м-е-с-т-о.
П.С. Ако немавте замерка како менува брзини, зошто стаивте мануелен?