Уште не најдов некој асолен што продава делови.
Во Прилеп ги имам тројца, едниот не знае каде му се деловите, другиот не му се продава (бара 2х од цената), третиот е евтин, ама не е снабден.
Скопје лично бев кај Кардаш, кога ги местев фолиите направив беља и ми се скрши една пластика. Го поминав цело Скопје за до кај него, ми даде од астра Х, потоа се нафати да ми прати по карго здрав дел, платив џабе карго, ми прати скршен дел. На Бојан комуникацијата му е слаба страна. Ето нема пластики. А еден друг има пластики ама е мрза (ми прати пластика што на ниедна астра г не може да ја најдеш здрава), кога му звонам му се спие или не е на "плац".
Конкретно ми треба фабрички здрав ербег до 1500 денари. Прилеп ми бараат 2500, кај дечкото што му се спие е 1500. Ако некој се нафати да ми најде здрав ербег честам пиво. Во прилог испраќам слики со разлика од оригинален ербег со копија (менувана пластика која може да не пукне кога е најпотребно):
Оригинал:
- Во делот обележан (тастер за сирена) се гледа дека линиите се со различна должина и прекинуваат на различно место)
Копија:
- Има некаков си гумен круг на средина на тастерот и линиите си продолжуваат (ги има во разни верзии):
Пред да речете земи било каков, сум купил и од другите, баш имам слики, 3-4 милиметри беше нанадвор цел ербег, го монтирав и видов, ем делеше, скроз беше светол.