Автор Тема: Затемнување на прозорци - Клима Фолии  (Прочитано 180776 пати)

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2112
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #780 на: 15 Април 2024, 12:35:56 pm »
Исто со мало в кола. Иако имам фолија со клима се возиме на 23 наместена да дува во стаклата. Црна кола не ја лади ништо...

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 475
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #781 на: 15 Април 2024, 13:28:35 pm »
Едно глупо прашање сега дека со мало дете и е малце по комплицирано со клима порозр отворен итн... знаете како идат тие работи кога ке искочам од гаража колата си е ладна нормално внатре послем многу малце време веднаш станува топло дали ако ставам позади фолии би спречило толку брзо затоплување од сонцево и би ги заштитило од дирекнто печење на сонцето, да не мора со пелени итн да се штити?

И јас сум со мало дете (плус едно поголемо)... Климата е секогаш уклучена... Единствено позади може да наместам различна температура понекогаш.
Колата е со фабрички затемнети стакла + завеси на странични и на задно... и на лето, на сонце, без клима, се крева температурата внатре за неколку минути возење. Без клима е невозможно возење... Ама да, позади е многу многу попријатно за возење со затемнети стакла/завеси... Со бела/светла кола, единствено што ќе добиеш плус уште некоја минута без да имаш потреба од клима  ;)
Така да ставај фолии, ич не му ја мисли.... на другата кола немам фолии, само оние што се лепат по прозори... и нон стоп сум имал поплаки за сонцето позади....

Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2112
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #782 на: 15 Април 2024, 13:41:13 pm »
И помагаат за навечер за идиотите со лед во фар без лупа.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 368
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #783 на: 15 Април 2024, 14:03:03 pm »
Едно глупо прашање сега дека со мало дете и е малце по комплицирано со клима порозр отворен итн... знаете како идат тие работи кога ке искочам од гаража колата си е ладна нормално внатре послем многу малце време веднаш станува топло дали ако ставам позади фолии би спречило толку брзо затоплување од сонцево и би ги заштитило од дирекнто печење на сонцето, да не мора со пелени итн да се штити?

Дефинитивно ќе имаш разлика со клима фолии. На две коли веќе сум со 85% затемнетост, од надвор не гледаш ништо, внатре е сосем во ред, а разликата во температура меѓу задното седиште со 85% затемнетост и предните со фабричките 30% бочно е драматилчна.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #784 на: 15 Април 2024, 17:57:49 pm »
Која и да е затемнетоста на фолијата ефектот во кабина е ист, така да повеќе естетскиот момент и прашање на вкус.

Дури би рекол дека потемната фолија предизвикува самото стакло да е повжештено од стакло со помалку темна фолија, но за температурата во кабина сепак би рекол занемарливо.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #785 на: 15 Април 2024, 18:06:39 pm »
Колку потемна фолија, толку помалце ќе смета сонцето. Е сега 100% затемнување па е проблем за навечер, затоа треба да се избере нешто оптимално.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #786 на: 15 Април 2024, 18:33:32 pm »
Се дискутираше за температура во кабина, на тоа се надоврзав.

За видливиот спектар, да, со потемната фолија помалку смета сонцето на око.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5358
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #787 на: 15 Април 2024, 23:11:20 pm »
За стварно да залади во кабина само армафлекс или сличен материјал сечени по обликот на стаклото,ако ве нервира  бојата на материјалот, со најтанко црно платно ќе си ги опшиете и тогаш се осеќа разлика како 10ка стиропор на фасада и нова пвц дограма да си ставил. Плус од надвор не се примеќаат уопште ако се црни, излгеда како црно стакло.
Немам слики не знам кај ги имам испикано  моите, да ги најдам ќе ги постирам тука.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5379
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #788 на: 16 Април 2024, 13:49:38 pm »
Разлика има огромна на задна клупа. Напред пак пече, назад патниците се многу задоволни откако ги монтирав фолиите.
Еве "декларација" од ASWF Performer.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1286
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #789 на: 17 Април 2024, 09:41:51 am »
Наместо фолии, кои ги користев пред години, и шабанизирање на возилото, ценовно и практично подобро е користењето на наменски завеси спрема типот на возило.
Се произведуваат по типот на возило, и лесна е монтажа и демонтажа за зимско/летна употреба. Далеку дека се ефтини ама мислам дека ценовно се тука некаде со фолиите.
Некои производители на возила ги имаат и како дополнителна опрема за својот бренд а се во тесна соработка. Производител е Windessa Германија, а од скоро се продаваат под капата на пластиките за прозори - Climair.


https://shop.climair.de/en/

Последно правев порачка само за задните стакленца и гепек, бидејќи и кај мене има завеси кои се истргуваат од вратите позади. Поради сигурносни причини ги нарачав да стигнат во Словенија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43554
  • Il Moderatore
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #790 на: 17 Април 2024, 10:55:02 am »
На двете коли имам, прекрасна работа, не се симнати откако се ставени, веќе на 159-ката малце и боја сменила страната што е на сонце :)
Блокираат сонце на задни седишта, а за температура контролирање климата си е тука. Дури и прозорче си отвараш без мака, само не може децата раце да пружаат низ прозор, што е екстра придобивка.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4161
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #791 на: 17 Април 2024, 12:31:18 pm »
Екстра работа се завесиве, ги имам преку 2 години, не се извадени од кога ги наместив. На децава им е пријатно, не им смета сонцето, а јас си скратив маки да идам да местам фолии.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8423
  • Малерозен дрводарец
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #792 на: 17 Април 2024, 13:26:37 pm »
Најекстра е што можеш да отвориш прозори кога е паркирано, а да не се наполни секакви инсекти внатре - летачки и пешачки :)
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3675
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #793 на: 17 Април 2024, 19:08:40 pm »
А кај нас ги има негде?

Sent from my SM-A546B using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1286
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Затемнување на прозорци - Клима Фолии
« Одговори #794 на: 17 Април 2024, 20:51:58 pm »
Досеа не се нашол јунак да го донесе веројатно поради големата различност спрема толку различни модели на коли. Единствен сигурен и најефтин начин е да користиш адреса на пријател/роднина во Словенија. Мала е поштарината а стигаат за 7-10 дена таму.
Групација Порше ги носи за своите брендови, ама поскапи се барем 40%