Автор Тема: ГМО  (Прочитано 408312 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #705 на: 12 Јуни 2014, 11:25:54 am »
Ван, на луѓето не им текнало туку-така, од забава во слободно време и сеир да ставаат пестициди во овошките, колку да ги тролаат и трујат луѓето.

Пестицидите се тука затоа што има потреба од нив. Ако нема пестициди нема да има што да јадат луѓето. Ќе умрат од глад. Што те привлекува повеќе: брза смрт од глад на млади години или малку зголемен ризик од спора смрт од рак на стари години?

Не го заборавај ова: просечниот животен век насекаде во светот упорно расте, покрај сите пестициди, конзерванси, чуда... И тоа, пази чудо, животниот век расте најмногу точно таму каде што благодарение на тие пестициди и конзервасни можат во секое време у самопослуга да купат сочна јаболка или вишна. Таму кај што највише јадат пестициди и ГМО животниот век расте ли расте! Е ај сеа? Па да беа макар трошка толку штетни колку што вие паничарите ги претставувате, до сега сите развиени милионски градови требаа да поцркаат. А кога оно - баш таму највише живеат. Како тоа?

И точно ништо од сето ова нема ама баш никаква врска со штетноста на ГМО културите сами по себе.

http://www.wolframalpha.com/input/?i=macedonia+life+expectancy
http://www.wolframalpha.com/input/?i=usa+life+expectancy
http://www.wolframalpha.com/input/?i=russia+life+expectancy
http://www.wolframalpha.com/input/?i=china+life+expectancy

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #706 на: 12 Јуни 2014, 21:29:45 pm »
Пошто развојот на медицината нема никаква врска со растењето на просечниот животен век? 
Никако не е важно што канцерите, раковите, алергиите, аутизмот, генетските нарушувања... сето тоа е во огромен пораст. Ќе го оправдаме со растот на просечниот животен век.

Ти признавам мајстор си за да ја отераш дискусијата во офтопик. Еве дури ме натера и да не те игнорирам целосно...  ;)
Кажи како се чуствуваш кога игнорираш peer reviewed научни студии и други докази. Те исполнува тролање и рандом расправање на интернет форуми? Целта ти е да докажеш нешто (друго освен дека имаш истрајност во карање) дури и кога премногу очигледно е дека не сакаш и не можеш со знаење да дискутираш на некоја тема?
Те читам и на неколку други теми како го правиш истото.
« Последно менување: 12 Јуни 2014, 21:56:42 pm Van »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #707 на: 12 Јуни 2014, 21:31:17 pm »
Ќе го оправдаме со зголемувањето на популацијата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #708 на: 13 Јуни 2014, 11:17:35 am »


Порано си оделе од инфекции, сега ги преживуваат инфекциите.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #709 на: 13 Јуни 2014, 12:08:33 pm »
Интересна статистика.
Инфекциите (како причина) први паѓаат во очи. Не знам колку сте запознаени со кризата со антибиотиците, ама во следните децении се очекуваат големи проблеми со бактериските инфекции и заболувања. Антибиотиците неодговорно се користат, и бактериите развиваат отпорност многу побргу одошто тоа би бил случај со правилно и одговорно користење на антибиотиците.
Освен тоа, проблемот е и во тоа што нема повеќе достапни извори на нови видови антибиотици. Се разбира не е дека воопшто не постојат неискористени извори за нови антибиотици, но тие се потешко ќе се откриваат пошто нивниот број не е бесконечен (а за жал, човечката глупост Е).


Во секој случај, инфекциите на страна, друго нешто што упаѓа во очи: бројот на починатите од рак е повеќе од триплициран!
Поврзете го сега ова со муабетот за хербицидите, од претходните постови.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #710 на: 13 Јуни 2014, 12:11:29 pm »
Actually, тоа повеќе би го гледал како резултат на попрецизна дијагноза отколку нешто друго.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #711 на: 13 Јуни 2014, 12:13:19 pm »
Actually, тоа повеќе би го гледал како резултат на попрецизна дијагноза отколку нешто друго.
Но пред се, преживување за да стигнеш до рак.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #712 на: 13 Јуни 2014, 14:32:06 pm »
Actually, тоа повеќе би го гледал како резултат на попрецизна дијагноза отколку нешто друго.

