Автор Тема: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam  (Прочитано 65975 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #1 на: 08 Јануари 2014, 11:56:04 am »
При високи вртежи моторот е неподносливо гласен внетре. Без гас, на пример на надолнина с моторно кочење не се седи над 4000. Од друга страна со отворени прозори звукот е подобар (спортски).

Возилото е превисоко, посебно позади. Треба да се спушти поприлично за да заличи. Ова не е предмет на дискусија, задолжително е.

Моторот е добар. Но, мислам дека со оваа цена требало да се додадат барем некои ситни моменти како стартстоп, микрохибрид старт (електромоторче 0-1200рпм), ем ќе ја намалат потрошњата на градско возило, ем даваат дојам дека некој се потрудил да си во тек со технологијата.

Нема копче за гасење на TCS/ESP, страшно те укочува тоа.

Сити мод за лесен волан е добар. Но, не памти дека си го уклучил кога ќе ја изгасиш колата и треба да го палиш наново. Поарно ич да не го ставале копчето ако треба да го палам на секое влагање. Глупости, треба да си памти.

Титкалото за каиш е пристојно, но и напорно. Во ред потсетиме дека треба каиш, па остај 10 секунди пауза па пак потсети. Немора да ти титка во мозок додека не ставиш. Или да се стиша барем.

Многу добра возачка позиција, многу интересно за возење, убави команди, добар волан, добри седишта, добро радио. Откога ќе се спушти ќе има и добри возни карактеристики.

Има небо на таванот. Можеби таму стои панорамски покрив? Весело е.

Многу тешко се излегува од вратите зошто се големи. Но затоа имаат добра странична прегледност. Задна прегледност е лоша заради големите пилари.

Седиштата се бели и испрљани после 800км возење. На што ли ќе личат после 30.000км? Да се избегне белиот ентериер.

Колата е многу добро градско возилце за исклучиво два патника и ниту еден повеќе. Освен микро деца позади. Вреди да се дадат 10.000еур на ново, да имаше интересни системи за заштеда на гориво можеби и 11.000 стартстопови и слични ствари. Микрохибрид и гасење цилиндри и пет тактен мотор може и ќе се истрпи 14.000еур.


Ружноста му доаѓа од висината позади - според мене. Го убива висината во поим. Среќа тоа се коригира, другото е ствар укуса. Цената е ретардирана.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #2 на: 08 Јануари 2014, 12:05:19 pm »
Гледам по нашиве слики дека задните тркала немаат многу простор за спуштање. А и по интернетов неможам да најдам спуштен Адам. Дали тоа значи дека ќе има проблем со спуштањето и заличувањето?

За 5цм сигурно нема да има проблем. За повеќе времето ќе покаже.


Пристојна висина:



Магаре:


Сликиве не се манипулирани.
« Последно менување: 08 Јануари 2014, 12:16:47 pm Deni »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #3 на: 08 Јануари 2014, 12:07:13 pm »
Мене ми личи на деформиран Форд Ка :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
  • Renault Megane R26
Одг: Re: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #4 на: 08 Јануари 2014, 12:19:06 pm »
Ford Ka na steroidi;D

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #5 на: 08 Јануари 2014, 12:29:17 pm »
Смеам темава да ја ставам во  Комедија, смешки и вицови или во што ме насмеа денес?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #6 на: 08 Јануари 2014, 12:35:00 pm »
Мене ми личи на деформиран Форд Ка :D

But... BUT! Некако чудно симпатичен ми е ... :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #7 на: 08 Јануари 2014, 12:40:27 pm »
Јас не знам што толку му се нафрливте на Опелчево. Не е лошо. Малку задницата му е грда, а останатото си е ок како за мало граЦко возилце :)
Инаку неќам мали граЦки возилца, не ме собира во последно време...
А кога сме кај нив:

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #8 на: 08 Јануари 2014, 12:58:39 pm »
Мало скапо кварливо и невозможно да го продадеш.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #9 на: 08 Јануари 2014, 15:24:44 pm »
Името бе, името.... Опел АДАМ 1.4 ЏАМ...

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #10 на: 08 Јануари 2014, 15:48:31 pm »
Чекај, кошта 15 000 евра? 15 илјади евра за ова мало гомце?


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Re: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #11 на: 08 Јануари 2014, 15:52:45 pm »
Тенџере.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #12 на: 08 Јануари 2014, 15:56:32 pm »
Цената е помеѓу Фиат 500 и Мини/ДС3, што е до некаде логично. Поефтино од Фиат 500 нема логика да биде, од скупите градски гомца е, не е Форд Ка :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #13 на: 08 Јануари 2014, 15:57:43 pm »
Цената е помеѓу Фиат 500 и Мини/ДС3, што е до некаде логично. Поефтино од Фиат 500 нема логика да биде, од скупите градски гомца е, не е Форд Ка :)
Зошто би го рекол тоа?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: CARclub Тест: Opel Adam 1.4 Jam
« Одговори #14 на: 08 Јануари 2014, 15:59:24 pm »
Задницава ужас :(