Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3845619 пати)

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Koга леташ со 65кмч, така е.


Смејте се ама во Осло има места каде се вози 30 km/h.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
И во Мариово има места каде се вози 30 км/ч

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
од 1:10 гледајте како треба да си слави втор роденден

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Избегнувајте Центар ако можете попладнево, пред Влада (блокирана Илинденска од мост до раскрсницата со бул. Климент Охридски) има некаков протест изгледа, има колони од НУБ до Соборна и по Илинденска до Парк.

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Strasna soobrakjajka na prvomajska pred pss vo usje... Dvajca na motori i berlingo... Edniot tesko povreden drugiot vo koma


Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
И во Мариово има места каде се вози 30 км/ч

Vasil:Точно така  и тој што не ги знае тие кривини и тие успони ќе ја прегреј колата.:)


Edit:Овој со шлеперо мислам дека има изгубено контрола...:)
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Пречекорена брзина,лошо натоварен,џукела на патот,грч на рака или нога.....до кога ќе погодуваме? :)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7106
Возел под ограничувањата и господ морало тоа да го казни оти е погрешно што го прави.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
44 годишен неготинчанец заработил тешки повреди во сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 20:30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа „Нептун“.

- С.А.(44) од Неготино се здобил со повреди на главата и телото, а неговото патничко возило „Дачија логан“ со прилепски регистарски таблички целосно изгорело по сообраќајната несреќа што вчера околу 20 часот и 30 минути се случила на автопатот Гостивар-Тетово во близина на бензинската пумпа Нептун, вели портпаролот тетовската полиција, Марјан Јосифовски, пренесува ИА.

Според информациите од тетовската полиција, најпрво пукнала една автомобилска гума па возачот загубил контрола врз возилото кое излетало од патот, се превртело, запалило и многу брзо целосно изгорело. Неготинчанецот успеал да се извлече од возилото и со повреди на главата и телото бил префрлен во тетовската клиничка болница. С.А е во стабилна здравствена состојба.

- По овластување на јавниот обвинител екипа на СВР Тетово извршила увид на местото од несреќата и според првичните информации пожарот во автомобилот го предизвикал монтиран плински уред што при превртувањето експлодирал, истакна Јосифовски.

Црна Хроника
19.02.2014 - 09:17

Нели бе плинските уреди беа беспрекорно безбедни? Сега информацијава е некомплетна пошто не кажуваат дали станува збор за атестиран плински уред или некој диво вграден но мислам дека е некој од атестираните.
Го пишувам ова пошто и јас имам монтирано плински уред а сум со две мали деца па некако ова сега ми ја наежи кожата а да не зборам што често ја возам оваа релација пошто сум од Гостивар.
Можеби плимонт треба да ни пообјаснат убаво околу ваквите ситуации.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер

Aко гледаш така и крстените деца се подобри ученици од некрстените. А и не мирисаат на куче. Односно Рекла-Казала. Си постојат тестови за се.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30615
    • CARclub.mk
Јас би идел на варијанта дека монтажата не била како што треба, не дека плинскиот систем е небезбеден.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7237
Или неодржуван ... се си има век на траење.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Абе и мене тоа ми е чудно, @Дени го имам гледано видеото и би требало да е така но еве што се случило!
И јас се сомневам во монтирањето на плинскиот уред но затоа пишав дали бил атестиран или не.
Од друга страна, сите знаете како поминуваат во последно време атестите.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Немало сигурносен вентил за блокирање кај боцата ете тоа се случило.