Се работи за статистичка информација. Од 100.000 луѓе кој од што умрел.
Значи во случај на погрешна дијагноза, таквите случаи одат во процентот на другите категории. Но единствена категорија која многу е намалена се умирањата од инфекции, а другите категории воглавно растат.

Значи ако и порано толку луѓе умирале од рак, тогаш тоа скоро секогаш било дијагоностицирано како инфекција?
Нема логика.

Нема логика ни упорното затварање на очите пред очигледни работи, затоа што така е најудобно.
~Хербицидите убиваат и предизвикуваат рак?   -Паничарски лажења, не се замарам со ова.
~ГМО храната содржи изобилство од антигени (антигенски протеини), ГМО храната е поиспрскана со хербициди отколку јапонска најавувачка на вести во букаке клип, ГМО житарките се исклучително сиромашни со одредени аминокиселини кои во природните житарки ги има многу повеќе?   -Паничарски лажења, не се замарам со ова.
~Цигарите се штетни по здравјето на луѓето?    -Паничарски лажења, не се замарам со ова. ОК барем ова ваљда досега стана меинстрим.
~Климата забрзано се менува заради активностите на човекот?     -Паничарски лажења, не се замарам со ова.


Безброј примери има, на работи кои со тек на време се докажуваат како штетни и опасни, иако извесен временски период упорно се лаже дека истите се совршено безбедни.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #713 на: 13 Јуни 2014, 15:59:31 pm »
Цитат: Van
Ти признавам мајстор си за да ја отераш дискусијата во офтопик. Еве дури ме натера и да не те игнорирам целосно...  

Ако некој ја тера дискусијата офтопик тоа си, иронично, токму ти. Наместо да зборуваш за генетика и генетски инженеринг, ти зборуваш за бизнис модели, корупција, пестициди и за моите карактерни особини.

Цитат: Van
Кажи како се чуствуваш кога игнорираш peer reviewed научни студии и други докази.

Токму ти делумно ги игнорираш, т.е. ги прифаќаш селективно.
http://en.wikipedia.org/wiki/Cherry_picking_%28fallacy%29
Она што е во согласност со твоите однапред оформени ставови - тоа е чесна наука. Она што е во спротивност - тоа е тролање, корупција, бла, бла... Немере тако младичу. Колачот на вистината се јаде цел, а не само деловите што тебе ти се свиѓаат.

Цитат: Van
Никако не е важно што канцерите, раковите, алергиите, аутизмот, генетските нарушувања... сето тоа е во огромен пораст. Ќе го оправдаме со растот на просечниот животен век.

Ван, за ракот веќе ти одговорија Зеро и Дени: рак настанува кога со тек на време се акумулираат дефекти во генетскиот матерјал. Рак е типично болест на староста. Порано немало толку многу случаи на рак затоа што луѓето умирале многу помлади, од разни болештини. А кога некој дедо ќе умрел на 90 години од рак, не знаеле од што умрел па викале „умре од старост“ (а оно рак на панкреас). Звучи парадоксално, но тоа што денес многу повеќе се умира од рак отколку порано е само показател колку по здраво живееме од порано (внимавај! „здраво“ и „природно“ не се синоними!)

Астмата ја има повеќе во денешно доба заради хигиената. Малите деца на денешницата се одгледуваат во супер-чисти средини и нивните тела немаат шанса да се „навикнат“ на разни алергенси кои ги има во природата, па кога ќе потпораснат - алергии. Претераната хигиена е сериозен здравствен проблем типичен за урбаните средини. Деца растени на село немаат проблем со алергии (но имаат со еден куп други болештини, непознати за урбаните деца).

И ништо од ова нема никаква врска со ГМО ниту со пестициди.

Цитат: Van
Безброј примери има, на работи кои со тек на време се докажуваат како штетни и опасни, иако извесен временски период упорно се лаже дека истите се совршено безбедни.

