Автор Тема: Перални низ Скопје?  (Прочитано 994356 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2010 на: 15 Август 2014, 22:14:58 pm »
1. До 250 денари максимум, внатре и надвор комплет.

2. Ако е во смисол какви производи ќе се користат при перење добро би било, секако тоа да биде прифатливо.

3. Да нема замачкани флеки, прозорите да се убаво избришани, да нема оставено капки по возилото.

4. Обично обраќам внимание на пребришувањето на возилото.

5. Добро би било, но и не мора да е кафетерија, доволно е да има и само масичка со столчиња.

6. 30 минути.

7. Пожелно е да има, да си пијуцкам нешто додека чекам. Пример автомат, фрижидер.

8. Нема потреба.

9. Летно време до 20-21, зимно до 17 часот. Идеално време не знам, кога се има време.

10. Интересно, би сакал, поготово ако има широк избор на квалитетни производи.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2011 на: 15 Август 2014, 22:19:22 pm »
1. 200
2. може, едно нормално со восок (200ден) и едно како полу хемиско да му дојде
3. убаво испрано од надвор, добро пребришено, избришана добро шалт таблата, парфемче прснато, гуми поминати...
4. добро избришани стакла (првично) и добро избришана шалт табла
5. Не кафуле, доволно се две- три масички
6. 30 минути
7. Да, посебно гратис кафе од кафемат (доволно за почит кон муштеријата)
8. Може :) :) :) (ама тоа би одело заедно со кафуле)
9. Лето 20часот , зимо 18
10. Даааа и мислам дека добро ке ти оди со тоа
11. Локацијата е многу битна (ако не и најбитната)



Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2012 на: 15 Август 2014, 22:59:08 pm »
Ајде клабери,ме интересира како би изгледала пералната во која би сакале да ги перете вашите возила  :)

1. До 350 денари (ќе образложам подоле).

2. Да. Традиционално перење (шампон, вода, пребришување со крпа и внатре чистење) да чини 200 денари. Да има опција (за тие што не сакаат крпа да им го допира возилото) колата да се суши со компресиран воздух. Таа опција да чини 300 денари. За секој тип на перење да има доплата од 50 денари за восок.

3. Четка и сунѓер да не постојат во пералната. Убав слој на шампон, да се остави доволно време да реагира со нечистотијата (да не биде прсни и пери одма), и потоа со вода да се помине внимателно. Внатре да се избришат сите површини БЕЗ СРЕДСТВО (освен по желба на сопственикот). Стакла да се бришат со крпа што е само за стакла, и не седи во истата вода како тие за каросерија. Да се усисуваат седишта и во просторите каде што има шавови (да се рашири со прст шавот - ко вагина ;D). Гуми да се прскаат со неразредено средство.

4. Да се обрати внимание на возилото. Кога усисиваат гепек или теписон да не го рендаат браникот или прагот со цревото. Да не се потпира со колено на седиште, да се глеа што е можно повеќе работникот да нема контакт со колата.

5. Би било океј. Ладно/топло, во зависност од годишното време. Обавезно со излог кој гледа кон колата.

6. Јас би чекал и до 40 минути, од почеток до крај. Чекање да се расчисти гужва не го сметам во тие 40 минути.

7. Пијалоци да, храна не, освен фабрички запакувана.

8. Види 7.

9. Во лето секако би било пожелно порано да отвора, покасно да затвора. Во зима, до 5 најкасно, да има време водата да се исцеди, да не замрзнат брави и кедери.

10. Неодлучен сум за ова.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2013 на: 16 Август 2014, 00:24:38 am »
1. Солидно ако подразбира да не најдам кал во бандажи и остатоци од пакни како секогаш 150 денари.
2. Апсолутно и најважно од се. 150 да е ова што реков, а за рецимо 300 да може да ја почастам колата со детално пребришување внатре плус.
3. Да нема прашина внатре, и да нема земја во бандажи. Редовна утка, редовна.
4. Бандажи и копчиња за прозори по вратите.
5. Не, сакам побрзо да се заврши, или да се закаже ако е до толку гужва - пре него ли да седам во кафич.
6. 15 минути највеќе од влегување до излегување со тие 150 денари. Ако сум дојден за поскапите чистења пеки и повеќе.
7. Нема потреба.
8. Таман работа - не.
9. До 21ч навечер летно време, 19зимно.
10. Не.
11. Да не го пикаат тоа вапот во подкрила. Затворска казна да следи.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2014 на: 16 Август 2014, 09:57:12 am »
Како дополнителна опција би сакал да може газдата на пералната (не перач некој) да дојде да ми ја земе колата од дома/работа и да ми ја врати после испрана. Или да работи пералната до 9-10 навечер.

Првата опција ја има во перални во регионов и мислам дека е изводлива, само да не прави глупости тој што ги зима и враќа.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2015 на: 16 Август 2014, 10:34:07 am »
Моментално во Струмица,ми ја земаат колата од работа\дома,или го земам газдата ме носи до каде што треба да одам и потоа ми се јавува и пак ја враќа каде и да сум.
У случај да седам и да чекам го имам тоа гратис кафе од кафемат.
Вртам круг околу пералната да се излие цела вода од ретровизори и др скриени места,пак ја пребришуваат и си одам.
Не користат средства за бришење на внатрешноста,користат Сонакс крпи,средства и вистински еленски.
Перење е 150,со восок 200.
Посебно ми се допаѓа што ги пребришуваат местата под капакот на багазникот каде што знае да се собере доста ѓубре при истекување на водата. 

