Водата стварно им е убава. Не можам да кажам кристално чиста бидејќи од што е многу солена дури е матна, но за туризам допрва треба да учат. Бугар спомна Валона дека е убава. Бев таму и навистина не ми е јасно што е убаво таму. Градежна мафија си го направила своето, па зградите се речиси во море, инфраструктура никаква, ред, култура и цивилизациски одлики никакви, од јазици евентуално италијански чат-пат некој збори, а и јужно од Валона те чека истата слика (до Саранда и Ксамил не стигнав, иако се најфалени дестинации во Албанија). По плажите имаш second-hand полускршени лежалки и чадори дом`кнати од Италија. Батали Албанија, само водата е импресивна, но ниту еден друг момент во Албанија не ме привлече да останам.