Едно е некоја си таму лоби група да вика „безбедно е, безбедно е“ а оно да не е. Такви случаи има во историјата многу. На пример, како што не учи „Космос“, на времето кога ставале олово во горивото постоеле лоби групи поддржани од корумпирани научници кои викале „безбедно е бе турај“ и покрај тоа што не било безбедно.

Друг пример кој ми текнува е пестицидот DDT. Koга го измислиле бил топ, но со тек на време инсектите стекнале резистентност, па го прскале се повеќе и повеќе се додека не дошле до количини отровни за човек. И, повторно, околу безбедноста на DDT никогаш немало научен консензус. Напротив, токму научниците цело време биле скептични.

Но ГМО не е таков случај, бидејќи позади неговата безбедност нема лоби групи и поединечни научници, туку научен консензус. Околу олвото во горивото немало научен консензус.

Дали ти е јасно што значи „научен консензус“? Тоа е релативно нова категорија, која порано не постоела, а денес постои благодарение на информациската револуција, т.е. можноста секој со секој научник да ги споделува резултатите - нешто што порано не било возможно. Да пробам да ти објаснам со тоа што ќе ти кажам што научнот консензус не е:

1. Не е мислење на поединечен авторитет. Ако со една научна област се занимаваат, тропам, 10.000 научници од кои еден е нај-манга и најпознат и најценет од сите, не е доволно тој еден да каже „вака е“ за да се оформи научен консензус.

2. Не е мислење донесено по пат на гласање. При формирањето на консензусот нема демократичност. Не се тоа резултати од едно истражување кои после се дава на гласање на симпозиуми „ајде кој мисли дека ова е вака нека крене рака, фала, кој не мисли нека крене рака, фала“ па после се бројат гласови за која опција има повеќе гласови тоа да биде консензус.

3. Не е општонароден, масовно на цело село консензус, туку консензус меѓу оние кои се стручни во областа за која се бара консензус. Па така, за многу теми нема општонароден консензус, туку мислењата се (за жал) поделени: вакцини, гмо, еволуција итн. Но, ако не ги прашуваш ојле и дојле туку ако ги прашаш само оние кои се стручни во областа (т.е. кои знаат што зборуваат), за истите тие теми ќе откриеш многу цврст, хомоген консензус.

4. Не е мислење кое е прифатено од ама баш сите до еден научници. И меѓу оние со диплома има мала група пропалитети, преваранти, шарлатани, опортунисти или корумпирани говна (или сето ова на купче заедно). Ако д-р. Слаѓана Велков вика дека треба да гледаш у сонце и да јадеш тревки за да бидеш здрав, на никој начин не го ремети научниот консензус кој вели дека ако гледаш у сонце ризикуваш оштетување на видот, а ако јадеш само тревки ќе умреш од глад - ако претходно не се отруеш од некој токсин у ултраприродните тревки пошто ќе го кркаш у огромни количини пошто само тревки ќе јадеш.

5. Не е, просто, актуелен научен тренд кој можеби утре ќе се смени (како што го сфаќа Фаланга). На пример, и покрај тоа што повеќето научници денес сметаат дека вселената настанала пред 13.нешто милијарди години, тоа сознание не го формира научниот консензус бидејќи научниците се и тоа како свесни дека новите методи на истражување кои може да ги донесе иднината можеби ќе донесат други резултати. „Сега за сега мислиме дека е вака, утре ќе видиме може ќе се премислиме“ не е научен консензус. Научен консензус има околу бројот на карпести планети во сончевиот систем. Научен консензус нема околу тоа како настанале. Има повеќе прифатени хипотези.

Научен консензус е мислење околу кое се согласуваат речиси сите стручњаци во дадена област (не политичари, не новинари, не глумци и глумици!), а се согласуваат затоа што 1. мноштвото истражувања одат во прилог на мислењето и 2. затоа што сите обиди да се побие таканаречена нулта хипотеза (знаеш што е тоа?) биле неуспешни. Тоа е мислење во кое нема научни причини да се сомневаме.
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 16:32:15 pm filipv »

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #714 на: 13 Јуни 2014, 16:03:06 pm »
Никако не е важно што канцерите, раковите, алергиите, аутизмот, генетските нарушувања... сето тоа е во огромен пораст. Ќе го оправдаме со растот на просечниот животен век.

