Ајде овде ќе го пишам мојот последен пост во комуникацијата на темата Адам Опел со тебе (мислам на Крел) и останатите кои ќе се пронајдат. Се извинувам за офтопик но верувам дека и не е толку битно што е офтопик бидејќи ќе биде последен.
Да нема недоразбирања, ова го зборувам од аспект на форумска некултура, недругарство и од желбата за тролање без основ без притоа да не се мисли на останатите членови. НЕ ГО БРАНАМ ОПЕЛ, го бранам достоинството на форумот и затоа трошам време ова да го напишам, инаку со око не би трепнал во други околности.
Значи Крел, ќе пишам конкретно за тебе, но се однесува и на други тука кои ќе се најдат во муабетот. Ти не ја испушташ шансата да ПОТЕНЦИРАШ колку ти си објективен тип без предрасуди. И пошто нели правиш споредби меѓу мене и тебе еве ќе споредам дека јас тоа во ниеден пост во темата не го тврдам, по тоа се разликуваме јас и ти.
Од почетокот на темата се си беше во ред. Зеро направи ревју, пиша што пиша, и тогаш ти дојде онлајн со коментари во стилот:
Зеро прав другар. Не ти кажал за да те спаси од кошмар.
И јас би сакал да имам такви пријатели ко што ти е тебе Зеро, односно што мислат да не ми направат стрес.
Па океј, мала шала. No offense taken. Не знам зошто Зеро не ме повика како што ме викаше за други возила но не навлегувам.
Понатаму
Не можам да си поверувам дека нацртале небо на кровот. Ова треба да биде замена за панорамски кров? Или се трудат да освојат награда во кич?Сериозно ко да го дизајнирал некој од оние што прават Fake Tuning...Што има плус од вакви детали? Стапчиња од сладолед на бандажите да тропаат? Или канче од Јогурт па да тропа кога се врти?Банана седло? Вуна на волан?
Награда во кич? И пази сега. До овој момент сеуште човек ќе си рече, објективен е но се шегува. Кич? Со не знам колку награди за дизајн? Red DOT? Ова-она? СО не знам колку опции за кастомизација? Кич? Ајде сега преброј си во колку твои постови ги спомнуваш зборовите кич и фејк. Во мнооогу. Преслушај си како ти си далеку покомпетентен од сите стручни жирија во Европа. И веќе од твојата објективност нема ни О. Да застанеше тука сеуште ќе бев убеден дека се трудиш да бидеш објективен. Но не. Ти не си објективен. Ти си трол (бар што се однесува до оваа тема). И продолжуваш натаму со уште не знам колку постови да бидеш трол. Ко на пример:
Со купување на возилово добиваш одма и надимак "Шабан", или ако сакаш да го купиш мора да докажеш дека си Шабан?
Или пошто ова ADAM делува некако , како да кажам.. Може да се прекрсти во Opel Shaban
и многу други, особено оние кон средината и крајот на темата.
Јас ти одговарав со шала во стилот
Шабан Шаулич. За него нема Адам. Он у Голф се вози
Нели, во ред. Шабански е за тебе и тоа е твое лично мислење. Па немора со 700 постови да повторуваш дека е кич и дека е шабанерија, тоа веќе еднаш го кажа ОБЈЕКТИВНО..... освен ако не сакаш да бидеш трол и да се зајадуваш со твоите форумски другари. Секако разбирам шала ,но кога гледаш дека некого го фрустрира твоето тролање па for Christ's sake олабави малку и ОЛАДИ. Спомнуваш некој си форум за Шкода каде луѓето не се жалеле ако некој кажел лошо за шкода. Ама ти бе ми ги пукна мадињава со твоите „забелешки“. Спореди се на тој форум дали било кој друг постапува како што ти постапуваш овде.
Имаше во темата и конструктивни забелешки со кои се слагам на кои одговорив исто така конструктивно и информативно но без да го бранам Опел гледајќи низ розеви цвикери што би рекол Велештрумф
Подобро ке беше да го нудеа и со турбо мотор.
Гледам и во неговата класа сите имаат турбо мотори.
Ќе има 1.0 и 1.2 рурбо мотори наскоро, а и цената ќе падне прилично бајаги.
Нели и цената ќе падне, бидејќи и во Германија е падната и со тоа Опел е позициониран со најниска цена, пошто нели, некој забележа дека Адам би бил во одлична положба ако е најевтин од другите. Но не, мора само да се трола и трола и трола и покрај информацијата дека во Германија е најевтин и дека неизбежно е и тука да биде исто така најевтин (како што беше Астра Х и цела Македонија се стори со по една...(вулгарно кажано) ).
Цената. Не дека е прескапо, ама претходниот се продаваше пре евтино и сега ова полоша зделка него за претходниот модел. Очекувам да цената падне со текот на времето (и мојот модел почна да се продава 29000 еур, па падна на 22000 еур)
Па зар ти очекуваш цената да падне? Ама чекај, ова е муабет за Хонда а не за Опел. Тоа е вистинска објективност. Затоа и ја отвори темата за Хонда оти ти си објективниот и ти требаше да се појавиш да отвориш тема која веќе со годии постои.
И после ова си имаше фина убава дискусија во стилот
Ако не тестиравте како звучи Shaban во Опел -ов, исто ко да не сте го тестирале..
