Воедно, го прозивам Фило да се искаже за неговата случка со Свифтот. 
Цццц ангеле

Еве вака беше. Денес околу 13:45 идам по огњан прица према центар и си возам онака 55-65 во тој опсег и надоагам со раскрсницата со улицата што доага од студентскиот дом Пелагонија. Како надоагам, од спротивна надоага кола, и во тие моменти од спореднава од кај пелагонија, еден со свифт од кратките, го гледам дека наидува, гледа лево, но не ми делува дека ке кочи. Ја тука одма кочница асална пошто во спротивна имаше кола, ми блокираат тркалата и почнува да ми бега предниот дел на десно према свифтот, и само наеднаш пуштам кочница и го сецнувам воланот налево, оти ако не пуштев кочница, ке лизгав со блокирани тркала директ во негово предно лево крило.
Ај што мене ми се смрзна мочката, но тој во свифтот мислам дека и мочка и лајното му се смрзна, оти кога ми забега предницата, он веке беше застанат и гледаше директно во мене што правам и само ги крена двете раце.
После оваа дешавка имав уште една од која лично самиот се изнервирав, ми идеше да си врзам 5-6 шамари, но бев малку под шок од претходната ситуација. Имено, стојам на семафорот кај рамстор во средната лента за право према католичка, пред мене комбе. Се пали семафорот зелено, трга комбево, тргам и ја и наеднаш слушам сирени од брза помош. Гледам право нема ништо, вртам лево главата нема ништо, гледам во ретровизор ништо и во последен момент вртам главата десно, до мене уште една кола и брза помош навлезена во раскрсницата од правец од соборна према државна.
Ова додатно ме изнервира, претходната дешавка ме изнервира тој со свифтот, а ова вторава самиот на себе се изнервирав.