Ван, за ракот веќе ти одговорија Зеро и Дени: рак настанува кога со тек на време се акумулираат дефекти во генетскиот матерјал. Рак е типично болест на староста. Порано немало толку многу случаи на рак затоа што луѓето умирале многу помлади, од разни болештини. А кога некој дедо ќе умрел на 90 години од рак, не знаеле од што умрел па викале „умре од старост“ (а оно рак на панкреас). Звучи парадоксално, но тоа што денес многу повеќе се умира од рак отколку порано е само показател колку по здраво живееме од порано (внимавај! „здраво“ и „природно“ не се синоними!)



Имам неколку добри пријатели што се Хирурзи. Поготово со еден од нив баш често пијам кафе. Човекот е врвен хирург доста години, и негово искуство е дека старосната граница на случаи од рак е све пониска и пониска. Истото искуство го имаат и другите мои пријатели што се хирурзи (во разни области , не само една).И тоа е главниот проблем со РАК -от. Веќе не е типична старачка болест туку се јавува и кај 20-30 годишњаци и тоа се почесто..Теоријата дека од РАК се заболува исклучвио на стари години важело можеби порано, но не и денес.

И да, можно е и современата храна да е една од причините за тоа.




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #715 на: 13 Јуни 2014, 16:06:52 pm »
[Теоријата дека од РАК се заболува исклучвио на стари години важело можеби порано, но не и денес.

Никој никогаш ниту рекол ниту помислил дека од рак се заболува исклучиво на стари години. Каде си го прочитал/чул тоа?

Веќе не е типична старачка болест туку се јавува и кај 20-30 годишњаци и тоа се почесто..Теоријата дека од РАК се заболува исклучвио на стари години важело можеби порано, но не и денес.
И да, можно е и современата храна да е една од причините за тоа.

A можно е и да е од цигарите, пиењето ракија од мали години и дишењето прашина и ауспух? Не, врска нема, лажат масоните. Ради haarp, chemtrails и gmo e...

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: ГМО
« Одговори #716 на: 13 Јуни 2014, 16:21:40 pm »
Клетките кои се делат имаат извесни грешки при репликацијата. Тие грешки се острануваат со соодветен механизам за отстранување кој е скоро совршен. Во телото на животните постојат над 30 трилиони клетки во кои може да настанат грешки. И настануваат. И се поправаат. Но, некоја од тие грешки ќе биде таков вид на грешка која ќе предизвика прекин на на нормалната работа на клетката, и насочување на сите ресурси во клетката кон нејзино размножување и непотребна делба. Тоа народски се нарекува „рак“.

Има место во еквадор каде никој не заболел од рак, а и од малку други работи. Е сега тие се џуџиња и им недостасува IGF1. Малку IGF1, малку рак. Многу IGF1, многу рак.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #717 на: 13 Јуни 2014, 16:53:03 pm »
Клетките кои се делат имаат извесни грешки при репликацијата. Тие грешки се острануваат со соодветен механизам за отстранување кој е скоро совршен. Во телото на животните постојат над 30 трилиони клетки во кои може да настанат грешки. И настануваат. И се поправаат. Но, некоја од тие грешки ќе биде таков вид на грешка која ќе предизвика прекин на на нормалната работа на клетката, и насочување на сите ресурси во клетката кон нејзино размножување и непотребна делба. Тоа народски се нарекува „рак“.



И објасни ни на сите нас, зашто и после одстранување на таквите грешни клетки повторно многу често има повторно рецидиви од таквите клетки.. Па нели со операција скроз се одстрануваат таквите клетки.. Зашто тогаш и покрај што таквите клетки се одстранети кај тие пациенти повторно се создаваат рецидиви?Зашто се повеќе луѓе се склони кон развивање на такви клетки?

 Да не има некаква друга причина што доаѓа до тоа? Можеби и храната влијае? Што мислиш?

И дефинитивно РАК е зголемен во однос на минатите години, и дефинитивно е намалена старосната граница во однос на порано.

