Ми се погоди денов денес.
Прво кај Зоолошка се избрзав да ослободам паркинг место за кола со семесјтво со мали дечиња (а пред зоолошка на пладне - катанга). На брзање, го застружив браникот во соседната кола. Среќа, не беше ништо посериозно, повеќе мојата боја откулку неговиот браник.
Подоцна, се враќам со девојче од Скопска Црна Гора вечерва, фантастичен ден.... ни гужви, ни сообраќај (е, да, ама калдрма за кршење камен во бубрег) и застанувам кај неа пред зграда, еден со Акорд речиси да влета во мене, а јас прописно застанат, четири жмигавци and all. Овој свири нешто и си викам, ај ќе се преместам, ваљда му блокирам паркинг место или нешто...
Излегува типов и почнува да јаде трици, а го гледам-едвај стои на нозе, пијан-мортус... се обидувам да се објаснам пристојно, овој пцуе нешто, излегол од кола, ќе ме тепал, ќе ме фрлел во Прилеп сосе кола (прилепски ми се таблиците).
Го испратив со поглед девојчето до влез и широко заобиколување...
All in all...