„Хербицид кој се користел за уништување растенија„... па се разбира дека се користел за уништување на растенија, затоа се вика хербицид.
Моментот комерцијална/некомерцијална намена е многу нејасен, посебно кога никој за ништо не одговара пред ниедно меѓународно тело... исто како што за методи на контрола и тестирање на безбедност на ГМО, не постојат
никакви меѓународни стандардни или тела.
Нејсе. Морам да се осврнам на паралелите што ги направи:
По таа логика, треба да не купуваме IBM пошто Хитлер ги користел нивните услуги за организација на концентрационите логори. Кога сме више таму, да се бориме и против Volkswagen пошто нели, Хитлер. Исто така, да не купуваме ништо и од Hugo Boss, пошто униформите на Германците во втората светска војна се од Hugo Boss. Еве, и Audi тазе објавија дека на времето правеле мотори за авиони за Luftwaffe. Ќе ја откажам R8-цата, да се јавам само до централа.
Хербицидите уништуваат растенија, но убиваат и луѓе. Директно.
И прават еден куп генетски нарушувања.
Факти.
Униформите не убивале човечки суштества, не терале други поробени човечки суштества да ги палат убиените човечки суштества во печки за целосно согорување.
- Луѓето што ги носеле тие униформите го правеле тоа. Но тие убијци не убивале со униформите како предмет/алат, туку убивале додека
носеле униформи.
Volkswagen и Audi правеле
мотори за возила/летала. Војската не тепала луѓе со мотори кои им ги спуштале врз главите (ок Јапанците буквално тоа и го правеле, ама тие се друга приказна).
Паралеливе ти се несоодветни.Да ги споредуваше хербицидите со оружјето на
Luger повторно немаше да направиш одлична споредба, ама тоа барем ќе беше
соодветна споредба. Luger е оружје со кое се убиваат луѓе, исто како многу други оружја. Во исто време, Agent Orange е хербицид исто како многу други хербициди кои убиваат растенија. Со таа разлика што убиваат и луѓе, или полошо, прават генетски деформации кај потомството.
Agent Orange е хербицид, и тоа хербицид кој според сите хемиски анализи е во голема мера е
основата на Roundup хербицидот патентиран од Монсанто, кој денес е сеприсутен на посевите со ГМО, кои повторно.... се патентирани од Монсанто.
Монсанто, произведувачот на Agent Orange, хербицидот. Од кој хербицид и ти се согласи дека последиците по луѓето се страшни.
Воедно, знаеш ли што е уникатно за Agent Orange хербицидот?
Не, не е составот... Денешниот комерцијално достапен Roundup е со многу сличен состав.
- Agent Orange хербицидот е уникатен по тоа што тој е единствениот хербицид на Монсанто кој бил подлежен на транспарентни испитувања и експерименти, врз човечки суштества. Без предрасуди го прскале врз цели области. Како што денес Roundup хербицидот го прскаат во се поголеми количини врз ГМО растенијата за ни велат дека се
безбедни за човекова исхрана.
Секоја понатамошна дискусија е без поента.
Секоја понатамошна
трезвена и обмислена дискусија е многу пожелна, и има по сите нас многу важна поента.
П.С. За IBM и неговите газди нема да зборувам сега, затоа што непосредно пред втората светска војна истите луѓе ја финансирале Социјал Демократската Партија на Германија. Исто како што претходно ја финансирале и револуцијата во царска Русија.
Ама ОК, пак теории на заговори... тоа што дедото на Џорџ Буш бил на чело на IBM и бил осуден за
колаборација со непријателот, тоа нема врска. Исто ако што газдите на тогашниот IBM (и сегашни, ама скриени позади анонимни холдинг структури) се истите газди од истите фамилии што го поседуваат Монсанто и другите ГМО фирми од таа индустрија (исто скриени позади анонимни холдинг структури).