Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3415151 пати)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5841

More pazi nekoj skopjanec od palanka da ne te naceka... i nas ni e strav od tie

Што свириш што ме гледаш зуби ќе ти истрошу ;D ;D Башка паланчанац ако има повлечено претходно одма праи инцидент...

Што вика едно пријателче, абе многу добар чоек е, добра душа има вика, ама коа ќе пивне може шамар да ти удри ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Сабајле околу 6 на ПАртизанска се имаше удрено Киа Сид во автобус(во задните тркала).
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Мора прилагодување кон средината и мора да се смени начинот на размислување. Еве на пример еден струмичанец прееска, од мавровка до кружниот кај автокоманда 3 пати еба работа и ќе се излупаа ради него само поради тоа што не пратеше хоризонтална сигнализација, па после му свиреле, па ќе му свират коа не се труди да излезе од неговиот свет и да размисли малку и обрне внимание. 

Болдираното да, ама од друга страна на некој прв пат што иди скопје не му е лесно, не ги знае улиците, се уткаат престројувања,
има заебани раскрсници се престројувам десно за право а уствари десно е само за десно и слично.

Ма дај молим те... И јас не ги знаев улиците у Америка у Србија у Словенија у Чешка и каде уште не.
Си постојат сообраќајни правила и сигнализација. Кој не ги почитува од принцип нема да ги почитува ни во својот двор.

Заебан град скопје е за возење, на семафори гас до крај за тргање, пратиш лев, десен, среден ретровизор, од секаде те престигнуваат.
Гледаш 500 метра пред тебе дали има камион, автошкола и сл. да маниш 100-ка да го престигниш оти ќе те удај кога ќе го стигниш, не можиш да се престроиш.
Само како лудак треба да возиш за да не те изгазат.  ;D
Заебан град бил Скопје, дај не трескај глупости, доста е нонсенс во државаав.
Аха, епа кога прво скопјани ќе ги научат и почитуваат тие правила и сигнализација, тогаш ќе можеме и ние "изгубените" од другите градови.


Мислев на влечкањето со 30-40 и кочење сообраќај, пошто у Могила така возиме па за куро ќе ми се ватат.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Не се сите тркачи како вас, да возат со 100 низ град... јеби га.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Никола џабе го тупиш кога знаеш дека не си во право. Ако немаш намера барем 50-60 да возиш не ни излегувај на булевар кога има доста сообраќај во Скопје. Во 2 вечер никој не ти брани да се влечеш со 30 мада и тогаш ни сметаш пошто неретко се тркаме до кај 150-200. Ако ти е тешко да се снајдеш не вози во шпицови.. Муабетов за тркачи секој пат го вадиш, ако не е тоа замараш дека ради тоа што не си бил од Скопје те мразеле сите.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Море баш ме заболе мене за вас и вашето Скопје... само ме замарате со тоа како секогаш другите од другите градови незнаеле да возат и ги кочеле Скопјанчината да не му избега возот. А факт е дека појма немате од возење, на што сме и сведоци по интернетот за милион сообрајќајки и скоро сите се со Скопски регистрации.

Ама не другите се секогаш криви.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653
^ Е, баш така, Никола! Пречи влечењето со 30-40 ама уште пострашно е тркањето со 80-100, нормално е тие што не го знаат градот да возат побавно, потешко се снаоѓаат. Ама ич да се нема трпение према нив. :/

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Јас Скопје ич не го знам, често се губам кога одам таму, возам нормално без да кочам сообраќај.
Ми свират, ми сечат пат, ме провоцираат да минам на жолто, маваат со раце, ме пцујат.

Ама знам дека јас сум крив. Им го кршам раатот.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Море баш ме заболе мене за вас и вашето Скопје... само ме замарате со тоа како секогаш другите од другите градови незнаеле да возат и ги кочеле Скопјанчината да не му избега возот. А факт е дека појма немате од возење, на што сме и сведоци по интернетот за милион сообрајќајки и скоро сите се со Скопски регистрации.

Ама не другите се секогаш криви.



Пошто сите со такви таблици се скопјани. Доста глумиш жртва со градовиве.

Јас Скопје ич не го знам, често се губам кога одам таму, возам нормално без да кочам сообраќај.
Ми свират, ми сечат пат, ме провоцираат да минам на жолто, маваат со раце, ме пцујат.

Ама знам дека јас сум крив. Им го кршам раатот.  :D


Ако може да те поминат не им се замарај и нека им пукне пична жила од нервози. Ако ти се што правиш е нормално, за разлика од Никола кој се влече и вози како ќе му текне на курот на никој не си крив за ништо.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Не е за кршење раат, нити пак за нешто друго. Се работи за две многу едноставни работи - одржување на текот на сообраќајот и солидарност во сообраќајот.

Секогаш и секаде ќе има „тркачи“. Не е дека сите сме во Скопје нервозни додека возиме. Ама од друга страна, ако некој го тупи - без разлика од каде е, ќе му свирам, ќе му блендам и така натака.

Генерално, гледам секогаш да имам трпение со колите што се со не-скопски таблици, баш бидејќи знам дека возење на непознати улици, во значително поголема гужва од она што сме навикнати може да биде стресно.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Не е за кршење раат, нити пак за нешто друго. Се работи за две многу едноставни работи - одржување на текот на сообраќајот и солидарност во сообраќајот.

