Многу глупа споредба се прави со тоа дали се исплати или не, колку е стара колата итн.. Светлата се буквално една од најважните работи за да функционираш во сообраќај, заедно со гуми и кочници, пред се од поглед на безбедност па се друго. Личната сатисфакција е само плус бенефит.
Да живееме во нормална држава, 80% од колите нема технички да пројдат кога се работи за светла. Скоро сите постари коли со проектори имаат изгорени лупи и буквално немаат никакво осветлување. Полоши се само тјунерите што ставаат лед во обичен фар и зракот е распрскан насекаде, свети сегде освен таму кај што треба.
Како што пишав и ја во мојата тема, светлата се подесени прецизно и до сега буквално никој ми нема блинднато овие 2 месеци, дали било низ град,регионален пат, автопат... Не знам од кај ви е тој уплав и логика дека јаки светла што се правилно подесени би сметале на некој(ваљда од тјунериве што ги спомнав ама нема никаква споредба со такво нешто). Па сеа cut-off дали било по ЕУ стандарди, па не знам што. Смешно е да се навлага толку.
Е сега да, можеби има поефтини варијатни, како промена само на лупи од Алиекспрес, или хромирање на лупи ама good luck со тоа кај нас. Јас не успеав да најдам вакво нешто, иако тоа ми беше првичниот план. Имав прашувано неколку пати и тука и на ФБ ама тоа беше голгота
. Најблиску е Србија, на кој му се замара нека повели.
Кога би била поголема конкуренцијата кај нас за оваа работа сигурно и цените нема да бидат вакви. Ама кој пазар сме ние...кога нема кој да ги прави, ќе си наплаќаат колку сакаат јбг. Јас од светлата сум задоволен 100%, од начинот на монтажа, барем кај мене, можело да се посвети малце повеќе внимание, ама тоа е што е. Реалноста е таа кај нас, и 1000 евра да платиш, пак ќе фали некоја ситница.
Клучниот момент беше последен пат кога возев по дожд, на автопат, и сфатив колку е уствари небезбедно.. како што и веќе кажа
@MAPJAH .. ми прекипа и буквално не ги жалам парите и 50 години да е стара колата
.