Епа зафатени се џандариве, сите се некаде застанати да вршат контроли, им запролети па да надокнадат.
Ситуацијава на видеото со моторчето ме потсети на една дешавка од пред 10ина години. Вози мајка ми по партизанска, а една девојка на веспа пред нас си вози 40-50 у средна лента сасвим нормално, ама на мајка ми несигурно и делувала и си го коментира тоа и подзакочува да остави простор, односно повеќе растојание помеѓу неа и веспата. После 100-200 метра од кога искоментира мајка ми, девојкава од нигде никаде на прав пат, се струполи на земја. Среќа носеше кацига и не падна лошо, па немаше посериозни повреди.