Секогаш и секаде ќе има „тркачи“. Не е дека сите сме во Скопје нервозни додека возиме. Ама од друга страна, ако некој го тупи - без разлика од каде е, ќе му свирам, ќе му блендам и така натака.

Генерално, гледам секогаш да имам трпение со колите што се со не-скопски таблици, баш бидејќи знам дека возење на непознати улици, во значително поголема гужва од она што сме навикнати може да биде стресно.

Така де ама прашањето е колку од нив го делат истото мислење со никола.

Хаха абе опасни сте. Инаку јас дали сум бил во Скопје, Битола или незнам каде, возам како што ми одговара.. ако сте свиреле вие од позади, баш ме заболе  ;D  Ако ви се брза, жмигавец и цепете покрај мене.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30069
    • CARclub.mk
Хаха абе опасни сте. Инаку јас дали сум бил во Скопје, Битола или незнам каде, возам како што ми одговара.. ако сте свиреле вие од позади, баш ме заболе  ;D  Ако ви се брза, жмигавец и цепете покрај мене.
Тоа е таа возачка култура за која збориме - „кур ме боли за другите у сообраќај“. Затоа ќе не биде. И во Скопје и надвор од државава.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Штом се фатив на орото наречено “вие скопјанчиштата, вие сељачиштата“ ќе си го доиграм.

Никаде ми немаат толку свирено, колку што ми имаат свирено во Скопје. А Скопје нит е најголемиот град во кој имам возено, нит пак е најголемата гужва во која имам возено. Во Њу Јорк ми немаат толку многу свирено, колку што ме имаат пцуено и свирено во Скопје.

Имам возено во сите европски поголеми градови, имам осет за ориентација и возење, али таква шоферска багра како во Скопје, нигде немам сретнато.

Последниот пат кога бев во Скопје, во Ново Лисиче покрај овие зградите облакодери, скоро два километра со пуштен десен жмигавец, брзина на движење околу 60-70кмч, не се најде фиљан човек од мајка роден да ме пушти да се престројам од средна лента во десна лента. Два ебани километри. И кога успеав да се престројам, баш на жолто на семафор, од средна лента се префрла во мојата лента, додека минува на жолто-црвено, раката му е на сирена, свири, се врти, пцуе и се дере нешто во кола.

Тутунски комбинат. Гужва невидена. Пропуштив двајца тројца да пресечат лента да се вклучат. После едниот, се бутна да го пропуштат во десна лента. Јас го престигнав (како се уклучува и исклучува семафорот), заради проток на сообраќај. После пак се пика на дваесет сантима од браник, пак да се врати во мојата лента.

На хотел Континентал, идам од Автокоманда, се исклучувам на Континентал на подвожњак во најдесна лента, кружен тек, па од кај саем. После подвожњак, пред да идам до кружен тек, од десно има уличе кадешто има знак пат со крстосување со првенство на минување. Често стои полиција исто на тротоар. Пред полиција ќе ме ѕвекнеа од десна страна, ако не изреагирав да се префрлам во измеѓу лента. Овие идиотите во Јетито, мува не ги лази што им се дешава пред очи.


Завршив работа/гости излегувањето приказна сама за себе. Прво ме блиндира да му се тргнам (а нема каде да одам оти најдесна е за на десно, средна и лева за на право), ме престига од десно, а пази, јас возам 70 паралелно со тој во најлева лента, и од најдесна лента се убацува во најлева лента.

Се пуштам од надвозник и излегувам кон Автокоманда/Сингелич. Застанувам на пешачки да поминат група луѓе. ПА КОГА СЕ ОПНАА СИТЕ ПОЗАДИ НА СИРЕНИТЕ.... Еден пешак, пристар човек се крсти, од десно ме престига кола и се укопува затоа што има луѓе на пешачки... Тие пак од лево не ни застануваат. И едвај се најде фиљан чоек со струмички табли да застане, да може луѓето да поминат како луѓе на пешачки.

И тоа само од едно доаѓање и одење од Скопје.

Не возам често во Скопје. Но, ако провериш низ моите постови за што ме изнервирало во сообраќајот или дешавки, ќе најдеш дека секогаш кога доаѓам има сличен пост.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7217
  • French diamond
Така де ама прашањето е колку од нив го делат истото мислење со никола.

Хаха абе опасни сте. Инаку јас дали сум бил во Скопје, Битола или незнам каде, возам како што ми одговара.. ако сте свиреле вие од позади, баш ме заболе  ;D  Ако ви се брза, жмигавец и цепете покрај мене.

А добро, тебе ако ти се брза за негде и возиш да речиме 90... треба и јас да возам толку поради тебе за да не ги навредам светите скопски таблици ? Претицајте бе луѓе, незнам шо толку не е јасно.

Најпрост пример таксист, таксистите летаат сегде и секогаш, без разлика дали било дупки или било што и сега според вашата т.е логиката на Darth треба и јас да летам по дупките затоа што зад мене има таксист ?? Е ќе почека малце, или пак слободно нека тера покрај мене.
 Така е секогаш кога слегвам од Бајро (битолчани знаат) скоро секогаш зад мене има таксисти и се брзат, па ми се лепат на браник зад мене, а патот е крш... и нормално јас си возам  полека пошто не ми е државна колата, ни пак ми е за кршењеи не се замарам дали се брзале тие или не, има место покрај мене нека си претицаат.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Тоа е тој могилски момент, јеби га укоренето ни е, генерации треба да пројдат за се опраат работите.