Генерално, многу збориме на оваа тема ама никој не искача со конкретни предлози и решенија. Еве што мислам јас дека треба да се преземе за колку-толку да се подсредат работите:
- Треба да се обезбеди паркинг околу центарот на Скопје, ама од сите страни. Во моментов, сите паркинзи кои постојат се од страната кон Аеродром/Кисела вода. За тие што доаѓаат во Центар од „оваа“ страна на Скопје нема паркинг кој е блиску.
- Зонското паркирање треба да биде полесно за користење, особено за постари луѓе. Треба да има грејс период од 15 минути (со праќање порака, секако) и по едно бесплатно паркирање по зона месечно.
- Треба СТРОГО да се ограничи бројот на таксисти.
- Лиценците за такси треба да бидат строго ограничени и скапи, со можност за пренесување/препродавање. Ако биде фатено возило како вози такси без лиценца, возилото да се конфискува. Чао, пријатно.
- Таксистите треба да бидат подложни на поригорозна контрола и казнување. Рецимо, казна за таксист треба да биде х2 или х3 од онаа за обичен граѓанин.
- Возилата кои се возат за такси треба да поминуваат техничка контрола секои 3 месеци и да ги задоволуваат сите еколошки критериуми.
- По должината на цела Партизанска (и пар други сообраќајници низ градов) треба строго да се забрани застанување со кола, макар и на две минути, со цел непречено и лесно движење на автобусите.
- Од друга страна, ако автобуси бидат фатени во „трка“ (сите кои возат по Партизанска го приметиле ова) или како еден автобус заобиколува друг и со тоа блокира цела сообраќајница, да бидат стегнати СТРОГИ казни.
- (во контекст на веќе правениот муабет) Велосипедистите да бидат подложни на истите строги казни како и сите други. Казна за проаѓање на црвено? 300 евра. За негово добро.
- Да се казнуваат пешаци што ја проаѓаат Партизанска (и другите прометни сообраќајници) на необележани места. Прееска гледав 70 годишна баба како се пентра преку жардињерите, а друг ќе биде крив кога ќе ја качи на хауба.
- Да се воведе систем за „посрамување“ (public shaming) за поситни (али екстремно глупави) грешки. Рецимо, ако некој е тупаџија, да мора под казна 30 дена на колата да носи голема налепница на која ќе пишува „ТУПАЏИЈА“, за другите да знаат и да се спремат дека ќе вози 40 во лева лента на Партизанска.
- Да се врати системот со бројчаници на семафорите. Екстремно беше корисен, знаев дека имам 80 секунди да си читам форум на семафор.
- При полагање за возачка, да се елиминира полагањето на полигон (како тотално бескорисна работа) и да се воведе полагање во реални услови. 99% од тие што положиле не знаат да паркираат.
- Да се воведе казнена школа за грешки, наместо некои други мерки. Ако некој направи посериозен прекршок, да оди на предавања за безбедно возење месец дена.
- На поголемите раскрсници, да се разгледа опцијата за воведување на кружни текови.
- Да се обезбедат корисни и не-узурпирани велосипедски патеки, за Фиц, Мартин и Спенсер да не кенкаат. Ова директно зависи од обезбедување на доволно надземен или подземен паркинг простор.
Сигурно ќе ми текне уште нешто.. Идеи?