 Да не исто влијае храната тука до некаде? (не е единствена причина, ама сигурно има голем удел во тоа)




п.с.Јас глуп сум. Ај ко на глуп човек објасни што е тоа ИГФ1? Мене ко глуп ме подсеќа на нешто врзано со Формула 1, поготово што е ова форум за коли па тоа Ф1 се така ме подсеаќа (IG F1)
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 17:07:30 pm krell »

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #718 на: 13 Јуни 2014, 17:04:57 pm »
[Теоријата дека од РАК се заболува исклучвио на стари години важело можеби порано, но не и денес.

Никој никогаш ниту рекол ниту помислил дека од рак се заболува исклучиво на стари години. Каде си го прочитал/чул тоа?



http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10430.msg667362.html#msg667362



Еве твои зборови од наведениот линк, ќе ги цитирам:

"Рак е типично болест на староста. Порано немало толку многу случаи на рак затоа што луѓето умирале многу помлади, од разни болештини. А кога некој дедо ќе умрел на 90 години од рак, не знаеле од што умрел па викале „умре од старост“ (а оно рак на панкреас). Звучи парадоксално, но тоа што денес многу повеќе се умира од рак отколку порано е само показател колку по здраво живееме од порано (внимавај! „здраво“ и „природно“ не се синоними!)"




Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: ГМО
« Одговори #719 на: 13 Јуни 2014, 17:07:14 pm »
И објасни ни на сите нас, зашто и после одстранување на таквите грешни клетки повторно многу често има повторно рецидиви од таквите клетки..

Зата што ракот се шири. Тоа се вика метастазирање. Метастазите не се секогаш видливи ниту локализирани. Затоа, ракот се вади хируршки (доколку е тоа можно, не е секогаш) и после сите се надеваат дека се ќе биде во ред, иако не е гаранција.

Па нели со операција скроз се одстрануваат таквите клетки..

Во некои случаи - да. Ако ракот се открие во рана фаза и ако е „згодно“ наместен, тогаш може да се oтстрани целосно. Но, тоа често пати не е можно, па затоа освен операцијата после доаѓа хемотерапија и зрачење (да се дотепаат евентуално останатите клетки на рак).

Да не има некаква друга причина што доаѓа до тоа? Можеби и храната влијае? Што мислиш?

Сигурно дека влијае. Неумерената исхрана го зголемува ризикот од рак - храната која нема да се свари целосно се претвара во слободни радикали кои се врзуваат со се и сешто и создаваат секакви продукти, меѓу кои и канцерогени. Особено често јадење мрсно/пржено - мрсното создава многу слободни радикали во телото.

[Теоријата дека од РАК се заболува исклучвио на стари години важело можеби порано, но не и денес.
Никој никогаш ниту рекол ниту помислил дека од рак се заболува исклучиво на стари години. Каде си го прочитал/чул тоа?
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10430.msg667362.html#msg667362
Еве твои зборови од наведениот линк, ќе ги цитирам:
"Рак е типично болест на староста.

Дали го разликуваш значењето на зборовите „типично“ и „исклучиво“? Не значат исто. Како пример, пази ја реченицава: „Таксистите се типично, но не исклучиво мажи.“

Но, бидејќи сакам да верувам дека ти е јасно дека „типично“ и „исклчиво“ имаат различно значење, повторно ќе те замолам да читаш внимателно, бидејќи ако читаш невнимателно можат да ти промакнат суштински информации.

И дефинитивно РАК е зголемен во однос на минатите години, и дефинитивно е намалена старосната граница во однос на порано.

Ова ме заинтересира и набрзинка колку што видов, бројот на случаи на рак меѓу децата во последните неколку децении не расте, туку е мање-више ист. Од друга страна, смртноста од рак меѓу децата има јасен тренд на опаѓање поради се подобрите терапии и дијагностички методи.

http://lmgtfy.com/?q=cancer+cases+in+children+trend

Oна што расте е процентот од умирачки од рак меѓу генералната популација (не деца), но тоа не е затоа што рак има се повеќе и повеќе, туку затоа што се помалку и помалку се умира од други болести.
« Последно менување: 13 Јуни 2014, 17:37:46 pm filipv »