Два месеци и четири дена како ништо не е чепнато на колата. Се осеќам ко да возам Toyota, не Alfa, во 11,000 километри шо ги поминав од летото, само еднаш сум имал посериозен проблем, ради гареж во клапната.
On another note, се нервирав одреден период со фаровите. Иако Philips LED-от беа драматично подобри од старите, пак имав dark spots на одредени места, линијата за cut off не беше баш убаво дефинирана и имаше отсјај над истата, па одвреме навреме знаеја и да ми аблендираат. Ретко, ама ме иритираше, а знам дека фаровите беа прописно нивелирани на технички.
Се помислив за xenon во истите лупи, пред да се расчитам по форуми и да сфатам дека фабричките лупи и не се баш најдобри, дури и да се во одлична состојба (а мојата десна не беше).
На крај го исконтактирав дечкото од CarProDetailing, договоривме монтажа на H7 xenon кит и промена на лупите со нови H7 bi-xenon лупи. Ја оставив вчера сабајлето колата кај него, после некој саат ми се јави и ми кажа дека случајно во магацин начекал D2S bi-xenon лупи и xenon кит, па се предоговоривме да ги наместит нив, со доплата од моја страна над договорената цена. Причината ми беше шо H7 xenon сијалички, лесно достапни, имат само од кинезиве, или евентуално да се позамарам за Morimoto. D2S е веќе OEM опција, имам сијалици колку сакам од Philips и Osram, локално достапни и по релативно океј цени.
Вчера вечерта ја зедов колата, свртев еден круг, и морам да кажам дека сум импресиониран. Cut-off линијата е жилет оштра, под неа снопот е многу убаво исполнет, без флеки, без дупки, без ништо. Висински, во возење линијата е околу таблицата на други коли и сум потполно сигурен дека светлата не сметаат на никој. Чисто за споредба, подолу две фотографии, каков беше снопот на зид со старите Philips LED сијалички, и каков е истиот сега. Еве и видео од возење во потполна темница.
Останвит да ги повозам некое време и да видам дали ќе имам проблеми со кондензација и слично, бидејќи сепак двата фара беа комплетно отворени па затворени.
За да не јадам линч ко на други теми, промената беше договорена на 18,000 денари, на крај излезе 22,000 денари со D2S варијантата. Со оглед на то дека ОЕМ фарови со xenon лупи се околу 1,000 евра парче, па згора на тоа сијалици и баласти, мислам дека не е страшно.
Утре е на ред мал сервис во сервис Илија (масло, филтер, филтер за кабина), и нешто ситно да се средит од подвозје, и да се напрајт компјутерска дијагностика на проблемот со климата. Зимава за среќа е заглавена на дување топло, па не е страшно (да не ја заречам), ама сакам да ја решам.