Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408454 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #675 на: 07 Јуни 2014, 14:57:46 pm »

@zeroSignal прашање до тебе, ако ти е по воља да го одговориш. Две прашања, иако всушност е едно прашање.

- Што е Agent Orange?
- Кој го произведувал?

Хербицид кој се користел за дефолијација и дефорестација, воглавно во Виетнам. Последиците од него се страшни, како што знаеме, а и ти фино ни покажа. Една од компаниите кои го произведувале е Монсанто, твојата омилена компанија во светот.

Али, добро.. По таа логика, треба да не купуваме IBM пошто Хитлер ги користел нивните услуги за организација на концентрационите логори. Кога сме више таму, да се бориме и против Volkswagen пошто нели, Хитлер. Исто така, да не купуваме ништо и од Hugo Boss, пошто униформите на Германците во втората светска војна се од Hugo Boss. Еве, и Audi тазе објавија дека на времето правеле мотори за авиони за Luftwaffe. Ќе ја откажам R8-цата, да се јавам само до централа.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #676 на: 07 Јуни 2014, 17:16:14 pm »
„Хербицид кој се користел за уништување растенија„... па се разбира дека се користел за уништување на растенија, затоа се вика хербицид.
Моментот комерцијална/некомерцијална намена е многу нејасен, посебно кога никој за ништо не одговара пред ниедно меѓународно тело... исто како што за методи на контрола и тестирање на безбедност на ГМО, не постојат никакви меѓународни стандардни или тела.


Нејсе. Морам да се осврнам на паралелите што ги направи:
По таа логика, треба да не купуваме IBM пошто Хитлер ги користел нивните услуги за организација на концентрационите логори. Кога сме више таму, да се бориме и против Volkswagen пошто нели, Хитлер. Исто така, да не купуваме ништо и од Hugo Boss, пошто униформите на Германците во втората светска војна се од Hugo Boss. Еве, и Audi тазе објавија дека на времето правеле мотори за авиони за Luftwaffe. Ќе ја откажам R8-цата, да се јавам само до централа.

Хербицидите уништуваат растенија, но убиваат и луѓе. Директно.
И прават еден куп генетски нарушувања.
Факти.


Униформите не убивале човечки суштества, не терале други поробени човечки суштества да ги палат убиените човечки суштества во печки за целосно согорување.
- Луѓето што ги носеле тие униформите го правеле тоа. Но тие убијци не убивале со униформите како предмет/алат, туку убивале додека носеле униформи.

Volkswagen и Audi правеле мотори за возила/летала. Војската не тепала луѓе со мотори кои им ги спуштале врз главите (ок Јапанците буквално тоа и го правеле, ама тие се друга приказна).

Паралеливе ти се несоодветни.
Да ги споредуваше хербицидите со оружјето на Luger повторно немаше да направиш одлична споредба, ама тоа барем ќе беше соодветна споредба. Luger е оружје со кое се убиваат луѓе, исто како многу други оружја. Во исто време, Agent Orange е хербицид исто како многу други хербициди кои убиваат растенија. Со таа разлика што убиваат и луѓе, или полошо, прават генетски деформации кај потомството.


Agent Orange е хербицид, и тоа хербицид кој според сите хемиски анализи е во голема мера е основата на Roundup хербицидот патентиран од Монсанто, кој денес е сеприсутен на посевите со ГМО, кои повторно.... се патентирани од Монсанто.

Монсанто, произведувачот на Agent Orange, хербицидот. Од кој хербицид и ти се согласи дека последиците по луѓето се страшни.


Воедно, знаеш ли што е уникатно за Agent Orange хербицидот?
Не, не е составот... Денешниот комерцијално достапен Roundup е со многу сличен состав.

- Agent Orange хербицидот е уникатен по тоа што тој е единствениот хербицид на Монсанто кој бил подлежен на транспарентни испитувања и експерименти, врз човечки суштества. Без предрасуди го прскале врз цели области. Како што денес Roundup хербицидот го прскаат во се поголеми количини врз ГМО растенијата за ни велат дека се безбедни за човекова исхрана.


Секоја понатамошна дискусија е без поента.
Секоја понатамошна трезвена и обмислена дискусија е многу пожелна, и има по сите нас многу важна поента.



П.С. За IBM и неговите газди нема да зборувам сега, затоа што непосредно пред втората светска војна истите луѓе ја финансирале Социјал Демократската Партија на Германија. Исто како што претходно ја финансирале и револуцијата во царска Русија.
Ама ОК, пак теории на заговори... тоа што дедото на Џорџ Буш бил на чело на IBM и бил осуден за колаборација со непријателот, тоа нема врска. Исто ако што газдите на тогашниот IBM (и сегашни, ама скриени позади анонимни холдинг структури) се истите газди од истите фамилии што го поседуваат Монсанто и другите ГМО фирми од таа индустрија (исто скриени позади анонимни холдинг структури).

