Штом се фатив на орото наречено “вие скопјанчиштата, вие сељачиштата“ ќе си го доиграм.
Никаде ми немаат толку свирено, колку што ми имаат свирено во Скопје. А Скопје нит е најголемиот град во кој имам возено, нит пак е најголемата гужва во која имам возено. Во Њу Јорк ми немаат толку многу свирено, колку што ме имаат пцуено и свирено во Скопје.
Имам возено во сите европски поголеми градови, имам осет за ориентација и возење, али таква шоферска багра како во Скопје, нигде немам сретнато.
Последниот пат кога бев во Скопје, во Ново Лисиче покрај овие зградите облакодери, скоро два километра со пуштен десен жмигавец, брзина на движење околу 60-70кмч, не се најде фиљан човек од мајка роден да ме пушти да се престројам од средна лента во десна лента. Два ебани километри. И кога успеав да се престројам, баш на жолто на семафор, од средна лента се префрла во мојата лента, додека минува на жолто-црвено, раката му е на сирена, свири, се врти, пцуе и се дере нешто во кола.
Тутунски комбинат. Гужва невидена. Пропуштив двајца тројца да пресечат лента да се вклучат. После едниот, се бутна да го пропуштат во десна лента. Јас го престигнав (како се уклучува и исклучува семафорот), заради проток на сообраќај. После пак се пика на дваесет сантима од браник, пак да се врати во мојата лента.
На хотел Континентал, идам од Автокоманда, се исклучувам на Континентал на подвожњак во најдесна лента, кружен тек, па од кај саем. После подвожњак, пред да идам до кружен тек, од десно има уличе кадешто има знак пат со крстосување со првенство на минување. Често стои полиција исто на тротоар. Пред полиција ќе ме ѕвекнеа од десна страна, ако не изреагирав да се префрлам во измеѓу лента. Овие идиотите во Јетито, мува не ги лази што им се дешава пред очи.
Завршив работа/гости излегувањето приказна сама за себе. Прво ме блиндира да му се тргнам (а нема каде да одам оти најдесна е за на десно, средна и лева за на право), ме престига од десно, а пази, јас возам 70 паралелно со тој во најлева лента, и од најдесна лента се убацува во најлева лента.
Се пуштам од надвозник и излегувам кон Автокоманда/Сингелич. Застанувам на пешачки да поминат група луѓе. ПА КОГА СЕ ОПНАА СИТЕ ПОЗАДИ НА СИРЕНИТЕ.... Еден пешак, пристар човек се крсти, од десно ме престига кола и се укопува затоа што има луѓе на пешачки... Тие пак од лево не ни застануваат. И едвај се најде фиљан чоек со струмички табли да застане, да може луѓето да поминат како луѓе на пешачки.
И тоа само од едно доаѓање и одење од Скопје.
Не возам често во Скопје. Но, ако провериш низ моите постови за што ме изнервирало во сообраќајот или дешавки, ќе најдеш дека секогаш кога доаѓам има сличен пост.