Чек малце, сеа гмо или хербицидот е штетен? Отров ко отров мора да биде штетен, зарем за тоа почна да се фаќаш.
Во продажба постојат отрови кои во помали количини од 30 грама може да усмртат човек, што не почнеш за нив да пишуваш?
Тие
други отрови не ти ги поттураат во храната што ја јадеш.
Ланате (чисто како за пример), нема да најдеш во комерцијално достапни производи од ГМО. Но одредени количини од хербицидот Roundup, најважна состојка од кој glyphosate, и тоа како ќе најдеш.
Мала разлика?
Се разбира дека не, ама мило ми е што се согласуваме во едно:
дека се работи за отров!Многу ми чудно... како мајку му, никој не се фаќа за научната студија со која се докажува дека
glyphosate е поттикнувач на рак на гради, дури и кога е присутен во толку мали делови кои се во рангот на еден спрема трилион. Еден спрема трилион е однос сличен како кога една капка од овој хербицид ќе се раствори во вода од 20 стандардни олимписки базени.
Ама за тоа, одма се фаќаш за напишаното колку грама треба за директно веднаш да настапи смрт.
Селективност или класично спинување, рано е да заклучам па затоа ќе те третирам како некој што сака да научи нешто ново преку дискусија.
Спротиставени ставови треба да има, за воопшто да постои критичка дискусија. Но не е фер дискусија ако игнорираш резулати од цела една озбилна научна студија, и се фаќаш за споредни моменти.
Така да, морам да ти укажам дека не се работи за теории, туку за докажани работи.
Како што сам кажуваш подолу во потцртаниот дел, зошто не прочиташ што ти е покажано во само неколку постови поназад... пред да напишеш нешто за што очигледно треба повеќе да се едуцираш.
Не дека ги бранам, али теорииве ти се малце претерани. Монстатно нашол начин да ги направи нивните семки отпорни на glyphosate и нормално дека ќе гледа да им ги убута на фармерите. Не викам дека не треба да се едуцираме за истите, но исто така треба да знаеме колку доволно го сфаќаме материјалот пред да почнеме да паничиме наоколу.