Бил некој на Плитвички? Јас планирам да поминам од таму, па накај Сплит да одам. Бил некој натака, да ми каже патарини - нешто? Како е со бензин-плин? Ќе го возим на бенѕин? Патишта?
Јас 2 пати. Патиштата се одлични во Хрватска.
Патарини имаш на нет и за Србија и за Хрватска. Плин појма неам како е.
http://www.hac.hr/hr/cestarina/cjenik/Липовац - Загреб ти е прва, 105куни (дели на 7 за во евра отприлика, можеш и во евра да си плаќаш ако сакаш, исто и Србија)
После имаш 2 опции да стигнеш до Плитвице. Или до Карловац да идеш по автопат(16 куни), па да се искличиш на стариот пат за Сплит, кој е одличен но нормално со двонасочен сообраќај и така да цепаш 80тина км или да идеш до Огулин - Јосип Дол по автопат(37 куни) па да се исклучиш и некои 30тина км макс да идеш по еден не средно добар пат, а баш пред Плитвице е малце безвезе. Така те фаќа 110-120 километри од Карловац. Поефтина и пократка во километри ти е првата варијанта и јас би ти ја препорачал, само гледај да не патуваш во петок или сабота, може да има гужва од викендаши. Јас секогаш гледам да ги избегнам овие 2 дена за одење на одмор.
Иначе што се однесува до Плитвички језера, мислам дека е најубавото место што сум го видел во животов, секако за природна убавина ако збориме. Па за тебе со тоа апаратот, рај!

Карта мислам дека ти е 15тина евра или нешто помалце и за убаво да прошеташ ќе ти требаат 4-5 саати сигурно. Така да и тоа планирај си го. Јас два пати идев само со едно спиење и сабајлето шетање па цепање еднаш накај Хвар, другиот пат накај Ровињ нагоре.
Јас спиев во Мотел Грабовац, вечер со доручек шведски стол е 35 евра мислам, али супер хотелче, средено, чисто. Сигурно има поефтин приватен смештај во околината, али не прашував.