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #677 на: 08 Јуни 2014, 09:15:05 am »
за методи на контрола и тестирање на безбедност на ГМО, не постојат никакви меѓународни стандардни или тела.

Постојат, се викаат стандарди за безбедност на храна. Не постојат посебни, различни стандарди кои ќе се применуваат само на ГМО и добро е што е така. Безбедна храна е безбедна храна, не треба (опасно е!) ако има едни стандарди за една храна а други стандарди за друга храна.

Toa e исто ко да имаш едни стандарди за безбедност за влакнести праски („природни“), а други стандарди за ќељави праски (добиени со „вештачко“ менување на генетскиот матерјал).

Тоа е исто како NCAP да прави едни тестови за едни коли и други тестови за други коли.

Тоа е исто ко ADAC да има еден комплет тестови за едни гуми, но друг, различен комплет тестови за други гуми, а после да делат исти категории на оценки.

Или да има едни стандарди за прием на работа за белци, а други за црнци.  Тоа е глупо на повеќе нивоа.

Тестовите треба да бидат исти за сите. Критериумите се тие. Кој ги исполнува - ги исполнува. Кој не ги исполнува - не ги исполнува.

А ова што упорно, упорно повторуваш дека „нема стандарди за контрола и безбедност на ГМО“ кога има, стручно се вика:

http://rationalwiki.org/wiki/Argumentum_ad_nauseam
« Последно менување: 08 Јуни 2014, 09:30:32 am filipv »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #678 на: 08 Јуни 2014, 10:41:57 am »

World needs UN GMO watchdog – Russia
http://rt.com/news/163852-russia-un-gmo-watchdog/
Цитат
Russian lawmakers advocate creation of an international UN agency not only to strictly control the turnover of GMO products worldwide, but with a top priority mission to scrutinize how consuming GMO foods would affect human health in the long run.

 Aggressive distribution of GMO worldwide is raising huge concerns for human health, said Russian Federation Council speaker Valentina Matvienko.
The speaker urged the executive branch to make a request to the UN General Assembly to initiate the creation of an international GMO watchdog.
“It’s absolutely clear that the GMO problem is a global issue,” Valentina Matvienko said.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #679 на: 08 Јуни 2014, 11:23:58 am »
Tака е тоа кога политичари се прават научници.

Што школо завршила Валентина и нејзините колеги од руската влада?

Ова се тие лоши последици од масовните паранои: популистички настроените политичари го слушаат „гласот на народот“ и носат лоши политички одлуки.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: ГМО
« Одговори #680 на: 09 Јуни 2014, 09:40:43 am »
Ја да прашам нешо, смејам на BASF касети да снимам музика, и Аспиринче од Bayer дали смејам да користам? Слушнав со нивни производи се труеле луѓе во ратот...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #681 на: 09 Јуни 2014, 13:59:25 pm »
Не купувајте BMW! Нивните мотори ги користеле нацистите во своите воени авиони со кои потепале милиони недолжни деца, жени и старци.

И Fiat исто! Колку фамилии зацрнила G-55-кава на балканот ни самата не знае:

http://en.wikipedia.org/wiki/Fiat_G.55

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: ГМО
« Одговори #682 на: 09 Јуни 2014, 14:00:25 pm »
Не симињајте торенти, ставаат дрога у нив.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #683 на: 09 Јуни 2014, 14:45:05 pm »
Ја да прашам нешо, смејам на BASF касети да снимам музика, и Аспиринче од Bayer дали смејам да користам? Слушнав со нивни производи се труеле луѓе во ратот...

Паралелата која ја правиш, навидум изгледа на место... Нели, и аспирин ако испиеш во големи количини, е отровен. Ама ако размислиш малку, и се едуцираш малку, тогаш би требало да ги земеш во предвид фактите:

- аспиринот е произведуван како лек, и се зема во точно определени количини. И што е најважно, аспиринот не ни го бутаат во храната, во неконтролирани количини.
- хербициодот од виетнамската војна (употребуван и други азиски земји) е по состав многу сличен на денешниот хербицид кој го употребуваат во комбинација со ГМО посевите. И што е најважно, тој хербицид ни го бутаат во храната, во неконтролирани количини. Во исто време, не замајаваат дека ГМО посевите се многу здрави по нас и по природата затоа со нив што се намалува количината на пестициди која се употребува.


П.С. Последниве постови, и генерално, ме заинтересираа: има ли некакви информации која е средната старосна вредост на членовите на форумов?  :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: ГМО
« Одговори #684 на: 09 Јуни 2014, 14:46:30 pm »
Maturity does not come with age.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #685 на: 09 Јуни 2014, 14:51:33 pm »
True that.

