Nekako i nekade covek mora da vleze, da se povozi, da vidi so svoi oci i da sfati sto gluposti iznapisal.
И како искусен Опелџија те прашав кој е сонот и шмекот на Опел? Кажи ми еден збор што го опишува Опел..
Да бидам искрен, и мене ме интересира одговорот на ова. Сум возел пар Опели и ниеден од нив не ме натерал да жарам и палам по нив. Дури за жал, кај сите од нив го имаше моментот на „за малку“, односно многу малку фалело да се направи фантастична кола што ќе ги редефинира критериумите во класата во која припаѓа, ама у 90ти минут некој рекол „ај бе заеби, доста е“.
Еве некој влегол, повозел и пак се тоа глупости во очите на тие што место зеници имаат знакчиња на Опел.
Субјективно: Опел Адам не ми се свиѓа.
Објективно (објавувани тестови во официјални медиуми):
- Астрата е претешка. Јас ја возев со 1.6 мотор, сефте кога ја донесоа. Греота беше. Сега ја нудат со 1.4 мотор. Немам зборови. Нормално, според Опелџии, во ред е Астрата што е тешка, пошо нели, тоа да ти било сигурност/безбедност блабла. Шие ми га Џуро.
- Ентериерот на една недела стара Инсигнија крцкаше на секој допир. Нормално, според Опелџии, валиден аргумент би било - „А шо твојот Лансер бољи да не е“. 1.6 Турбо-Дизелот не можеше да работи стабилно во услови на поредок воздух. Малку фалеше да изгаси. Шие ми га Џуро, втор дел.
- (К)Антара. Не. Нема потреба од елаборирање, ќе поцрка серверот. Ни близнакот Каптива.
- Корса - солидно мало ауто, меѓу најдобрите во класата. Возилото јас што го возев беше со промашена комбинација мотор/опрема т.е. 1.2 со некој „Спорт“ и беше 200 кила полесна од Астра (што веќе у старт е претешка). Мал компакт тежеше колку регуларен семеен компакт. Не е крива колата, крива е комбинацијата.
Пробај објективно да посочиш каде тоа сум напишал глупости.
Како и да е, ниеден Опел не успеал да ми остави толку силен впечаток после возење, за да речам „Да, дефинитивно, оваа кола е добитната комбинација“. Едноставно немало нешто што ќе ми направи разлика во однос на другите, ниту па некаков „скриен феномен“ кој ќе ме натера да се заљубам во возилото.
Најобјективно стојам зад ова:
„...кај сите од нив го имаше моментот на „за малку“, односно многу малку фалело да се направи фантастична кола што ќе ги редефинира критериумите во класата во која припаѓа, ама у 90ти минут некој рекол „ај бе заеби, доста е“.“ (освен во случајот за Антара, али тоа не го ни рачунам за Опел, штета што го носи тоа лого).