Многу инфраструктурни работи треба да се сменат за да сакаш со градски превоз, точак или пешки да одиш низ Скопјево. Човекот бира што е најконвиниент за него. Сега за сега, тоа се колите кај нас.
- 15км возење со автобус, чинат преку 1 час (од Ѓорче до Ново Лисиче), и тоа во офф пик времиња, да не зборуваме наутро и попладне кога луѓе одат и се враќаат од работа.
- Ако ти заврне дожд додека одиш пеш или со автобус или со точак - мама ти се е*ала од кал и ѓубре. Не е само дождот проблем, еден куп вирчиња, бари трагови во асфалтот те спречуваат нормално да функционираш пеш или со автобус или на точак.
- Паркираните возила на тротоари.... (многу пати коментирано)
- „подзастанување“ на тротоар за до трафика, банкомат и сл....
- Бандери, контејнери објекти на пешачките/велосипедските патеки поради кои си приморан да се симнеш од тротоар
- Симнување/качување од велосипедска патека на коловоз и обратно, преку раскрсници, со „прескок“ од 20cm.
......
.....
......
- Културата на луѓето. Без разлика дали се на точак, пеш или со возило. Ни се велосипедистите покултурни од возачите, ни пешаците се помалку културни од велосипедистите. До народот е. Тука мора многу да се работи, почнувајќи од најрана возраст. Родителите се role model за своите деца. Ако јас не поминувам на пешакчи преку улица, и ако не почитувам црвено светло, нема да почитува ни моето дете.