Ама младоста многу често доаѓа рака под рака со незрелоста.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #686 на: 09 Јуни 2014, 14:51:35 pm »
П.С. Последниве постови, и генерално, ме заинтересираа: има ли некакви информации која е средната старосна вредост на членовите на форумов?  :)

Со оглед на кемтрејлс, гмо уааа и путин јеее - би рекол некаде седмо-осмо одделение, не повеќе.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #687 на: 09 Јуни 2014, 14:54:59 pm »

На училиште не ве контролираат што правите на интернет?  :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #688 на: 09 Јуни 2014, 14:58:55 pm »
Никого не убедуваш на овој начин, освен можеби самиот себе.


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #689 на: 11 Јуни 2014, 11:55:46 am »
Со оглед на зачудувачката скепса со која се дочекаа (сосема валидните) компарации меѓу хербицидот Agent Orange и хербицидот Roundup, мислам дека има потреба од подетални информации за штетноста од овој денешен хербицид.

Дискусијава почнува да забегува во целосно погрешна насока. Ван само што ги изедначи хербицидите за комерцијална употреба со Agent Orange.

Секоја понатамошна дискусија е без поента.

Зеро, денес имав малку повеќе време да се осврнам на овој момент, за својствата и штетноста на хербициди за „различни„ намени. Затоа повторно те цитирам, твојот пост најјасно ја покажува скепсата која денес е резултат на сеопфатната скриена пропаганда на индустријата.
Заради тоа те повикувам (тебе но и сите други) да го прочиташ следниов текст и да го кажеш своето мислење за неколку факти кои верувам не си ги знаел досега (и не само ти, туку и едно 99,9% од луѓето).


Да се потсетиме, хербицидот Roundup се употребува на сите посеви со ГМО, сo ГМ семиња чии патенти се во сопственост на Монсанто. Всушност главна генетска модификација на овие ГМО е да биде отпорна на хербицидот Roundup (наспроти сите други пропагандни приказни што ги слушаме).

Како и да е, главна хемиска состојка на овој најупотребуван хербицид денес, e glyphosate (N-(phosphonomethyl)glycine). Друго име што се употребува е 2-[(phosphonomethyl)amino]acetic acid.



Еве линк од научна студија со која се докажува дека glyphosate е поттикнувач на рак на гради, дури и кога е присутен во толку мали делови кои се во рангот на еден спрема трилион. Како за илустрација еден спрема трилион е слично како кога една капка од овој хербицид ќе се раствори во волумен од вода еднаков на 20 стандардни олимписки базени (50метри на 25метри, со 3 метри длабочина).
Студијата:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/23756170

Полезно е да се проучи студијата, но накратко еве ги главните наоѓања на истражувачите:
   - Glyphosate induces T47D, hormone dependent breast cancer cell growth.
   - The proliferative effect of glyphosate is mediated via estrogen receptors.
   - Glyphosate induces ERE [Estrogen Response Element]-transcription activity via estrogen receptors.
   - Glyphosate modulates the expression of E[strogen] R[eceptor] α and E[estrogen] R[eceptor]β in human breast cancer cells.


Наспроти ова Монсанто хербицидот Roundup си го рекламираше како „побезбеден од солта„ и „практично нетоксичен за цицачите, птиците и рибите„, се додека јавниот правобранител не ги натера да си ги повлечат рекламите:
http://www.nytimes.com/1997/05/29/business/monsanto-recruits-horticulturist-san-diego-zoo-pitch-its-popular-herbicide.html


Moжеби малку едукација ќе го смени ставот дека треба слепо да се верува на индустријата (и на властите кои треба да ја контролираат безбедноста).
Студијата погоре докажува дека бескрајно мали количества на оваа хемиска супстанца, во односи од еден спрема трилион, се доволни за поттикнување на тумор и рак на градите. Количините од хербицидот кои ги има на ГМО храната се многу поголеми од ова, а тие количини постојано раснат заради се понагласената отпорност која природно се развива во другите „штетни„ билки преку еволуцијата. Еволуираме и ние луѓето, со тоа што во процесот милиони луѓе ќе си отидат од животов во тешки маки и болни од рак (исто како што и бројни растенија умираат за да тие преостанатите развијат отпорност за следните генерации).

За многу работи кои индустријата порано ни ги поттураше како „сосема безбедни„, денес има докази за нивната штетност. Децении подоцна се воведуваат регулациите кои требало да бидат воведени од самиот почеток, но не се воведуваат заради корупцијата што ја прави индустријата. Се додека доказите не се толку големи да ни јавноста ниту властите, не можат да ги игнорираат.


Кој го интересира повеќе, може да прочита бројни други научни студии за штетноста на glyphosate по живиот свет, на сајтот на американската национална библиотека за медицина:
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/?term=glyphosate