Јас би сепак овој Шабан
Ама не во Адам ов, пошто ова е сепак фина музика и не му личи
Дарко
Цццццц...... колку си значи безобразен...
Нели, другарски си правиме муабет иако ти продолжуваш, no offense, non taken. Немам проблем, никој не притиска и не ти ги вади од контекст пишаните работи.... не сеуште.
Krell ако не ти се свиѓа со фејк небо, можеш да си го порачаш со фејк дрвена ламперија и да се осеќаш како дома.
Фино, топ доловен моментот. Ако не сајкаш шабанско ѕвездено небо, не мораш да го имаш. Истото и јас го потенцирав повеќе пати. Но за инает мора истото да се повтори 7 миљарди пати нели пошто тоа е баш објективно. И тоа е воедно и главниот адут на Врачед да донесе одлука: Опел е Срање, пошто нели он никогаш не го поседувал ниту знае нешто а сепак е експерт.
Еве друг пример за фин муабет:
За вакво количе не треба да се имаат никакви предрасуди. Тоа му е и поентата, не запазува никакви "правила" во дизајнот, пробува да понуди нешто поразлично на пазарот од тоа досега, овозможува персонализирање на секаков начин и за сечиј вкус од купувачот. Било тоа небо, тепих или разгледница од Скопје 2014, тотално небитно - вкус на купувачот.
Мене лично не ми се допаѓа позади и неприродната странична линија. Кога би имал толку пари за посебно градско количе би го купил.
Фиат 500, си има историја, си има нешто шмекерско во него.
Мини, исто така богата историја, фенси, кул ауто.
ДС3, француска елеганција, исто и тоа си има историја.
Опел Адам, нема ништо, дудук кола. Небоно колку очајно изгледа у живо, тоа е страшна работа. Вака како возило можеби и е интересно, но коа би купувал мало градско возило и коа ќе одам да ги погледнам погорните три, нема ни да ми текне дека постои Адам-ов. Не знам зашто Опел пробува да се пробие таму каде што не им е место.
Баш од на брат ми причиниве сметам дека треба да е поефтин од наведените.
Но спореди си ги твоите постови со погорните постови. Поради тоа фино заслужен коментар од страна на Семоќниот:
Ako ima od vas pogolemi trolovi, jadenje burek 4 strani za edno dzvezdeno nebo ... I posle zenite drndale
Значи, многу фино доловен момент.... што сепак за троловите не значи ништо. Тие мооооора да продолжат и да пишат уште 21 страна тролање.
Но во ред. Секој има живци и трпение. Следнава комуникација беше turning point:
За нешто да биде религија треба да се верува бесмислено во нешто и тоа да биде масовна појава
Религија на форумов е дека дизел е подобар во све од бензин на пример.
Добро, ајде, не е религија, фанатизам е.
Баш сте некои другари.... Може уште 7 страни да напишете па да затвориме Опел како тема еднаш за секогаш?
И после ова почна срањето. После ова дури и модераторите кои не смеат да си дозволат таков гаф преминаа на вадење наработите од контекст и залепување на етикета дека сум бил не знам каков бранител на Опел? И дека другарски од вас би било да почнете да го сакате Опел, според Фаланга нели така? Па тоа е тоа што сакам да објаснам а некој тука се прави Чак и ми ги вади речениците од контекст. До овој момент воопшто никој не го бранеше Опел, ниту пак продолжи да го брани.
Проблемот е во недругарското и некултурното однесување кое следеше понатаму. Убаво рече Зеро, сум се возбудувал. Па и да сум се возбудил вие треба ли да бидете другари и да имате обзир како се понашате и што правите? За такво другарство зборувам, за вашето однесување а не за сакањето на Опел на сила.
После ова замисли следат уште 20+ страни недругарско однесување во бетер стил. Тоа во општо не сакам ни да се навраќам да го коментирам оти е уништувачки по расположението. А у остало, и не ми значи премногу дискусијава за да трошам саати и саати и да кршам тастатура со муабети кои и онака очекувам дека повторно нема да се сфатат.
Вистина е дека и јас ја тролав Алфа пред две години еднаш во две недели но тоа било со осет со по некој пост до два. На што личи ова? Ова ли е таа објективност за чие прифаќање вршиш толку голем притисок? Па на скалата на објективноста од 1 до 10 ова е 2-ка преку сила (и тоа двојка поради првите неколку постови и забелешки). Јас свесен сум дека некој може да претера во субјективизам по некогаш ама каде е доблеста да се признае тоа? Каде е доблеста да се рече: еј абе знаш дека си бил во право? И не е виткање кичма тоа што би рекол Онак, туку е резултат на форумскиот живот и сфаќањето на форумот сериозно и продуктивно. Ќе се дадам јас како пример во темата за меѓународните возачки дозволи, каде отпосле се фатив дека сум претерал со притисокот моето субјективно мислење да го направам Устав, што и онака е погрешно.
Им се извинувам на сите форумџии за долгиот пост, но мене ми е битен обидот да се обидам нешто да кажам и тоа да се сфати. Ако некој сака да ми реплицира во истиот стил како Крел и Велештрумф во темава, нека не се мачи биејќи моето на темава го завршив и не планирам понатаму да трошам зборови.
Сега си го читам постов по втор пат и јас си сфатив нешто битно од него и се решавам да си го сменам сопствениот пристап кон работите на форумов во позитивна конотација... за мене а верувам и за сите.