@djidji се работи за систематско менување на законските одредби и легислативи во ЕУ, со цел да се изедначат со САД во заштитата на ГМО индустријата.
Практично целта е здравствените последици од исхраната со ГМО храна да не можат да бидат законска причина за забрана или регулација на ГМО. Со други зборови, тогаш кога ќе се освести народот и ќе побара правда... касно ќе биде.
Ова е тоа што постојано го зборувам, дека нема меѓународно прифатени методи и стандарди за испитување на безбедноста на ГМО. Затоа си носат правила како што им се сака.
Не е далеку денот кога никакви научни испитувања нема да се земаат во обзир дури и од нивните сопствени индустриски лаборатории. Исто како што денес ги игнорираат резултатите од испитувањата на независните научници.
Не знам колку ја следиш темава, ама јас покажав неколку peer reviewed студии чии резултати јасно говорат дека ГМО храната, во денешниот облик, е исклучително штетна по здравјето и на луѓето и на животните (со кои после се храниме). Такви студии и докази има се повеќе и повеќе (не дека ги немаше доволно).
Интересно е како „бранителите„ на ГМО овде тотално ги игнорираа тие докази, се користат со буквално истите тактики на сајбер платениците на ГМО индустријата... целосно игнорирање на сите научни докази, потсмевање и покажување кон „теории на завера„.
Колку за показател колку од тие теории станаа докажана реалност, погледај ги сите докази што ги изнесе Едвард Сноуден за шпијунирањето на сите светски влади, целосното надгледување на интернет... сето тоа беше „теорија на заговор„. Сега е апла докажано.
Контролата на времето, без разлика дали со кемтреилс или другите методи, се директно разговарани од владини тела на САД и ЕУ... покажано со видео снимки и што се не.
Теории на заговор?
Не, реалност на заговор.
Кругот е помал одколку што мислите... а во него сме сите. Да се освестиме додека има време.