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2016 на: 16 Август 2014, 10:38:27 am »
Не смее 150-200 денари да биде со зимање и враќање во Скопје. Треба да биде од 300 до 500-600 денари, зависи колку е далеку локацијата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44964
  • Il Moderatore
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2017 на: 16 Август 2014, 10:56:10 am »
Тие доминос пица не сакаат до ѓорче да ми донесат, а не па колата да ми ја земат и да ми ја вратат  :D :D

да не го тупам по ред, вака би било:

- Цена, во зависност од услугата, Само надвор, 100-че, внатре и надвор 150фче, 200 со убаво поминување со восок, а не фрц, фрц тук-таму со некоја боцичка напунета со којзнае-што.
-  Внатре обраќам многу внимание и многу ми смета ако се замачкани прозорите и ако околу мењач не е собрано асално со усисивач и пребришана прашина. Да, деликатно е, треба повеќе време, ама џабе колата чиста, кога таму е гнасно. Исто така, местата каде што се затвораат вратите на шасија и самите врати од „невидливата“ страна мора да бидат избришани со посебна крпа која не брише каросерија или внатрешност.
- Надвор обраќам внимание на бандашите, ниските делови и местата кои се понедостапни, а се видливи.
- Место за седење може да има, друго не мора. Ако има повеќе од една две коли за чекање, и онака не чекам.
- Време за перење не смее да надмине 20 минути. Двајца ако ја фатат, за 15 минути се завршува квалитетна работа.


Не ми текнува друго..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2018 на: 16 Август 2014, 10:59:53 am »
На кратко да сумираме: Ефтино, брзо, да нема гужва и да не пропуштат место внатре и надвор. Е да и со поскапи средства и секогаш нови и квалитетни крпи ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2019 на: 16 Август 2014, 11:15:46 am »
Ако Бушавиот е на било кој начин инволвиран во некоја перална, јас со задоволство ќе одам таму. Генерално, немам што да додадам бидејќи веќе ги кажаа сите работи.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3153
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2020 на: 16 Август 2014, 11:57:41 am »
1.Орентационо која би била цената која би ја платиле за солидно перење?

250-300 максимум

2.Дали би сакале да има повеќе класи на перење,се разбира од најефтино до најскапо?

Ако 100че е само од надвор основно да. За 300 сакам да сија и внатре и надвор.

3.Кој е вашиот критериум за добро испрано возило?

Да нема флеки, кал, бубачки однадвор, внатре да нема прашина, да е усисано сегде, стаклата да се пребришани со средство за стакла, патосниците вратени на место како што треба, да се пребришани кедерите, да нема останато бели трагови од вода (најчесто под ретровизорите).

Би било убаво да се користи помека вода од скопската (незнам како би било ова изводливо хехе), и млака, не ладна

4.Кој се деталите кој најповеќе ги забележувате при перење на возилото?

Читај погоре

5.Дали би сакале да има место за седење(кафуле) во пералната во која ќе го перете возилото?

Ако морам да чекам повеќе време да, ако неморам може и само столче, ама да не ми ја перат колата ко на трка колку да се каже, туку стварно да се испере.

6.За колку време би биле задоволни да ви го исперат возилото?

20-30 мин

7.Дали би сакале да има пијалоци(алкохолни,безалкохолни,кафе) во склоп на пералната?

Сеедно, побитно е да има нешто да се читне

8.Дали би сакале да има брза храна во склоп на пералната(сендвичи,тостови,пица ...)?

Не

9.До колку часот би сакале да работи пералната,кое време е за вас иделно да одите на перење(зима,лето)?

зиме до 21 лете до 18, идеално време - кога нема гужва - по можност со закажување за да не чекам

10.Дали би сакале да има автокозметика во склоп на пералната?

Да, зашто да не али да се нормални цените, не пренапумпани.

Отсутен Bu$aV MeGaNe

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1857
  • Renault Megane R26
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2021 на: 16 Август 2014, 13:13:37 pm »
Повеќето од одговоривите се очекувани,бидејќи и моите критериуми за добро испрано возило се тие.

Сега за сега е само идеја која би сакал да се реализира,во која сум инволвиран јас и уште еден член од форумов.

Нашата замисла е да смениме нешто во начинот перење возила во Скопје,која се надевам дека ќе ја реализираме иако знам дека ќе биде многу тешко.
Еден од клучните проблеми е да се обезбеди добар персонал ама се надеваме дека ќе најдеме.
Во склоп на пералната би имало и уште еден објект кој секако би се користел за храна и пијалоции би сакале исто добро да фунционира независно од пералната.
Во иднина би сакале да има уште некоја дејност поврзана со автомобилите во склоп на истиот објект.

Да се надеваме дека во блиска иднина ќе имаме една од подобрите перални во нашиов град,во која клабериве ќе бидат сигурни дека ќе имаат добро испрано возило  ;)

Слободно пукајте со уште предлози  :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Re: Перални низ Скопје?
« Одговори #2022 на: 16 Август 2014, 13:15:27 pm »
Одма ти кажувам дека Карклуб ќе застане зад вас и ќе помогнеме со промоција. :)

Отсутен Dando

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 339
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2023 на: 16 Август 2014, 13:24:45 pm »
Like

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1465
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Перални низ Скопје?
« Одговори #2024 на: 16 Август 2014, 14:25:05 pm »
Локација е најбитната ствар, по можност 2 или 3, за сите страни на Скопје, и асистенција од по еден baby Christ за секое перење. Тие перења се во просек 7 минути. што секако би ја убрзала работата. 2-ца предперење, 2ца бришење у лента. Цена никако испод 200. + нагоре за марифетлаци