Многу добро перење нуди пералната карши Макпетрол кај АМСМ, од страната на Беверли. 150 ден. е перење, и според мое досегашно искуство, дечките стварно се посветуваат на колата, да ја зачистат што би се рекло, и каде не треба
Иначе перењето е и внатре, и надвор, така да, целосно гледано, доста добра услуга нудат... А за пиење кафенце додека се пере колата, во близина има пар кафичи (Казабланка и тоа до него што стално го заборавам како се вика
), „Зебра“ е во близина, Беверли итн итн, така да, има избор за кафенце, а богами и јадење
За Рамстор појма неам, ама пералната кај Макпетрол кај железничка нуди доста добра услуга, по малце повисока цена. Перењето е исто внатре и надвор.
Перална што би ја препорачал само на смртен непријател, мада дури и за него би ми било жал, е пералната на Макоил, онаа накај Лисиче или Аеродром или појма неам во која населба спаѓа.
Заклучок и наравоучение: Доколку имате каде, најубаво е сами да си посветите внимание на вашата драга 4wheel особа
И внатре, и надвор, и под хауба (ако некој практикува и тоа)... Башка, никој нема да се посвети толку, колку вие самите нели... Единствена негативност е што, при овој случај ќе ги видиш гребанките и рецките од талентите на паркинг, што претходно не си ги видел. Али fudge, таква ни е „културата“...
П.С Прибирајте си ретровизори во автоматизирани перални и на паркинг!